TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ очекува Трајковски да го спречи „политичкиот прогон“

А1 - 18.01.2003

ВМРО-ДПМНЕ по синоќешниот состанок на Извршниот комитет го повика претседателот Трајковски да помогне за, како што рече портпаролот Ѓорчев, да нема политички прогон во земјава, мислејќи на притворањата на екс-функционери и споредувајќи го со амнестирањето на припадници на поранешната ОНА.

ВМРО-ДПМНЕ не ги расчисти дилемите за случувањата во партијата

А1 - 18.01.2003

Синоќешниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ги расчисти дилемите за внатрешните состојбите во најголемата опозициска партија. Лидерот Љубчо Георгиевски го продолжува својот своеволен медиумски егзил. Синоќа тој дојде во партискиот штаб пред да се појават новинарите, а замина откако ...

Другарската средба ги скара ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП

Вест - 18.01.2003

ЉУБЧО ДЕМАНТИРА ДЕКА ПРАТИЛ ПОСРЕДНИЦИ КАЈ БРАНКО Двете партии спорат кој кого поканил на муабет Марјан Ѓорчев Ристо Пенов, или било обратно ВМРО-ДПМНЕ вчера испрати соопштение до јавноста во кое демантира дека инцидентната средбата, која се одржа пред некој ден, меѓу потпретседателот на партијата ...

Георгиевски демантира дека испратил посредник кај Црвенковски

Утрински - 18.01.2003

Соопштение Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ја демантираше веста дека испратила посредник со порака до владејачката СДСМ. "Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, демантира дека го испратил потпретседателот на партијата, Маријан Ѓорчев, како посредник кај претседателот на ЛДП, Ристо Пенов, со ...

Георгиевски може да се лизне" на телекомот и на "Окта"

Дневник - 18.01.2003

АНТИКОРУПЦИСКАТА КАМПАЊА НЕ СТИВНУВА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантира тврдењата дека пратил посредници со порака за премиерот Црвенковски Провизиите од продажбата на телекомот и на "Окта" би можеле да бидат главен предмет на евентуалната истрага против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бивш премиер Љубчо ...

Вечерва заседава партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 17.01.2003

Партискиот врв на опозицијата вечерва се собира по конечното враќање на уморниот лидер Герогиевски кој ете три недели зимуваше по светските центри, а во меѓувреме со партијата раководеше неуморниот Ѓорчев. Од овој собир на партискиот врв се очекуваат одговори на многу прашања кои се отворија за ...

Мечка ќе заигра и во дворот на Љубчо Георгиевски?

Дневник - 17.01.2003

ДОДЕКА СЕГАШНИОТ И ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР РАЗМЕНУВААТ ПОРАКИ ПРЕКУ ПОСРЕДНИЦИ Главната дилема што сега се расчистува е дали антикорупциската кампања ќе заврши без директен удар врз лидерот на опозицијата или Георгиевски сепак ќе биде кривично гонет Премиерот Бранко Црвенковски и лидерот на ...

Марјан Ѓорчев: „Притворот не треба да се користи за маркетинг“

А1 - 16.01.2003

„Институцијата „притвор“, кога сите наши луѓе се на располагање на истражните органи, не би требало да се користи како маркетиншки потег за борбата против корупцијата и криминалот“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев во интервјуто за А1.

Црвенковски без коментар за ракувањето на Ѓорчев со Ахмети

Утрински - 16.01.2003

Премиер Сите оние што поддржуваат демократизација на државата, евроатлантско интегрирање, борба против криминалот и корупцијата, економски реформи, пазарна економија, се наши сојузници, изјави Бранко Црвенковски, претседател на Владата.

Полицијата ги истражува и зделките на Марјан Ѓорчев

Дневник - 16.01.2003

НОВ Клиент ВО АНТИКОРУПЦИСКАТА КАМПАЊА? Полицијата ја истражува улогата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, во аферата за незаконско рентирање на дел од охридското крајбрежје и неговото наводно учество во незаконските приватизации на неколку претпријатија, дознава "Дневник" од ...

Ракувањето на Ѓорчев со Ахмети ги разбрани страстите во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 15.01.2003

Ракувањето на Марјан Ѓорчев со Али Ахмети и неговите изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во спроведувањето на Рамковниот договор ги разбранувале страстите во најголемата опозициска партија. Тензиите дополнително ги подгрева и отсуството на лидерот Георгиевски од земјава.

Георгиевски го намести Ѓорчев да се сретне со Ахмети

Утрински - 15.01.2003

Иако било најавено, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не дошол на средбата со Јоргос Папандреу Иако беше најавено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу, него го замени потпретседателот на партијата, Марјан Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на лидерските средби

Дневник - 14.01.2003

СПОРЕД МАРЈАН ЃОРЧЕВ По средбата со министерот Хари Костов, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се надева дека некои работи во Македонија ќе бидат поинаку протолкувани во новата година и ќе се решаваат на демократски начин Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на лидерските средби на потписниците на ...

Ѓорчев и Ахмети се ракуваа

Вест - 14.01.2003

ПОМИРУВАЊЕ ВО ГРЧКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВРСКИ ВО СКОПЈЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ѓорчев поздравот со Ахмети го објасни како гест на култура На својата неколкучасовна посета на Македонија, шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу имаше средби и со претставниците на опозиционите ...

Љубчо се извинил дека нема лет за Скопје

Вест - 14.01.2003

ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ СЕ СРЕТНА СО ПАПАНДРЕУ Лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски се уште се наоѓа надвор од земјата, но никој не знае каде точно престојува. Тој вчера не можеше да се сретне со грчкиот министер Јоргос Папандреу, иако така беше најавено.

Ахмети му подаде рака на Ѓорчев

Дневник - 14.01.2003

вЧера во грЧката канцелариЈа за врски Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, вчера се ракуваше со лидерот на ДУИ Али Ахмети, пред нивните одделни средби со Јоргос Папандреу. Во грчката Канцеларија за врски беа предвидени средби на Папандреу со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ.

Средба Ѓорчев - Костов

А1 - 13.01.2003

„Полицијата да не се однесува брутално со бившите функционери или директори од ВМРО-ДПМНЕ за време на нивните приведувања“, била основната молба на потпреседателот на оваа опозициона партија Марјан Ѓорчев за време на средбата со министерот Хари Косов која се одржала во петокот на барање на Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на лидерските средби

А1 - 13.01.2003

Не само што го прекинува бојкотот на парламентот, ВМРО-ДПМНЕ го продолжува и учеството во имплементацијата на Рамковниот договор. Ова го најави потпретседателот на партијата Марјан Ѓорчев по денешната средба со шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу.

Марјан Ѓорчев се ракуваше со Али Ахмети

А1 - 13.01.2003

Марјан Ѓорчев се ракуваше со Али Ахмети. Овој, како што го протолкуваа, историски чин се случи денеска во канцеларијата за врски на Грција во Македонија, додека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ чекаа да се сретнат со шефот на грчката дипломатија, Јоргос Папандреу.