TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Птичји грип и во Словенија

А1 - 12.02.2006

Словенија испратила на испитување во референтната лабораторија во Велика Британија примероци од лебед кај кој е откриен вирусот Х5 на птичји грип, соопшти денеска Европската комисија. Резултатите од анализите во Вејбриџ ќе потврдат дали се работи за високо патогениот поттип на вирусот на птичјиот ...

Нема засилена контрола на границите поради птичјиот грип

А1 - 12.02.2006

Со значително намалена фреквенција на возила и патници и без видливо спроведување на дополнителни мерки за заштита. Вака денеска беше на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница, иако смртоносната болест е на воздушна оддалеченост од само 80 километри, од Солун во Грција.

Силна контрола во грчките региони со птичји грип

А1 - 12.02.2006

Градот Солун и неговата околина, како и островот Скирос во Егејското Море каде беа потврдени случаи на птичји грип од патогената форма Х5Н1 и денеска се под силна контрола. Мерките препорачани од Европската комисија кои предвидуваат воспоставување на заштитна зона во радиус од три километри и зона ...

ЕУ со засилени мерки против птичјиот грип

А1 - 12.02.2006

ЕУ воведе задолжителен карантин во радиус од три километри околу местата со регистрирани случаи на птичји грип и зона на набљудување со радиус од 10 километри, за да се спречи ширењето на смртоносниот вирус кај луѓето, откако вчера во соседните Бугарија и Грција се потврдени првите случаи кај диви ...

Птичји грип и во Словенија во близина на границата со Австрија

Канал5 - 12.02.2006

Словенија испратила на испитување во референтната лабораторија во Велика Британија примероци од лебед кај кој е откриен вирусот Х5 на птичји грип, соопшти денеска Европската комисија. Брисел, 12 февруари (МИА) - Словенија испратила на испитување во референтната лабораторија во Велика Британија ...

Смртоносниот птичји грип потврден кај примерок од Бугарија

А1 - 11.02.2006

Европската комисија соопшти дека резултатите од анализите извршени во референтната лабараторија Вејбриџ во Велика Бритенија покажале присуство на силно патогенот вирус Х5Н1 во примерокот од дивиот лебед најден во регионот на бугарскиот град Видин.

Птичјиот грип и се доближува на Македонија

А1 - 11.02.2006

Птичјиот грип се поблиску до Македонија. Смртоносниот вирус Х5Н1 е идентификуван во соседните Грција и Бугарија. Болеста е откриена кај мртви лебеди во близината на Солун и на бугарскиот град Видин, на тромеѓето со Србија и Романија, потврди референтната британска лабораторија.

Птичјиот грип идентификуван и во Грција

А1 - 11.02.2006

Вирусот на птичји грип од типот Х5Н1, кој е потенцијално смртоносен за луѓето е идентификуван во примероците на мртви лебеди пронајдени минатата недела во околината на Солун. Ова денеска го соопшти грчкото министерство за земјоделство, презентирајќи ги резултатите од анализите извршени во ...

Во Италија потврден случај на птичји грип

А1 - 11.02.2006

Италијанскиот министер за здравство Франческо Стораче денеска соопшти дека двата диви лебеди, пронајдени на островот Сицилија, биле заразени со смртоносниот за луѓето вирус на птичји грип Х5Н1 и оти постојат сомненија за други болни птици.

Откриено жариште на птичји грип до границата со Бугарија

Дневник - 11.02.2006

ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ШИРИ ВО РОМАНИЈА Романските здравствени власти вчера потврдија дека во селото Сетат во областа Долј кај границата со Бугарија е откриено жариште на птичји грип, јави Ројтерс. - Тестовите покажаа дека живината е заразена со вирусот Х5.

Против птичјиот грип се браниме со летоци

Време - 11.02.2006

ОПАСНИОТ ВИРУС СЕ ШИРИ ВО СОСЕДСТВОТО Иако опасниот вирус на птичји грип се појави во Романија, Грција и во Бугарија и предизвика паника во овие земји, одговорните од Ветеринарната управа и во Министерството за здравство сметаат дека кај нас нема место за паника и во моментов единствено го ...

Птичјиот грип потврден и во Азербеџан

А1 - 10.02.2006

Специјализираната лабораторија во Лондон потврди дека во примероците од мртви птици пронајдени на бреговите на Каспиското езеро е откриен смртоносниот вирус на птичјиот грип Х5Н1, соопшти денеска азербејџанското Министерство за здравство.

Хоспитализирани Бугарки осомничени дека се болни од птичји грип

Дневник - 10.02.2006

епидемиЈата се шири низ светот Три жени од село во близина на бугарскиот град Врачански се ставени под постојан лекарски надзор, поради сомневање дека можеби се инфицирани со вирусот на птичјиот грип, јави МИА. Жените се грижеле за болен лебед што, од јато што ја прелетувало областа, слетал во ...

Во Романија регистрирано уште едно жариште на птичји грип

Канал5 - 10.02.2006

Во јужна Романија е регистрирано уште едно, 26 - то жариште на птичји грип, соопшти Националниот институт за ветеринарство. Букурешт, 10 февруари (МИА) - Во јужна Романија е регистрирано уште едно, 26 - то жариште на птичји грип, соопшти Националниот институт за ветеринарство.

Македонија пак ќе дели летки

Вест - 10.02.2006

ПТИЧЈИ ГРИП ВО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА Министерсвото за здравство ги зајакна мерките за претпазливост од птичји грип. Флаери испечатени во 100.000 примероци, наскоро ќе почне да ги дели по населението Птичјиот грип стигна до Бугарија и Грција, во Македонија се уште ја нема смртоносната болест, тврдат од ...

Птичји грип во Нигерија

Време - 10.02.2006

ПРВПАТ ВО АФРИКА Смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип бил откриен кај птици во Нигерија, што е прв случај на појава на смртоносниот вирус на африканскиот континент, јави новинската агенција АФП. Вирусот не бил регистриран кај луѓе, соопштила Светската здравствена организација (СЗО).

Смртоносниот вирус ја зарази и Африка

Дневник - 09.02.2006

ПТИЧЈИ ГРИП НА ТРи КОНТИНЕНТи Смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип е регистриран кај живина во северниот дел на Нигерија, соопшти Светската организација за заштита на животните (ОИЕ), јави Би-би-си. Ова е првпат досега смртоносниот вирус, од кој може да се инфицираат и луѓето, да биде забележан ...

Сомнителни случаи на птичји грип близу Катерини и Солун

Макфакс - 09.02.2006

Атина Грчкото министерство за земјоделство објави дека открило три лебеди, преселници, за кои се претпоставува дека се носители на птичјиот грип од видот Н5. Птиците се откриени на брегот на Катерини и во близината на Солун, изјави претставник на министерството за земјоделство.

Потврден вирусот на птичји грип и во Индија

Макфакс - 09.02.2006

Делхи Индиската лабораторија го потврди постоењето на вирусот Х5Н1 на птичјиот грип кај домашните птици во Индија, соопшти Анис Ахмед. претставник на индиската влада. Тој додаде дека во последните неколку дена умреле околу 50 илјади домашни птици. “Умреа 50 илјади домашни птици.

Хоспитализирани две жени заразени од птичји грип во Индонезија

Макфакс - 09.02.2006

Џакарта Две жени во Индонезија се хоспитализирани откако првите тестови покажаа дека се заразени со вирусот на птичји грип, соопшти денеска индонезиското Министерство за здравство. Претставникот на Министерството, Хариади Вибисоно изјави дека двете жени се на возраст од 27 и 22 години и се наоѓаат ...

„Бакстер“ произвела вакцина против Х5Н1

А1 - 08.02.2006

Американската фармацевтска компанија „Бакстер“ произведе вакцина против вирусот на птичји грип Х5Н1, меѓутоа се уште не открива никакви детали за тоа, објави денеска прашкиот весник „Лидове новини“. Според весникот, вакцината ја создале научниците во лабораторијата на „Бакстер“ во Австрија и таа во ...

Ново жариште на птичји грип во Кина

А1 - 08.02.2006

Кина денеска објави дека во државата е откриено ново жариште на птичји грип на една живинарска фарма во северната провинција Шанџи. Во тоа подрачје биле упатени специјални тимови кои уништиле 187.000 птици, поради што епидемијата е ставена под контрола, соопшти Министерството за земјоделство.

СЗО - нема опасност од Х5Н1 преку конзумирање живина

Макфакс - 08.02.2006

Женева Светската здравствена организација (СЗО), синоќа, потсети дека нема опасност од зараза со вирусот на Х5Н1 преку конзумирање на живина или “добро сварени јајца“. Според СЗО, и покрај тоа што Х5Н1 е многу заразен за живината, “не се пренесува лесно од човек на човек“.

Хоспитализирано лице во Бугарија под сомнение дека има птичји грип

Макфакс - 08.02.2006

Софија Едно лице, за кое постои сомневање дека има птичји грип, денеска е хоспитализирано во Бугарија, отакако две патки од неговиот имот починале од оваа болест. Хоспитализираниот е од селото Преславци, во јужниот дел на Бугарија, засега нема симптоми на болеста, но бил во контакт со пцовисаната ...

Кина пријави ново жариште на птичји грип

Макфакс - 08.02.2006

Пекинг Кина денеска пријави ново жариште на птичји грип на живинарска фарма во северната провинција Шанхи, но локалното Министерство за земјоделство тврди дека епидемијата е под контрола. Околу 15 илјади кокошки угинаа на фармата во градот Јиџинг, до 3.февруари, а синоќа беше потврдено дека ...

Откриени нови 20 мртви птици во региони во Бугарија

А1 - 07.02.2006

Нови 20 мртви птици беа откриени во регионите околу Шабленското и Дуранколашкото езеро во Бугарија. Како што соопштија синоќа експертите од Ветеринарниот институт во Варна, птиците најчесто се од видот „белочела водна кокошка“ и „мала белочела гуска“ и се дел од многубројните јата диви птици, кои ...

Откриени три диви лебеди заразени со птичји грип во Грција

Макфакс - 07.02.2006

Атина Три диви лебеди, носители на вирусот H5 на птичјиот грип се откриени во североисточниот дел на Грција, соопшти денеска портпаролот во грчкото Министерство за земјоделство. Според истиот извор, две заразени птици биле откриени во реонот на Родопите, а третата на полуостровот Халкидики.

Пронајдени нови 20 мртви птици во Бугарија

Макфакс - 07.02.2006

Софија Нови 20 мртви птици беа откриени во регионите околу Шабленското и Дуранколашкото езеро во Бугарија. Како што соопштија синоќа експертите од Ветеринарниот институт во Варна, птиците најчесто се од видот „белочела водна кокошка“ и „мала белочела гуска“ и се дел од многубројните јата диви ...

Грузија и официјално потврди присуство на птичји грип

Макфакс - 07.02.2006

Тбилиси Грузија, денеска, и официјално потврди присуство на смртоносниот вирус Х5Н1 кај дивите лебеди пронајдени на црноморското крајбрежје, во близина со границата со Турција, а претседателот Михаил Саакашвили прогласи вонредна состојба на ова подрачје.

Потврден е вториот случај на смрт од птичји грип во Ирак

Макфакс - 07.02.2006

Багдад Вториот случај на птичји грип во Ирак е потврден денеска – соопшти Светската здравствена организација. Ирачкиот граѓанин кој почина во јануари бил заразен со вирусот H5N1, се наведува во соопштението. СЗО наведува дека резултатите од пробите земени од други 14 лица во Ирак за кои постоеше ...

Постои опасност од заразување на луѓето со птичји грип во Романија

Макфакс - 07.02.2006

Букурешт Мисијата на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека постои опасност од заразување на луѓето со вирусот на птичји грип во Романија. “Откако во земјата веќе има 31 жариште на болеста, таа може во секој момент да се префрли врз луѓето“, изјави Гуенаел Родие, експерт од СЗО.

Мртвиот лебед најден во Франција немал птичји грип

Макфакс - 07.02.2006

Париз Мртвиот лебед, што беше откриен на магистралата во близина на градот Лион, во источниот дел на Франција, не починал од птичји грип, соопшти денеска француското Министерство за земјоделство. “Лебедот не бил заразен со вирусот на птичји грип“, изјави портпарол на Министерството, без да соопшти ...

Птичјиот грип се шири во Нигерија

Макфакс - 07.02.2006

Абуџа Нигериските власти денеска го потврдија постоењето на смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип во уште две држави во северниот дел на земјата. Новите погодени држави се Јобе и Насарауа, каде што болеста беше потврдена по анализите направени врз мртвите птици.

Во Бугарија откриен прв случај на птичји грип

Време - 06.02.2006

ВИРУСОТ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ Во Бугарија, на реката Дунав, во близината на градот Видин, бил пронајден мртов лебед за кој е потврдено дека бил инфициран од вирусот на птичји грип Х5, кој не е смртоносен за луѓето, јавуваат бугарските медиуми.

Мртвиот лебед во Охрид нема птичји грип – имал скршено крило

Макфакс - 06.02.2006

Скопје Угинатиот лебед на Охридското езеро нема птичји, грип - утврдиле првичните анализи на Факултетот за ветеринарна медицина. Ова го соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека според првичните информации од локалното население “станува збор за лебед кој ...

Над 140 милиони жртви во најлош случај на пандемија на птичји грип

Макфакс - 06.02.2006

Сиднеј Евентуална пандемија на птичји грип, во најлош случај, би предизвикала економски штети од 4,4 милијарди долари и би одзела 140 милиони жртви ширум светот. Ова се наведува во најновиот извештај на австралискиот Институт за меѓународна политика, кој предвидува можни четири сценарија - за ...

Починаа двајца Индонезијци, хоспитализирани со симптоми на птичји грип

Макфакс - 06.02.2006

Џакарта Двајца Индонезијци од Џакарта, кои вчера беа хоспитализирани со симптоми на птичји грип, починаа денеска, соопштија од Министерството за здравство во Индонезија. Петнаесетгодишното момче и дваесет и седумгодишниот маж, починале само неколку часа откако биле примени во болница.

Потврден смртоносниот вирус Х5Н1 кај лебедите во Германија

Макфакс - 06.02.2006

Берлин Мртвите лебеди откриени минатата недела во Северна Германија, се носители на смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип, потврди денеска германскиот министер за земјоделство Хорст Зехофер. “Германскиот институт за здравје на животните “Фридрих Лофлер“ официјално потврди дека станува збор за ...

Седум сомнителни случаи на птичји грип во Курдистан

Макфакс - 06.02.2006

Ербил Претставници на Светската здравствена организација (СЗО) денеска во курдистанскиот Ербил соопштија дека во овој ирачки регион во која лани умре 14 годишна девојка, има уште “седум случаи за кои се сомнева заболеност од птичји грип“.

Швајцарија го бележи првиот случај на птичји грип

Макфакс - 06.02.2006

Женева Швајцарија го забележи првиот случај на птичји грип, но потребно е дополнително тестирање за да се утврди дали станува збор за смртоносниот вид на вирусот Х5Н1, објави сојузната ветеринарна канцеларија. "Имаме прв случај на птичји грип. Тоа е вирусот Х5.