TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Без настава во село Црн Врв поради распаднатото училиште

Утрински - 20.09.2007

Учениците од основното училиште во селото Црн Врв заедно со своите наставници вчера наместо во училишните клупи беа на протест пред Министерството за образование. Учебната година, велат, воопшто не ја почнале бидејќи во дотраеното селско училиште нема никакви елементарни услови за нормално одвивање ...

Немаме ни клупи ни столчиња

Време - 20.09.2007

ПРОТЕСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЦРН ВРВ Учениците од подрачното основно училиште „Драга Стојановска“ во селото Црн Врв вчера протестираа пред Министерство за образование и побараа да им се овозможат услови за работа во објектот, каде што нема ниту клупи и столчиња, ниту пак врати и прозорци.

Протест поради руинирано училиште

Дневник - 20.09.2007

Истоварајќи искршена клупа, неколку столчиња и распаднато ќумбе пред зградата на Министерството за образование, стотина основци и родители од скопското село Црн Врв вчера го искажаа револтот од катастрофалните услови во селското училиште „Драга Стојановска“. - Училиштето се распаѓа.

Бараме подобри услови за учење

Вечер Прес - 20.09.2007

Ученици и родители вчера протестираа пред Министерството за образование, барајќи подобри услови во училиштето "Драга Стојановска" во село Црн Врв, Општина Студеничани. Тие три часа ја блокираа улицата пред Министерството, изразувајќи го револтот што учебната година се уште не ја почнале 160 основци ...

Протест на учениците од Црн Врв

А1 - 19.09.2007

Со искршени клупи и столчиња учениците од скопското село Црн Врв дојдоа пред Министерството за образование. Тие веќе три недели не одат на училиште, затоа што не можат да следат настава во вакви услови. „Нашите деца се надвор од школските клупи.

Протести пред Министерство за образование

Канал5 - 19.09.2007

Повеќе од 100 родители и ученици од основното училиште „Драга Стојановска“ од скопското село Црн Врв денеска протестираа пред министерството за образование. Повеќе од 100 родители и ученици од основното училиште Драга Стојановска од скопското село Црн Врв денеска протестираа пред министерството за ...

Седумстотини нови вработувања во наставата

Вечер Прес - 19.09.2007

Деветолетката отвори можност за вработување на 700 наставници. Од нив 500 се во основно образование, а 200 во средните училишта и тие веќе се на работните места. Поради итноста, работно се ангажирани без конкурс и тоа на три месеци.

Ученици преку виртуелни фирми ќе учат како се води бизнис

Утрински - 17.09.2007

Во кабинети опремени како канцеларии, учениците тргуваат , вршат маркетинг-услуги, водат банки... Учениците во четврта година на средните економски училишта од оваа година ќе имаат уште еден предмет - училишна компанија на кој преку свои виртуелни компании ќе учат како се работи во фирма.

Во медицинското и во економското натрупани по 40 ученици во клас

Дневник - 17.09.2007

Од Министерството најавуваат дека ќе има казни за оние што го надминале максимумот на ученици во еден клас Некои паралелки во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ и во економското „Арсени Јовков“ во Бутел се пренатрупани со ученици.