TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски: „На опозицијата и недостасува концепција“

А1 - 06.02.2005

Кусите говори на коалициските партнери на формалното потпишување на платформата за изборна соработка ја најавија поентите на претстојната кампања - Пенов ќе тврди дека неговата предност е искуството, Бучковски единството и концептот, кои според нив опозицијата ги нема.

Ристо Пенов вели дека не се плаши од обединувањето на опозицијата околу Трифун Костовски

Канал5 - 06.02.2005

,,Да се плашев, немаше да се кандидирам,,, вели тој.. На иста линија со Пенов е и лидерот на СДСМ, Владо Бучковски.. ,,опозицијата нема концепција,,, напаѓа Бучковски.. Ова е дел од настапот на Бучковски на денешн ,,Да се плашев, немаше да се кандидирам,,, вели тој..

Средба на Бучковски со претседателот на ЗЕЛС

А1 - 05.02.2005

Премиерот Владо Бучковски денеска го прими претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Горан Ангелов. На разговорите, на кои присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Ризван Сулејмани, премиерот Бучковски нагласи дека приоритет на Владата е спроведувањето на процесот ...

Зошто му се брза на Бучко?

Дневник - 05.02.2005

Зоран Димитровски Премиерот сериозно го изместува политичкиот натпревар од класичната битка власт-опозиција, кон замислената битка на народот, синдикалците, домашните и странски експерти, НАТО и ЕУ против сиромаштијата, невработеноста, корупцијата! Ретко кој може да го следи темпото што го ...

Муратовски и Љубчо во одбрана на работниците

Вест - 05.02.2005

ВМРО-НАРОДНА МУ ПОНУДИ СОРАБОТКА НА СИНДИКАТОТ Ако Владата предложи кастрење на работничките права, ВМРО-Народна преку своите пратеници во Парламентот ќе ги брани предлозите на Синдикатот ВМРО-Народна го поддржува Сојузот на синдикати на Македонија во предлозите за новиот закон за работни односи.

Македонија на ЕУ и ги даде одговорите - очекува да стане членка до 2010

Макфакс - 05.02.2005

Брисел Македонската делегација синоќа во седиштето на Европската унија во Брисел ги предаде одговорите на Прашалникот на Европската комисија, истакнувајќи дека очекува полноправно членство до 2010 година. На свеченото обраќање, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо нагласи дека ...

ССМ бара работнички судови

Вечер Прес - 05.02.2005

Синдикатот бара од Владата да продолжи важноста на општиот колективен договор за јавниот сектор, да се покрене на суштинското барање за утврдување на најниската плата, која би се договарала со Владата на секои четири месеци, како и донесувањето на неколку суштински закони од сферата на работното ...

ССМ и дообјаснува на јавноста за средбата со Бучковски

А1 - 04.02.2005

По штурите изјави на премиерот Бучковски и на првиот синдикалец Муратовски за вчерашната владино-синдикална средбата, во ССМ денеска добија желба да дообјаснат што разговарале, за да на се сфатело дека нешто кријат од јавноста.

Владата и ССМ се договорија, но не кажуваат што

Дневник - 04.02.2005

МУРАТОВСКИ НА ГОСТИ КАЈ БУЧКОВСКИ Владата и Синдикатот се договорија за 90 отсто од прашањата што ги покренаа синдикалците во врска со економско-социјалната состојба во земјава, изјави вчера првиот човек на ССМ, Ванчо Муратовски, по средбата со премиерот Владо Бучковски и со неколку министри.

Бучковски го придоби Муратовски пред изборите

Време - 04.02.2005

ПРЕМИЕРОТ ГО НАГОСТИ ПРВИОТ СИНДИКАЛЕЦ Премиерот Владо Бучковски и претседателот на Сојузот на синдикатите Ванчо Муратовски договориле заеднички да ги решаваат проблемите што се однесуваат на социјално-економската сфера, а се согласиле од април да ги договараат реформите во работното законодавство.

ССМ за средбата со Бучковски

Канал5 - 04.02.2005

Продолжува незадоволството на синдикатот заради учеството на два преговарачки тима кои ги преставуваат работодавачите во разговорите за новиот текст на законот за работни однсои. -Барањето писмено да се определи кои лица од двете комори ќе ги преставу Продолжува незадоволството на синдикатот заради ...

Владата и ССМ најавуваат партнерство

Утрински - 04.02.2005

Средба на премиерот Бучковски и синдикалниот лидер Муратовски Владата и Синдикатот на вчерашната средба ги приближија ставовите за околу деведесет проценти од прашањата кои се отворија од областа на социјално-економската сфера.

Задоволни партнери

Вест - 04.02.2005

Февруарска средба на Бучковски и Муратовски И премиерот Владо Бучковски и претседателот на ССМ Ванчо Муратовски вчера беа многу задоволни по средбата во Владата. Според нивните изјави, тие успеале да се договорат за 90 проценти од прашањата што ги начнале на средбата.

Четврток, 17.02.2005

Макфакс - 04.02.2005

преглед на печат (Време) - четврток, 17 февруари 2005 Тој што одлучува може и да злоупотреби! Мери Јордановска Министерот за внатрешни работи може селективно да одлучува на кого ќе му даде дозвола да носи оружје. Министерот за здравство може да манипулира со дозволите за увоз и извоз на лекови и ...

“Дневни аваз“:Хашкиот трибунал испратил обвинение против Владо Бучковски

Макфакс - 04.02.2005

Сараево Хашкиот трибунал го обвинил македонскиот премиер Владо Бучковски за злосторства врз Албанците направени во 2000 година, пишува денеска сараевскиот весник “Дневни аваз“. Весникот, не наведувајќи извор, пишува дeка запечатени обвиненија од Хаг добиле шест лица од поранешна Југославија.

Чолаковски: Владата бара демант од “Аваз“ и извинување до Бучковски

Макфакс - 04.02.2005

Скопје Mакедонската Влада ги демантираше пишувањата на сараевскиот весник “Дневни аваз“ за некакво обвинение од Хашкиот трибунал против премиерот Владо Бучковски, изјави портпаролот Сашо Чолаковски. Тој за Макфакс изјави дека од одговорниот уредник на весникот“Дневни аваз“ е побаран итен демант на ...

“Дневни аваз“ со официјално извинување до Кабинетот на Бучковски

Макфакс - 04.02.2005

Скопје Спомнувањето на името на македонскиот премиер Владо Бучковски во врска со обвинувањата од Хаг е “крупна грешка“, се вели во официјалното извинување на сараевскиот весник “Дневни аваз“. Во извинувањето доставено денеска до Владата на Македонија се вели дека е направена “крупна грешка“ во ...

Бучковски и Муратовски се договорија- само тие знаат за што?!

Вечер Прес - 04.02.2005

Челниците на ССМ, предводени од првиот синдикалец во државава, Ванчо Муратовски, успеале да се договорат со премиерот Владо Бучковски за 90 отсто од прашањата и барањата што ги поставиле на вчерашната средба во Владата. Иако и двете страни по средбата не го криеја задоволството што поради одредени ...

Бучковски и Муратовски задоволни од средбата

А1 - 03.02.2005

Топло добредојде, идилична атмосфера и насмевка за довидување Во овој амбиент денеска во Владата се сретнаа премиерот Бучковски и ресорните министри со претседателот на ССМ, Муратовски и неговите соработници. И Бучковски и Муратовски задоволни од средбата, но освен општиот заклучок, никој од нив не ...

Ѓуровски го демантира Ѓуровски

Дневник - 03.02.2005

ВЛАДАТА (ДЕЗ)ИНФОРМИРА ЗА КИНКЕЛ Кабинетот на македонскиот премиер Владо Бучковски вчера соопшти дека Клаус Кинкел нема да биде ангажиран како советник во Владата. Со тоа кабинетот ја демантираше изјавата што за "Дневник" ја даде Марјан Ѓуровски, советник на премиерот.

Банкарот Арсовски го одби лидерот Бучковски

Дневник - 03.02.2005

ПРОБЛЕМИ ВО СДСМ ПОРАДИ СКОПСКАТА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА Поранешниот директор на Комерцијална банка, Драгољуб Арсовски, не прифатил да биде носител на советничката листа за Скопје на коалицијата "За Македонија", дознава "Дневник". Тој вчера потврди дека ја одбил понудата на лидерот на СДСМ Владо ...

Средба Бучковски- Муратовски

Канал5 - 03.02.2005

Приближување на ставовите на 90 проценти од прашањата од економско социјланата сфера, е резултатот од денешната средба меѓу премиерот и преставниците на синдикатот. За кои прашања се доближени ставовите, двете страни не прецизраа, освен тоа дека синдик Приближување на ставовите на 90 проценти од ...

Бучковски идната недела во Белград и Приштина

Макфакс - 03.02.2005

Скопје Македонскиот премиер идната недела треба да оствари средби со српскиот државен врв во Белград, од каде ќе отпатува за Приштина на отворање на македонско трговско претставништво. Премиерот Владо Бучковски идниот понеделник, на 28 февруари, во Белград ќе биде примен од српскиот претседател ...

Чешката компанија "Чез" е заинтересирана за ЕСМ

Утрински - 02.02.2005

Премиерот Бучковски имаше повеќе средби во Прага на Форумот на "Мајкрософт" Чешкиот премиер го прифати барањето за укинување на визите за македонските државјани кои студираат во Чешка Скопје - Чешката компанија "Чеззи е една од водечките во Југоисточна Европа и заинтересирана за приватизацијата на ...

Средби на Бучковски со Грос, Санадер, Куртуа и со Рединг

Време - 02.02.2005

НА ФОРУМОТ НА „МАЈКРОСОФТ“ ВО ПРАГА Претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, вчера во Прага учествуваше на Форумот на лидерите на влади организиран од „Мајкрософт“, каде што имаше средби со премиерите на Чешка и на Хрватска, Станислав Грос и Иво Санадер, со ...

Потврдена заинтересираноста на чешки „Чез“ за ЕСМ

Време - 02.02.2005

НА СРЕДБАТА БУЧКОВСКИ - ГРОС ВО ПРАГА Чешкиот премиер Станислав Грос покажа интерес за приватизацијата на „Електростопанство“ на Македонија од страна на чешката компанија „Чез“ на средбата со македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во Прага на Форумот на лидери на влади - конференција во ...

Чешка заинтересирана за ЕСМ

Дневник - 02.02.2005

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ВО ПРАГА Чешка е заинтересирана за приватизацијата на македонското Електростопанство, военото воздухопловство и за други области, како и да отвори трговско претставништво во Скопје. Премиерот Владо Бучковски, кој вчера во Прага учествуваше на Форумот на лидерите на влади, ...

Државната ЧЕЗ сака да го купи ЕСМ

Вест - 02.02.2005

БУЧКОВСКИ НА ФОРУМ НА ЛИДЕРИ ВО ПРАГА Чешката државна компанија ЧЕЗ е заинтересирана за приватизацијата на "Електростопанство на Македонија". За интересот на чешката компанија вчера во Прага премиерот Владо Бучковски разговараше со чешкиот премиер Станислав Грос.

Клаус Кинкел со Тео Вајгел ќе го советува Бучковски

Време - 02.02.2005

ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ КОН ЕУ Клаус Кинкел, поранешен министер за надворешни работи на Германија, ќе го придружува Теодор Вајгел, поранешен министер за финансии во таа влада, во советничкиот тим што ќе соработува со премиерот Владо Бучковски, потврди Службата за информирање на Владата.

Клаус Кинкел нема да биде советник на Бучковски

А1 - 01.02.2005

Премиерот Бучковски во својот кабинет нема да го добие Клаус Кинкел, поранешниот шеф на германската дипломатија и вице-премиер. И покрај информациите дека тој ќе се вклучи во кабинетот на Бучковски, преку Тео Вајгел, неговиот нов советник, тоа нема да се случи, ова за А1 го изјави денеска неговата ...

Бучковски бара од Брисел фер шанса

Утрински - 01.02.2005

Премиерот вчера објави дека одговорите на прашалникот се целосно завршени Владата ќе ги анимира најдобрите стручњаци за економски развој Слободанка Јовановска Премиерот Владо Бучковски, вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерката Илинка Митрева вчера позираа со цедето со македонските одговори ...

И словенечки ексминистер ќе го советува Бучковски

Утрински - 01.02.2005

Експертскиот тим на премиерот се проширува Владо Димовски, по потекло Македонец, во два мандати беше министер за труд НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Се проширува експертскиот тим на македонскиот премиер, Владо Димовски, ексминистер за труд и социјала на Словенија, е новото име во советничкиот тим на Владо ...

Почнува европската приказна

Вест - 01.02.2005

ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО КНИГАТА ЗА МАКЕДОНИЈА Одговорите на европрашалникот се готови, и во нив на 14 илјади страници се наоѓа македонската сторија во детали, политики и планови, соопшти премиерот Владо Бучковски Македонија на 14 февруари во Брисел на Европа ќе и ја пренесе македонската ...

И Клаус Кинкел гастарбајтер кај Бучковски

Дневник - 01.02.2005

ГЕРМАНЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАС По Теодор Вајгел, и поранешниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел ќе му биде советник на премиерот Владо Бучковски, дознава "Дневник". Според нашите информации, Кинкел прифатил да биде дел од советничкиот тим на поранешниот министер за финансии на ...

Црвенковски во Белград, Бучковски во Прага

Утрински - 01.02.2005

Работни посети на претседателот и на премиерот Скопје - Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на државната заедница Србија и Црна Гора, а премиерот Владо Бучковски ќе учествува на Форумот на лидерите на влади во Прага.

Македонската приказна подготвена за Европа

Дневник - 01.02.2005

ОДГОВОРЕН ПРАШАЛНИКОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Ќе направиме се за да влеземе во Европската Унија, но очекуваме и Европа да направи се за да го зголеми своето семејство, рече премиерот Владо Бучковски во вчерашното обраќање, кога соопшти дека Владата ги усвоила одговорите на прашалникот на Европската ...

Македонија ќе направи се за да влезе во европското семејство

Време - 01.02.2005

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ ВЛАДО БУЧКОВСКИ Македонија очекува до крајот на годината да добие покана за членство во Европската Унија, рече вчера премиерот Владо Бучковски, објавувајќи дека со преводот на англиски целосно е завршено одговарањето на прашалникот од Европската комисија.

Бучковски: Изборите под засилен мониторинг на Брисел

Макфакс - 01.02.2005

Скопје Локалните избори ќе бидат под засилен мониторинг на Брисел, за да се види дали Македонија може да организира фер и демократски избори, смета премиерот и претседател на СДСМ Владо Бучковски. Тој во интервјуто за Радио Слободна Европа вели “Најголема одговорност за фер и демократски избори има ...

Словенечкиот професор

Вечер Прес - 01.02.2005

Советничкиот тим на премиерот Владо Бучковски се проширува со уште двајца надворешни советници. Владо Димовски, екс министерот за труд и социјала на Словенија е новото име во тимот на премиерот, а во игра е и поранешниот шеф на германската дипломатија Клаус Кинкел.

Бучковски пресреќен за крајот на одговорот на прашалникот

А1 - 31.01.2005

Еуфоричен како и секогаш, премиерот е бескрајно задоволен и среќен што после 45 дена мандат, го објавува крајот на одговорите на прашалникот на ЕУ. Овие одговори се македонската реалност, тој ја нарече сторија, а го премолчи фактот, како изгледа таа.

Поголеми права за работниците или генерален штрајк

Време - 31.01.2005

МУРАТОВСКИ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ Синдикатот ќе бара зголемување на работничките права, а ако Владата не ги прифати таквите предлози, не е исклучено да има и генерален штрајк, изјави Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во интервју за МИА.

Ставот на ССМ за работничките права по почнување на преговорите

Утрински - 31.01.2005

Муратовски за новините во законот за работни односи Ставот во однос на новиот закон за работни односи ССМ ќе го изнесе пред социјалните партнери откако ќе почнат преговорите и тој ќе оди во насока на зголемување на работничките права, посочува во интервјуто за МИА претседателот на ССМ, Ванчо ...

Поздравена најавата на Бучковски за трговско претставништво

Време - 31.01.2005

ПРИШТИНА Косовската влада ја поздрави најавата на македонскиот премиер Владо Бучковски за отворање трговско претставништво на Македонија во Приштина, оценија косовските медиуми на албански јазик, пренесе МИА. Според нивните информации, портпаролот на Владата на Косово, Арбен Ќирези, оценил дека ...

Бучковски се обрати за прашалникот

Канал5 - 31.01.2005

Премиерот Бучковски в рака ги држи цедеата на кои се 14-те илјади страници македонски одговори на Европрашалникот, преведени и на англиски јазик.. Во нив како што изјави Бучковски во детали е сместена македонската приказна.. За две седмици одговорите ќе и Премиерот Бучковски в рака ги држи цедеата ...