TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповски вербално нападна новинарка на "Дневник"

Дневник - 04.10.2003

СКАНДАЛ ВО СОБРАНИЕТО Претседателот на Собранието Никола Поповски вчера во Собранието вербално нападна новинарка на "Дневник", зашто бил незадоволен од нејзиниот вчерашен коментар за недоличната полемика меѓу него и шефот на државата Борис Трајковски.

За предлозите на Трајковски треба да се расправа

Утрински - 03.10.2003

Спорот на линија претседател на државата - собраниски спикер за РСС под правничка лупа Борис Георгиевски Правниците и експертите по уставно право имаат различни ставови во однос на судирот меѓу претседателот на државата Борис Трајковски и парламентарниот спикер Никола Поповски по прашањето за ...

Каде ви е прагот, господа државници!

Дневник - 03.10.2003

Коментар - Диана Младеновска Од политичарите на првите државни функции се очекува барем културно да се однесуваат. Тоа, навистина, не е запишано во ниеден од законите на кои тие се повикуваат и ги обврзуваат, но таман работа и тоа да мора да влезе во параграфите.

Не можете да ми ги земете овластувањата

Вест - 02.10.2003

СЛУЧАЈ - КАВГА НА ВРВОТ - ТРАЈКОВСКИ МУ ОДГОВАРА НА ПОПОВСКИ ДЕКА ТОЈ НЕ ГО ПОЗНАВА УСТАВОТ Претседателот Трајковски го обвинува собранискиот спикер Поповски дека применува двоен аршин и обид за притисок и маргинализација од Ваша страна на институцијата претседател и на Уставот на Македонија.

Трајковски: Собранието ми ги ограничува ингеренциите

Утрински - 02.10.2003

Претседателот на државава во вчерашното обраќање до собранискиот спикер укажува дека не се почитува Уставот КАТИЦА ЧАНГОВА >„Ингеренциите на претседателот на Република Македонија не можат да бидат регулирани со Деловникот, не можат да се ограничуваат, да се менуваат или да му се наметнуваат други.

Трајковски реагира на изјавата на Поповски

А1 - 01.10.2003

Претседателот Борис Трајковски е навреден од вчерашната остра изјава на спикерот Поповски,во која поради забелешката дека собранието не требало да расправа за неговите предлози за членови на РСС, Трајковски од Поповски беше обвинет за непознавање на своите ингеренции.

Поповски: Трајковски работи како да е пред оставка

Дневник - 01.10.2003

СПОР ЗА РСС МЕЃУ ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА И СПИКЕРОТ Ако претседателот ги повтори истите предлози за членови на Републичкиот судски совет, ќе одиме на трета рунда, зашто нема законски ограничувања - изјави Поповски Претседателот Борис Трајковски е поблиску до оставка отколку до Уставот, одговори Никола ...

Поповски го обвини Трајковски за непознавање на надлежностите

Утрински - 01.10.2003

По укорот на шефот на државата до претседателот на Собранието дека е прекршена постапката за избор на членови на РСС КАТИЦА ЧАНГОВА >„Шокиран сум што претседателот на државата, на крајот од својот петгодишен мандат, сў уште не ги познава надлежностите и процедурите согласно со кои работи.

Борис размислува како да сме 1953 година

Вест - 01.10.2003

СПИКЕРОТ ПОПОВСКИ МУ ВОЗВРАЌА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗА РСС Никола Поповски шокиран што претседателот Трајковски на крајот од својот петгодишен претседателски мандат уште не ги познава надлежностите и процедурите Претседателот на Собранието Никола Поповски вчера ги отфрли обвинувањата на претседателот ...

Поповски: „Трајковски не си ги знае надлежностите“

А1 - 30.09.2003

Претседателот Борис Трајковски не ги познава надлежностите и процедурите, е денешниот одговор на собранискиот спикер Никола Поповски на вчерашното писмо што претседателот му го упати околу неизборот на двајцата негови кандидати за Републичкиот судски совет на минатонеделната седница на Собранието.

Поповски не ја почитува процедурата во Собранието

Вест - 30.09.2003

ТРАЈКОВСКИ РЕАГИРА НА ИЗБОРОТ НА РСС Претседателот Борис Трајковски го обвинува спикерот Никола Поповски за смислена опструкција при изборот на членовите предложени од него Законодавното тело не ја почитува постапката за избор на членовите на Републичкиот судски совет предложени од шефот на ...

ОДГОВОР НА ПОПОВСКИ НА ПИСМОТО ОД ТРАЈКОВСКИ ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА ЧЛЕНОВИ НА РСС

Канал5 - 30.09.2003

Претседателот на Собранието Никола Поповски денеска испратил порака до македонскиот претседател Борис Трајковски како одговор на неговото писмо во кое го објаснува изборот односно неизборот на двајцата кандидати за Републичкиот судски совет предложени од Претседателот на Собранието Никола Поповски ...

Трајковски испрати писмо до Поповски во врска со РСС

А1 - 29.09.2003

Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски денеска упати писмо до претседателот на Собранието Никола Поповски во кое се напоменува дека законодавното тело не ја почитува постапката за избор на членовите на Републичкиот судски совет предложени од Шефот на државата.