TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пораките на Буш од Тирана беа очекувани

А1 - 10.06.2007

Очекувано, ова е оценката на аналитичарите за пораките на Буш до премиерите на Јадранската група. Двајца екс министри за надворешни работи Малески и Чашуле во изјавите за А1 велат, после ова на Македонија и преостанува сама да си ја заврши работата.

Груевски: Буш ни даде силна поддршка за во НАТО

А1 - 10.06.2007

Буш силно го поддржува членството на трите земји од Јадранската група во НАТО, изјавија на прес-конференцијата по средбата со Буш македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот хрватски колега Иво Санадер. „Ова беше историски настан не за трите земји, туку за цел регион.

Џорџ Буш пристигна во Албанија

А1 - 10.06.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш и неговата сопруга Лаура изутрината пристигнаа во Албанија. Тој слета на аеродромот „Мајка Тереза“ во Ринаси со авионот „Аир Форс 1“, а го дочекаа шефот на албанската дипломатија и амбасадорите на САД во Тирана и на Албанија во Вашингтон.

Буш се сретна со премиерите на Македонија, Албанија и Хрватска

А1 - 10.06.2007

Господ да ги благослови македонската, албанската и хрватската нација, им порача американскиот претседател Џорџ Буш на тројцата премиери на земјите членки на Јадранската група во Тирана. И покрај тоа што денеска во Тирана не се случи најавата дека Буш ќе објави сигурен влез на трите земји во НАТО, ...

Средба на премиерите на Македонија, Албанија и Хрватска со американскиот претседател Џорџ Буш

Канал5 - 10.06.2007

Албанската полиција, пред денешното доаѓање на американскиот претседател Буш во Тирана зазема позиции на секои 50 метри на улиците во Тирана, а плоштадите во градот ги чуваат снајперисти распоредени по околните објекти, јави известувачот на МИА од Тирана.

Албанија подготвена за пречек на Буш

А1 - 09.06.2007

Албанија е подготвена за достоинствен пречек на американскиот претседател Џорџ Буш. Накитена, но и блокирана, Тирана пулсира забрзано, завршувајќи ги финалните финеси за утрешниот ден. Насекаде албански и американски знамиња, пароли на кои се испишани поврзаноста на Албанците со САД, најголемиот ...

Буш се сретна со Бенедикт 16-ти

А1 - 09.06.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Ватикан оствари получасовна средба со папата Бенедикт 16-ти кого го известил дека Самитот на Г-8, одржан во Германија бил успешен. Буш по повод самитот на осумте економски најразвиени земји што се одржа во Хајлигендам, Германија, го информирал Папата ...

Русија сака штит во Азербејџан,наместо во Полска и во Чешка

Дневник - 09.06.2007

И ВО ЧЕШКА Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и САД заеднички да користат радарски систем во Азербејџан за да ја заштитат Европа од евентуален напад со проектили од непријателски земји на Блискиот Исток. Заедничкиот систем би бил алтернатива на поставување на елементи од ...

САД и Русија се договорија за ракетниот штит

Време - 09.06.2007

САМИТ Г8 ВО ГЕРМАНИЈА САД и Русија постигнаа договор за соработка при поставувањето противракетен штит со кој ќе може да се уриваат проектили лансирани кон Европа. Компромисот меѓу двете земји предвидува во противракетниот систем да се користи ракетна станица што Русија ја држи во соседната ...

Буш доби улица во Тирана

Дневник - 09.06.2007

Два дена пред пристигнувањето во Тирана, американскиот претседател Џорџ Буш доби своја улица во албанската метропола . Советот на Општината одлучи улицата „Работници на преродбата“ да биде преименувана во „Џорџ Буш“. Буш во Тирана треба да пристигне в недела во 9.30 часот.

Советскиот радар „десерт“ за Путин и за Буш

Утрински - 09.06.2007

Предлогот на Путин Русија и САД заедно да го користат радарот во Азербејџан беше сензација на самитот на Г-8 Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Предлогот на Путин за „другарот Буш“ на самитот на Г-8 во Хајлигендам заедно да ја користат радарската станица Габалинск, која се наоѓа во ...

Добар сигнал за Јадранската група што не смее да се изигра – анализа за пораките од Буш

Канал5 - 09.06.2007

Џорџ Буш во Тирана нема да ја соопшти конечната одлука – добиваме ли покана за членство во НАТО на наредниот самит во Букурешт – прогнозираат експертите кои ги консултираше Канал 5. Џорџ Буш во Тирана нема да ја соопшти конечната одлука добиваме ли покана за членство во НАТО на наредниот самит во ...

Путин од Буш ќе бара нови преговори за Косово

Макфакс - 09.06.2007

Москва Продолжување на преговорите за Косово ќе бара рускиот претседател Владимир Путин на претстојната средба со неговиот американски колега Џорџ Буш, соопштија извори во Москва. „Нашата цел е да ја искористиме шансата која и натаму постои во Советот за безбедност на ОН да се обноват преговорите ...

Улица и поштенска марка во чест на Буш во Албанија

Макфакс - 09.06.2007

Тирана Една од главните улици во Тирана која што поминува покрај зградата на албанското Собрание ќе го носи името на американскиот претседател Џорџ Буш. Ваква одлука, како што јавува дописникот на Макфакс, синоќа едногласно прифатиле советниците и од власта и од опозицијата во Советот на градот ...

Буш во посета на Италија-најавени протести

Макфакс - 09.06.2007

Рим Американскиот претседател Џорџ Буш, во рамки на европската турнеја, денеска ќе се сретне со папата Бенедикт XVI и со италијанскиот државен врв. Според најавите, Буш ќе ја посети Базиликата на Света Марија во Трастевере и ќе учествува во панел дискусија во блиското седиште на римокатоличката ...

Буш се сретна со папата Бенедикт XVI

Макфакс - 09.06.2007

Ватикан Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Ватикан оствари получасовна средба со папата Бенедикт XVI кого го известил дека Самитот на Г8, одржан во Германија бил успешен. Буш по повод самитот на осумте економски накразвиени земји што се одржа во Хајлигендам, Германија, го информирал ...

Русија ги предупреди САД за противракетниот штит

Макфакс - 09.06.2007

Москва Соединетите Американски држави (САД) треба да го стопираат поставувањето на противракетен штит во централна Европа и да продолжат со преговори. Вакво предупредување упати денеска до Вашингтон шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Буш именуваше нов командант на Здружената команда

Макфакс - 09.06.2007

Вашингтон Адмиралот Мајк Мулен синоќа е именуван за нов командант на Здружената команда на вооружените сили на САД од страна на американскиот претседател Џорџ Буш. Во рамки на пригодната свеченост одржана во Белата куќа, Буш ги нагласи „искуството и високата квалификација“ на адмиралот Мулен, но и ...

Буш: Преговорите за Косово треба да продолжат

Макфакс - 09.06.2007

Рим Меѓународните преговори за постигнување согласност по планот на набљудувана независност на Косово треба да продолжат. Ова денеска во Рим го изјавил американскиот претседател Џорџ Буш на средбите со италијанскиот државен врв во рамки на европската турнеја.

Вонредни безбедносни мерки во пресрет на посетата на Буш во Албанија

Макфакс - 09.06.2007

Тирана Блокада на главните патни правци кои водат кон Тирана се дел од мерките за безбедност што албанската полиција ги презема во пресрет на утрешната посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Албанија. Како што јави дописникот на Макфакс, во рамки на безбедносните мерки, кои што на сила ќе ...

Сенатот го спречи Буш да ги легализира имигрантите

Макфакс - 09.06.2007

Вашингтон Американскиот Сенат одби да гласа за предлог законот за имиграциона реформа, предложен од претседателот Џорџ Буш, а таквата одлука се оценува како сериозен неуспех на Белата куќа, пренесуваат агенциите. Поразот на Буш е уште поголем поради фактот дека за него е одговорна Републиканската ...

Протести во Софија пред посетата на Буш

Макфакс - 09.06.2007

Софија Околу 200 пацифисти протестираа денеска во центарот на Софија спроти посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Бугарија. Демонстрантите, млади националисти или членови на мали групи на левицата, со транспаренти се движеа по авенијата во центарот на Ссофија неколку часа пред тој дел ...

Буш не прелета

Вечер Прес - 09.06.2007

Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ Американскиот претседател Џорџ Буш само ја прелета Македонија меѓу две официјални посети на нашите соседи Бугарија и Албанија. Многумина овде се разочарани зошто тој не дошол и кај нас. Да бидам искрен јас се радувам што испадна вака и мислам дека е добра вест што Буш само ...

Груевски ќе се сретне со Буш

Вечер Прес - 09.06.2007

Премиерот Никола Груевски утре ќе има средба со американскиот претседател Џорџ Буш во Тирана. На средбата ќе присуствуваат и премиерите на Албанија и Хрватска, Сали Бериша и Иво Санадер. Според најавите, главна тема на разговорите ќе биде идното членство на трите земји во НАТО.

Не треба да се очекуваат чуда од посетата на Буш на Тирана

А1 - 08.06.2007

И покрај стравот на грчките медиуми дека американскиот претседател Буш задутре во Тирана ќе најави сигурен влез во НАТО за Македонија, Хрватска, Албанија, и македонски дипломатски извори за А1 велат дека на 10 јуни не треба да се очекуваат чуда во албанската престолнина.

Буш со стамачни проблеми на последниот ден од самитот на Г-8

Канал5 - 08.06.2007

Поради болки во стомакот американскиот претседател Џорџ Буш не ја напушта својата соба во хотелот каде имаше средба со францускиот претседател Никола Саркози. Хајлигендам, 8 јуни (МИА) Поради болки во стомакот американскиот претседател Џорџ Буш не ја напушта својата соба во хотелот каде имаше ...

Македонија ќе бара од Буш охрабрување да го истрча последниот круг за НАТО

Утрински - 08.06.2007

Во Тирана ќе се разговара за реформите во земјите од Јадранската група и особено затворањето на косовското прашање ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Реформите во земјите од Јадранската група, проширувањето на НАТО и стабилноста на регионот, особено затворањето на прашањето за Косово, ќе бидат темите на кои ...

Средбата Буш - Путин поважна од глобалното затоплување

Време - 08.06.2007

ПРОДОЛЖУВА САМИТОТ НА НАЈРАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ Американскиот претседател Џорџ В. Буш и рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретнаа во Хајлингедам, каде што се одржува самитот на Г-8, на шефовите на држави на седумте најразвиени индустриски земји и Русија.

Уапсен македонски државјанин поради закани против Џорџ Буш

Утрински - 08.06.2007

Софија - Македонски државјанин бил уапсен во Бугарија поради упатени закани поврзани со претстојната посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Софија, соопшти бугарскиот министер за внатрешни работи Румен Петков. „Заканите биле упатени преку Интернет“, изјави министерот.

Уапсен Македонец во Бугарија поради закани за Буш

Дневник - 08.06.2007

Македонски државјанин бил уапсен во Бугарија поради закани упатени пред претстојната посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Софија, соопшти вчера бугарскиот министер за внатрешни работи, Румен Петков . - Заканите беа упатени преку интернет - изјави Петков и одби да коментира колку ...

Грција ќе не' штити од нуклеарките на Иран

Вечер Прес - 08.06.2007

Една од причините поради што Грција експресно го прифатила барањето на САД за поставување на ракетите на нејзина територија, според изворите, била и оценката на грчката дипломатија дека на тој начин повторно ќе ги затоплат односите со САД, кои им се нарушени откако американскиот претседател Џорџ ...

Уапсен македонски студент во Бугарија оти му се заканувал на Буш

А1 - 07.06.2007

Македонски студент на Медицинскиот факултет во бугарскиот град Стара Загора бил уапсен поради закани упатени кон американскиот претседател Џорџ Буш. Македонскиот државјанин, на почетокот на овој месец, преку интернет тврдел дека за време на посетата на американскиот претседател на Бугарија на 10 и ...

Почна работниот дел на самитот на Г-8

А1 - 07.06.2007

Самитот денеска мина во знак на на средбата меѓу Буш и Путин. Двајцата лидери пред средбата не ги крие разликите по клучната тема за нив, американскиот план за поставување на нов противракетниот штит во Европа. „Се надевам дека ќе разјасниме дека не сме непријатели, дека не мислиме ништо лошо, само ...

Буш ќе работи со Меркел на договор за климатските промени

Вест - 07.06.2007

ХАЈЛИГЕНДАМ, Германија, 7 јуни (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера рече дека сака да работи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел на пост-Кјото договор за климатските промени. Буш рече дека и рекол на Меркел дека има "силна желба да работи со неа на пост-кјотовски договор за ...

Тирана претесна за симпатизерите на Буш

Дневник - 07.06.2007

Дури 61 отсто од вкупно 1.300 испитаници во Тирана, Валона, Драч и Скадар се изјасниле дека САД се најголемите заштитници на интересите на албанскиот народ Албанците со големо нетрпение го очекуваат гостувањето на Џорџ Буш, лидерот на земјата што ја сметаат за најголем заштитник на интересите на ...

Буш му ветил брзо решение на Сурои

Утрински - 07.06.2007

ПРИШТИНА - Американскиот претседател Џорџ Буш во вторникот се сретна со висок албански лидер од Косово, додека Вашингтон се обидува во најкус можен рок да издејствува гласање во ОН за обидот на покраината да добие независност од Србија.

Расправа за демократијата и за ракетите

Време - 07.06.2007

ПОЧНА САМИТОТ НА Г8 ВО ГЕРМАНИЈА Во Хеилигендам, германско одморалиште на брегот на Балтичко Море, вчера почна тридневниот самит на шефовите на држави-членки на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот и Русија(Г8), на која главни теми се очекува да бидат климатските промени и тензиите ...

Самит Г-8: Нова студена војна

Време - 07.06.2007

М-р Зоран Нечев Оваа година, 33-тиот состанок на лидерите на осумте најразвиени земји (самитот на Г-8) се одржува во германското летувалиште Хајлигендам на брегот на Балтичко Море. Сликата на идилично крајбрежно место е заменета со сликата на високо обезбедуван, но истовремено и луксузен „затвор“, ...

САД не се согласуваат со целите на Г-8

Утрински - 07.06.2007

Вашингтон соопшти дека нема да се согласи со целите за надминување на климатските промени ХАЈЛИГЕНДАМ - Вашингтон соопшти дека нема да се согласи со целите за надминување на климатските промени на самитот на Г- 8 во Германија, кој веќе е засенет од спорот околу американскиот одбранбен ракетен штит.

Буш не ги убеди Чесите да го прифатат американскиот антиракетен систем

Макфакс - 07.06.2007

Прага Американскиот претседател Џорџ Буш не успеал да ги убеди Чесите да го прифатат поставувањето на американскиот антиракетен систем во Европа. Ова го покажуваат најновите анкети во Чешка, според кои 53 отсто од испитаниците сметаат дека посетата на Буш ни малку не придонела за намалување на ...

Уапсен македонски студент во Бугарија за закани кон Буш

Макфакс - 07.06.2007

Софија Македонски студент на Медицинскиот факултет во бугарскиот град Стара Загора е уапсен поради упатени закани кон американскиот претседател Џорџ Буш, спроти посетата на регионот. Заканите се во врска со претстојната посета на Буш на Албанија и Бугарија, на 10 и 11 јуни.

Русија предложи алтернативна верзија на системот за ПРО

Макфакс - 07.06.2007

Берлин Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на американскиот колега Џорџ Буш алтернативна варијанта за американскиот систем за противракетна одбрана во Европа. Наместо инсталирање радари и ракети пресретнувачи во Чешка и Полска, заканата од балистички ракети, лансирани од страна на ...

Буш:Блер не е моја пудличка

Макфакс - 07.06.2007

Лондон Американскиот претседател Џорџ Буш му оддаде признание на својот сојузник, британскиот премиер Тони Блер и им се спротивстави на критичарите кои за Блер тврдат дека е „пудличка на Буш“. „Слушнав дека го нарекуваат пудличка на Буш. Но тој е поголем од неа.

Без блокада на мобилните телефони за време на посетата на Буш на Албанија

Макфакс - 07.06.2007

Тирана Мобилните телефони за време на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Тирана во недела ќе работат непрекинато и непречено. Ова, како што јави дописникот на Макфакс, денеска го соопштија официјални владини извори на Албанија и американски претставници.

Буш притиснат да се справи со климатските промени

Утрински - 06.06.2007

Триесет и пет богати земји се обврзани до 2008-2012 година да ги намалат емисиите на гас на пет проценти под нивото од 1990 БЕРЛИН - Високи официјални лица од Европа, Обединетите нации и земјите од Г-8 во понеделникот извршија притисок врз американскиот претседател Џорџ Буш да ги поддржи напорите ...

Џорџ Буш_ Русите да не стравуваат од противракетниот штит

Утрински - 06.06.2007

НАТО и САД ги оценија забелешките на Путин како „некорисни“ ПРАГА-БРИСЕЛ – Русија не е непријател на САД и нема потреба да стравува од американскиот антиракетен штит, изјави вчера американскиот претседател Џорџ Буш по разговорите со чешките лидери во Прага.

Буш: Русија не е непријател на САД

Вест - 06.06.2007

Прага, 6 јуни - Русија не е непријател на САД и нема потреба да стравува од американскиот антиракетен штит, изјави вчера американскиот претседател Џорџ Буш по разговарите со чешките лидери во Прага. Прага, 6 јуни - Русија не е непријател на САД и нема потреба да стравува од американскиот ...

Сурои: Буш бара поскоро усвојување на резолуцијата за Косово

Канал5 - 06.06.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Прага се сретна со лидерот на косовската партија „Ора“ Ветон Сурои при што разговараа за напорите Косово да добие независност, се наведува во соопштението на „Ора“. Приштина, 6 јуни (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Прага се сретна со ...

Москва не треба да се плаши

Дневник - 06.06.2007

Планот на САД да изградат во Полска и во Чешка систем за пресретнување проектили истрелани од непријателски земји во Европа е чисто одбранбен и не е насочен против Русија, изјави вчера во Прага американскиот претседател Џорџ Буш.

Самит во нуклеарна сенка

Време - 06.06.2007

ДЕНЕС ПОЧНУВА САМИТОТ Г8 ВО ГЕРМАНИЈА Германија се подготвува за нервозниот самит на осумте најразвиени индустриски земји во светот, кој денес почнува под знакот на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ги насочи руските нуклеарни проектили кон Европа.

Џорџ Буш постариот се одмора во Грција

Утрински - 06.06.2007

Атина – Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го почна еднонеделниот одмор во Грција, при што ќе ги посети островите во северниот дел на Егејско Mоре и манастирскиот комплекс „Света Гора“ на Атос, крај Солун. Џорџ Буш постариот е придружуван од синот Џеб – поранешен гувернер на Флорида и од ...

Сурои - Србија и Русија сакаат да го замрзнат косовското прашање

Макфакс - 06.06.2007

Приштина/Прага Намерата на Србија, со поддршка од Русија, е Косово да стане „замрзнат конфликт“, изјави членот на приштинскиот преговарачки тим Ветон Сурои. Тој, како што пренесуваат белградските медиуми, ова го соопштил по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, синоќа во Прага.

ЕУ со Путин, а контра Буш?!

Вечер Прес - 06.06.2007

Прашањето за климатските промени кое ќе биде една од главните теми на Самитот, се смета за многу сериозно и не е исклучено Европската унија во тој домен да се одлучи за соработка со Путин, зашто Буш веќе ја "минираше" таа тема со свое "решение" Шефовите на држави или влади на членките на Групата ...

Можно фијаско на самитот на Г-8 поради американско-руските односи

А1 - 05.06.2007

И пред да почне, самитот на осумте најразвиени земји се најде во длабока сенка на најголемото заострување на американско-руските односи од крајот на Студената војна. Планот на американскиот претседател Џорџ Буш да изгради антиракетен штит во Чешка и Полска наиде на жесток одговор на Русија.

Џорџ Буш постариот се одмора во Грција

А1 - 05.06.2007

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш започна еднонеделен одмор во Грција, при ќе ги посети островите во северниот дел на Егејското море и манастирскиот комплекс Атос, крај Солун. Џорџ Буш постариот е придружуван од синот Џеб, поранешен гувернер на Флорида и околу 20 луѓе.

Русија и САД мавтаат со ракети

Време - 05.06.2007

ПРЕД САМИТОТ Г8 ВО ГЕРМАНИЈА Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги насочи своите нуклеарни проектили кон Европа доколку САД продолжат со планот за изградба на штит што ќе може да ги урива непријателските ракети.

Буш не носи гаранција за членство во НАТО

Дневник - 05.06.2007

Претседателот на САД ќе ги потсети премиерите на Македонија, Албанија и на Хрватска што уште треба да направат за да може да очекуваат покана во Букурешт Македонија од американскиот претседател Џорџ Буш во Тирана не може да очекува повеќе од потврда на поддршката за проширување на НАТО, бидејќи во ...

Остра критика од Буш за застој на демократијата во Русија и Кина

Макфакс - 05.06.2007

Прага Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Прага енергично го искритикува „застојот на демократијата“ во Русија и Кина. Тој оцени дека „реформите во Русија се девалвирани, додека Кина упорно одбива политички да се отвори“.

Војската на САД одговорна за безбедносните мерки во Албанија

Макфакс - 05.06.2007

Тирана Албанската Влада ги стави на располагање своите пристаништа и аеродроми на американската војска за време на претстојната посета на претседателот на САД Џорџ Буш, и покрај противењето на опозицијата. Американската војска, во рамки на безбедносните мерки, ќе биде слободна да примени и сила кон ...

Џорџ Буш постариот се одмора во Грција

Макфакс - 05.06.2007

Атина Поранешниот американски претседател Џорџ Буш започна еднонеделен одмор во Грција, при ќе ги посети островите во северниот дел на Егејското море и манастирскиот комплекс Атос, крај Солун. Џорџ Буш постариот е придружуван од синот Џеб – поранешен гувернер на Флорида, и околу 20 луѓе.

Буш наскоро ќе даде рок за независност на Косово?

Макфакс - 05.06.2007

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш наскоро ќе даде рок за прогласување независност на Косово, јавија попладнево светските гласила. Буш наскоро ќе постави рок за независност, доколку во Обединетите нации (ОН) не се постигне договор со Русија за косовското прашање, се наведува во извештаите.

Буш - Русија не треба да стравува од ракетниот штит

Макфакс - 05.06.2007

Прага Американскиот план за инсталирање на делови од својот ракетен штит во Чешка и Полска е целосно одбранбена мерка, која со ништо не е вперена против Русија. Ова го изјави американскиот претседател Џорџ Буш по средбите со својот чешки колега Вацлав Калус и премиерот Мирек Тополанек, денеска во ...

Буш ќе го спроведе планот на Ахтисари

Време - 04.06.2007

НАЈАВА ПРЕД ПОСЕТАТА НА ТИРАНА Американскиот претседател Џорџ В. Буш изјави дека планот на Марти Ахтисари за Косово, со кој се предвидува областа да добие надгледувана независност, е исправен и дека САД ќе го спроведуваат, јави албанската телевизија „Визион плус“.

Буш пристигна во посета на Чешка

Макфакс - 04.06.2007

Прага Американскиот претседател Џорџ Буш денеска пристигна во официјална посета на Чешка каде лично ќе лобира за поставување на елементи од противракетната одрбрана (ПРО) на САД во близина на Прага. Според најавите, Буш треба да оствари средби со државниот врв на Чешка.

Буш ја почнува посетата на Европа

Макфакс - 04.06.2007

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ја започна осумдневната европска турнеја во чии рамки ќе учествува на Самитот Г-8 во Германија, а ќе ги посети и Чешка, Полска, Италија, Албанија и Бугарија. Европската турнеја на Буш започнува со дводневна посета на Чешка, а во текот на ...

Посетата на Буш - историска!

Вечер Прес - 04.06.2007

"Албанскиот народ има Влада која не ја заслужува. Посетата на Буш потврдува дека Албанија заслужува повеќе", истакна во интервјуто познатиот албански писател Познатиот албански писател Исмаил Кадаре ја оцени како историска посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Албанија, јави дописникот ...