TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пронајдено телото на египетскиот заложник во Ирак

А1 - 05.09.2004

Телото на египетскиот државјанин кој минатиот месец беше киднапиран во Ирак, пронајдено е во северниот дел на таа земја, соопшти денеска ирачката полиција. Телото е пронајдено во градот Баиди, околу 180 километри северно од Багдад, а други детали не се наведени.

Сеуште непозната судбината на кинапираните Кумановци во Ирак

А1 - 05.09.2004

Семејствата и роднините на тројцата киднапирани Кумановци Далибор Лазаревски, Виктор Настовски и Драган Марковиќ и денеска, четврти ден откако дознаа за киднапирањето во Багдад, не добија никаква нова информација за нивната судбина.

Семејствата на исчезнатите Кумановчани на средба со Митрева

А1 - 04.09.2004

И денеска семејствата на тројцата киднапирани Кумановци во Ирак не добија никакви информации за судбината на нивните најблиски. Министерството за надворешни работи се уште ги проверува информациите кои вчера ги донесе Серџо Таунга, претставникот на фирмата за која работат во Ирак.

Киднапираните кумановци се водат како исчезнати

Време - 04.09.2004

МНР ИСПРАЌА ПРЕТСТАВНИК ВО ИРАК <> Огнен Чанчаревиќ Ивана Серафимова Тројцата заложници од Куманово во Ирак се водат како исчезнати, бидејќи се уште нема официјална потврда од Багдад дека се киднапирани. Македонското Министерство за надворешни работи, како што вчера соопшти Душко Узуновски, ...

Надежни вести за спас и очајни суми за откуп

Дневник - 04.09.2004

КУМАНОВЦИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО ИРАК Семејствата на тројцата кумановци киднапирани во Ирак добија неуверлива оптимистичка најава дека е можно нивните блиски наскоро да бидат ослободени. Тоа го кажал градоначалникот Слободан Ковачевски по вчерашната средба со Серџио Талунга, на која присуствуваа и роднините ...

За киднапираните кумановци побарани 300.000 долари?

Утрински - 04.09.2004

По обелоденувањето на киднапирањето на македонските државјани во Ирак МНР го испраќа државниот советник за воневропски земји Игор Попов за да се сретне со релеванти фактори во Ирак Сашко Димевски - Столе Божиновски За ослободување на тројцата киднапирани Македонци се бара откуп од 300.000 долари.

МНР праќа специјален претставник да се распраша за грабнатите во Ирак

Вест - 04.09.2004

ПРОДОЛЖУВА ИРАЧКАТА ДРАМА НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ За Багдад денеска треба да замине државниот советник за односи со вон-европски земји Игор Попов, а додека не се добие точна информација кумановците Лазаревски, Марковиќ и Насковски ќе водат како исчезнати, оти Министерството за надворешни работи ...

МНР НЕ ЗНАЕ НИШТО

Вечер Прес - 04.09.2004

МНР нема никакви информации за судбината на тројцата кумановци кои се водат како исчезнати, а нема ни потврда дека се киднапирани. Тие во моментов ги проверуваат информациите што вчера во Скопје ги донесе шефот на канцеларијата во Багдад на американската фирма “Соуфан Индастри”, Серџо Тангума.

МНР испраќа специјален претставник во Ирак

А1 - 03.09.2004

Министерот Илинка Митрева синоќа имала телефонски разговор со Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари при што е побаран најитен одговор на претпоставените во ирачкото министерство на упатената македонска вербална нота и лично инволвирање на ирачкиот министер за поитна проверка на сите ...

Се уште нема информација за киднапираните Македонци

А1 - 03.09.2004

Молкум, семејствата на тројцата киднапирани Кумановци во Ирак излегоа од долгоочекуваната средба со Серџо Таунга, претставникот на фирмата за која работат во Багдад. По час и половина разговори зад затворени врати во општината во Куманово, ниту Серџо Таунга не сакаше да даде изјава.

Солзите во Куманово не го жалостат Багдад

Дневник - 03.09.2004

ОЧАЈ ВО СЕМЕЈСТВАТА НА КИДНАПИРАНИТЕ Претседателот на "Соуфан инженеринг", Насер Соуфан, вчера ја потврди информацијата дека се киднапирани тројца Македонци во Ирак Во семејствата на тројцата кумановци киднапирани во Ирак со страв и неизвесност се исчекува каква било вест за нивната судбина.

Роднините не ги слушнале најблиските веќе две недели

Утрински - 03.09.2004

Заложничката драма во Ирак потресе три кумановски семејства кои за киднапирањето дознале од медиумите Во Куманово со неверие вчера се зборуваше за настанот што се случил пред девет дена, а во кој „главни актери“ биле тројца нивни сограѓани.

Македонците во Ирак се киднапирани за пари

Утрински - 03.09.2004

Неизвесна судбината на тројцата наши државјани кои беа грабнати од непозната криминална група во окупираната земја Нашите власти неподготвени да им помогнат на грабнатите Слободанка Јовановска - Сашко Димевски Пред десет дена во Ирак биле киднапирани тројца градежни работници од Македонија.

Грабнати тројца кумановци, Владата нема абер

Вест - 03.09.2004

МАКЕДОНСКА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ИРАК Кумановците Драган Марковиќ (47), Далибор Лазаревски (24) и Зоран Настовски (48) кои работат во Ирак преку американската фирма "Соуфан инжинеринг", се киднапирани од локална банда за откуп на 23 август Семејствата на киднапираните кумановци кои работат во Ирак, ...

Нема абер за Драган, Зоран и за Далибор

Време - 03.09.2004

ДРАМА НА ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ИРАК Ивана Серафимова Во Куманово шок по веста дека тројца кумановци се грабнати во Ирак. Директорот на арапската компанија „Соуфан инженеринг“ вчера потврди дека кумановците Драган Марковиќ (47), Зоран Насковски (46) и Далибор Лазаревски (24) биле ...

ОД ДИВОВРАБОТЕНИ ДО ЗАЛОЖНИЦИ!

Вечер Прес - 03.09.2004

По информацијата од медиумите за киднапирањето на тројцата кумановци Далибор Лазаревски (24), Драган Марковиќ( 45) и Зоран Насковски (48), кои еден месец се на работа во Ирак, нивните семејства вчера донкихотовски се бореа да добијат официјална информација.

Непозната судбината на тројцата Kумановчани киднапирани во Ирак

А1 - 02.09.2004

Непозната е судбината на тројцата кумановчани Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски, кои веќе десет дена се во заложништво во Багдад. Во централата на фирмата Соуфан Индустри во Дубаи, преку која се ангажирани тројцата работници, потврдија дека тие се киднапирани.

Државните институции бараат информации за случајот од ирачките власти

А1 - 02.09.2004

Македонското Министерство за надворешни работи ги презеде сите активности за да може да ја провери информацијата за киднапирањето на тројцата македонски државјани, Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски од Куманово, во близина на главниот ирачки град Багдад.

Тројца македонски државјани исчезнаа во Ирак?

Вест - 02.09.2004

НЕИЗВЕСНОСТ Тројца македонски државјани кои на работа во Ирак отишле преку фирмата "Соуфан инжинеринг", најверојатно пред 10-тина дена биле киднапирани во околината на Багдад од локални жители кои барале откуп за нивно ос Тројца македонски државјани кои работат во Ирак, пред 10-тина дена биле ...

Тројца кумановци заложници во Багдад

Дневник - 02.09.2004

МАКЕДОНЦИ ЗАГЛАВИЈА ВО ИРАК Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски, кои веќе девет дена се во заложништво, работеле во Багдад за американската компанија "Соуфан инженеринг" Ирачани држат во заложништво тројца кумановци и бараат пари за да ги ослободат.

Каква е судбината на Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски, тројцата кумановци кои работат во Ирак?

Канал5 - 02.09.2004

Претседателот на компанијата Соуфан Инжинеринг Насер Соуфан за бугарската агенција Фокус потврдил дека тројцата работници се киднапирани.. За да потврди, амин добил од американската амбасада во Ирак.. Се се случило пред десетина дена кога петмина Претседателот на компанијата Соуфан Инжинеринг Насер ...

Ослободен киднапираниот турски заложник во Ирак

А1 - 01.09.2004

Турскиот заложник Тахсин Топ, кој беше киднапиран на 7 август во Ирак, денеска е ослободен, јави денеска турската приватна телевизија НТВ. Телевизијата не соопшти повеќе детали за ослободувањењто на киднапираниот возач, додека турското Министерство за надворешни работи не можеше да ја потврди ...