TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неуспешен атентат врз бизнисмен

Дневник - 05.05.2007

Непознат пиштолџија пукал во скопски бизнисмен, но му го изрешетал само автомобилот, вчера десетина минути по полноќ, во центарот на Скопје. По инцидентот напаѓачот избегал. Нападот се случил на булеварот Климент Охридски пред бифето „Хавана“, кога скопјанецот Павле Пајмакоски (39) бил во својот ...

Обид за убиство на бизнисмен во центарот на Скопје

Утрински - 05.05.2007

Пет куршуми од оружје завршија во автомобилот на скопскиот бизнисмен Павле Пајмаковски (39) во центарот на Скопје. Непознат сторител со пиштол и со автоматско оружје се обидел да го убие Паjмаковски во моментот кога тој влегувал во својот „масерати“, информираат во МВР.

Пукано во газдата на "Машинопромет"

Вечер Прес - 05.05.2007

Непознато лице, вчераноќ, пукало кон скопјанецот Павле Пајмаковски (39), еден од газдите на "Машинопромет". Скопјанецот минал без повреди, а куршумите кои најверојатно му биле наменети нему завршиле во неговиот автомобил "масерати".

Обид за убиство на бизнисменот Павле Пајмаковски

А1 - 04.05.2007

Обид за убиство на бизнисменот Павле Пајмаковски. Ноќеска нешто по полноќ се уште непознато лице со пиштол пукало кон Пајмаковски кога тој влегувал во својот автомобил „Масерати“, паркиран на булеварот „Климент Охридски“. Со пет куршуми било оштетено возилото, а Пајмаковски поминал без повреди.

Нов напад врз Павле Пајмаковски

Канал5 - 04.05.2007

Нов напад врз Павле Пајмаковски. Напаѓачите со огнено оружје пукале во неговото возило. Нападот се случил на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, непосредно пред таверната Хавана, каде според соседите, Пајмаковски бил чест гостин. Нов напад врз Павле Пајмаковски.