TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катанец: Ќе го одработам договорот докрај

Дневник - 15.09.2007

Македонскиот фудбалски селектор, Словенецот Сречко Катанец од Љубљана, по ремито со Естонија во Скопје (1-1), порача дека ќе го одработи докрај двегодишниот договор со Фудбалската федерација на Македонија. Договорот му завршува во ноември, по одигрувањето на последниот квалификациски дуел во ...

Збогум за Катанец, но на 22 ноември!

Време - 15.09.2007

СЕЛЕКТОРОТ ОСТАНУВА ДО КРАЈОТ НА ДОГОВОРОТ, НО НЕ ПОВЕЌЕ Златко Крстевски Македонскиот фудбалски селектор Среќко Катанец ќе остане прв стратег на националниот А-тим до крајот на квалификациите за Евро 2008 година, но шанси договорот да му биде продолжен речиси нема, дознава „Време“.

Катанец: Останувам на чело на македонската репрезентација

Вест - 15.09.2007

Нашиот селектор ќе го доработи договорот со ФФМ Останувам до крај селектор на македонската репрезентација - изјави за веб-страницата на ФФМ селектор Сречко Катанец. - До крај ќе го одработам договорот професионално како што сум работел и досега.

Среќко Катанец останува наш селектор

А1 - 14.09.2007

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Среќко Катанец најави дека ќе остане на кормилото на нашиот национален тим до крајот на договорот со ФФМ што му истекува во ноември, заклучно со завршницата на тековниот Евро квалификациски циклус.

Хаџиристески

Утрински - 14.09.2007

Словенечкиот стратег останува најмалку до 21 ноември кога завршува овој квалификациски циклус ЕМИЛ КИТАНОВСКИ „Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Среќко Катанец, има валиден договор со нашата Федерација, кој завршува на крајот на овој квалификациски циклус.

Ниту со Естонија не го урнавме малерот на Градски

Утрински - 14.09.2007

Само реми (1:1) на македонската фудбалска репрезентација во деветтиот квалификациски меч за ЕП 2008 САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Цели 45 минути го демневме пленот, а во следните 45 и кружевме околу него, но не успеавме да го растргнеме.

Градски никако да „падне“

Дневник - 14.09.2007

Постот без победа на репрезентацијата во Скопје трае повеќе од три години, а и селекторот Катанец нема триумф на домашен терен Македонската фудбалска репрезентација продолжува да сонува победа на Градскиот стадион во Скопје и по квалификацискиот дуел со понискорангираната Естонија (1-1).

Среќко бил „несреќко“

Време - 14.09.2007

УШТЕ ЕДНА БЛЕДА ИГРА НА НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И БЛЕДО ОПРАВДУВАЊЕ НА СЕЛЕКТОРОТ КАТАНЕЦ Златко Крстевски Македонскиот селектор Среќко Катанец бил несреќен човек, немале среќа ниту тој ниту неговите избраници, па затоа македонската фудбалска репрезентација завчера не ја победи Естонија и ...

Хернан Катанео во Колосеум

Вест - 14.09.2007

Бразилскиот суперстар диџеј Хернан Катанео задутре е по втор пат во Македонија и гостува во клубот Колосеум. Најпознат како прогресив хаус диџеј, Хернан стана светски познат благодарение на умешноста зад грамофоните и способноста да ги направи своите сетови стилски непредвидливи.

Репрезентативниот фудбал во агонија

Вест - 14.09.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација ремизираше со Естонија Веќе не држат оправдувањата на Катанец дека немаме среќа, дека создаваме шансите без завршница, дека момците го даваат максимумот. Вистината е една - немаме игра.

Националниот тим загази во подлабока кал

А1 - 13.09.2007

Кризата во која се наоѓа националниот тим е се поочигледна и се поголема, но најлошо од се е што во моментов нема видливи знаци за скорешно излегување од неа. Нерешениот резултат против Естонија е неуспех и не смее со леснотија да биде сфатен никако поинаку.

Само нерешено против Естонија

А1 - 12.09.2007

Се случи тоа од што сите се плашевме, македонската фудбалска репрезентација не ја победи Естонија. Во Евро квалификациите вчера на Градски избраниците на Катанец беа во исклучително лошо издание, па ремито 1:1 кое го извлекоа естонците и не е сензација.

Головите се лек за нервозата и недовербата

Дневник - 12.09.2007

Покрај двете принудни измени најавени се и други нови имиња во репрезентацијата Се' почувствителна е нервозата околу македонската фудбалска репрезентација пред вечерашниот квалификациски дуел од Е-групата за ЕП 2008, со Естонија, на Градскиот стадион во Скопје (20.30 ч.).

Потребна е победа за смирување на страстите

Вест - 12.09.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентаација вечерва (20.30 ч.) ја пречекува Естонија Иако вечерашниот натпревар против Естонија нема резултатско значење што се однесува до пласманот во нашата Е - квалификациска група сепак можеби како никогаш порано потребно е победа на нашата фудбалска ...

Катанец: Во ноември се' ќе ставам на маса

Дневник - 12.09.2007

Катанец, откако нанижа четири квалификациски порази по ред, се најде на тапет пред новинарите. Отровните стрели кон него, Словенецот се обиде да ги неутрализира. - Договорот ми завршува во ноември. Тогаш се' ќе ставиме на маса и ќе видам што понатаму. Морате и вие да бидете реални.

Со Делев на трибините до повисока кота на табелата

Време - 12.09.2007

ДЕНЕСКА МАКЕДОНИЈА - ЕСТОНИЈА, КВАЛИФИКАЦИСКИ МЕЧ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРО 2008 ГОДИНА Златко Крстевски Македонскиот алпинист Глигор Делев, кој пред три месеци го освои Монт Еверест, ќе биде специјален гостин на денешниот квалификациски меч за пласман на ЕП 2008, помеѓу Македонија и Естонија (Градски ...

Естонија паѓа вечерва на Градски

Утрински - 12.09.2007

Катанец најави промени во составот за разлика од оној со кој го започна дуелот во Москва САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Максималната концентрација, трпение, смиреност и создавање шанса по шанса е рецептот на македонскиот селектор Среќко Катанец со кој вечерва на „Градски“ (ТВ А1, 20.30 ч.

Новинарите напаѓаа, Катанец се бранеше

Утрински - 12.09.2007

„Кога Хидинк вели дека има неискусен тим, што да кажам јас“, рече македонскиот селектор САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Додека естонскиот сениорски тим вчера напладне имаше релаксирана прошетка низ Градски парк под водство на македонскиот арбитар на меѓународната листа, Ива Пројковска, селекторот на македонската ...

Победата - мевлем за руските рани

Вечер Прес - 12.09.2007

Нашите избраници имаат шанса да ја забележат првата победа пред верните фанови и да го поправат впечатокот по катастрофалниот пораз во Москва Септемврискиот квалификациски циклус за претстојното Европско првенство, сениорската репрезентација на Македонија, го завршува денеска со дуелот против ...

Катанец не може да вети победа против Естонија

А1 - 11.09.2007

Рускиот дебакл создава атмосфера на преголема внимателност дури и пред гостувањето на Естонија во Скопје. Пред деветтиот натпревар за македонскиот состав во евроквалификацискиот циклус, селекторот Катанец најавува нови имиња, не само поради отсуството на пожолтените Пандев и Митрески.

Три бода ќе ја вратат насмевката

Дневник - 11.09.2007

Селекторот најде време и за релаксирачка прошетка до Матка Само трите планирани бода утре (20:30 ч.), од квалификациски меч за ЕП 2008 со Естонија, во Скопје, ќе ја вратат насмевката и самодовербата меѓу македонските репрезентативци, по саботниот убедлив пораз од Русија во Москва (0-3).

Игор Митрески ги даруваше Русите

Утрински - 10.09.2007

Македонија убедливо загуби од Русија (3:0), иако имаше голема шанса да им ги помати сметките на Русите ако се реализираше пеналот во 73. минута Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Искусниот македонски репрезентативец Игор Митрески, кој пет години го носеше дресот на московски Спартак, во ...

Катанец не го интересира кој шутира пенали!

Време - 10.09.2007

Најпоразително од се што видовме во Москва е тоа што дознавме дека во нашата репрезентација не се знае кој ги шутира пеналите, кој изведува слободни удари, кој ја презема одговорноста во клучните моменти од средбата. Поразително е зашто тоа не го знае ниту селекторот Среќко Катанец.

Пропуштивме прилика за позитивен резултат

Вест - 10.09.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација поразена на гостувањето против Русија Во 73 минута, кога Русите останаа со играч помалку, не реализиравме пенал. - Катанец: Изборот на изведувачот на пеналот го прават самите репрезентативци. - Игор Митрески: Бев сигурен дека ќе погодам.

„Црвената армија“ и десеткувана не згази

Време - 10.09.2007

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2008 ГОДИНА: МАКЕДОНИЈА порАЗЕНА ВО МОСКВА Десет руски тенка ја прегазија Македонија, ја смачкаа на фудбалското поле во Москва, не поразија тактички, не понижија фудбалски, ни покажаа за каде (не) сме, не освестија, не треснаа од земја.

Пеналот како најстрога казна

Дневник - 10.09.2007

Македонија е на прагот на уште едно фудбалско разочарување во едни квалификации. Иако доаѓањето на Сречко Катанец за селектор, резултатите во подготвителниот период и добриот почеток на овој циклус ги подгреа апетитите , сепак се чини дека наша реалност повторно ќе биде петтото место.

И. Митрески мислел да шутне во средината на голот, ама се премислил

Време - 10.09.2007

Трагичарот Игор Митрески мислел да го шутира пеналот во средината, како што секогаш тоа го правел. Но, во последен момент се премислил. - Во Охрид погодив шест од шест. Кога тргнав, мислев да шутнам во средината, ама се премислив и згрешив.

Нема повеќе да изведувам пенали

Дневник - 10.09.2007

Нема повеќе да изведувам пенали, е заклучокот на Игор Митрески, која на дуелот со Русија во Москва му овозможи на штотуку застанатиот на гол-линијата Вјачеслав Малафеев да го одбрани неговиот удар и да спречи израмнување. Тој момент во 70 минута од натпреварот беше окарактеризиран како клучен за ...

Митрески не го затемни огнометот

Дневник - 10.09.2007

Поранешниот играч на рускиот Спартак не искористи пенал при 1-0 за домаќинот, кој на крајот ја прослави победата со илуминации Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2008 вторпат е поразена од Русија (0-3).

Катанец: Го добивме Трајанов

Дневник - 10.09.2007

По речиси тригодишна пауза, Ванчо Трајанов (29 год.), кого го славевме со голот против Англија во Саутемптон (2-2) повторно е во македонската репрезентација. По укажаната шанса на тестот со Нигерија, нискиот по раст играч за врска доби шанса и во Москва.

Веќе нема оправдувања

Вечер Прес - 10.09.2007

Пишува: Александар ТАБАКОВСКИ Лесно би било да се напише коментар во кој ќе се искористи целиот арсенал на "дрвја и камења" за да се дотепа и онака "безживотната" фудбалска репрезентација на Македонија, но преферирам да се задржам на настапите и играта што избраниците на Среќко Катанец ја прикажаа ...

Смрзнати на минус три

Вечер Прес - 10.09.2007

Избраниците на Сречко Катанец одиграа под очекуваното ниво на гостувањето во Русија и сосема заслужено на крајот беа убедливо поразени со високи 3:0 Сениорската репрезентација на Македонија забележа нов разочарувачки пораз во Е квалификациската група за престојното Европско првенство, кое 2008 ...