TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Унгарските власти го ослободија Агим Чеку

А1 - 29.02.2004

Унгарските власти, по интервенција на КФОР, попладнево го ослободија командантот на Косовскиот заштитен корпус (КЗК) Агим Чеку, кој беше приведен на аеродромот во Будимпешта, потврди заменик раководителот на Мисијата на Обединети нации во Косово Кристијан Линдхмејр.

УНГАРИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА АГИМ ЧЕКУ Е ОСЛОБОДЕН

Канал5 - 29.02.2004

Портпаролот на Гранична служба на Унгарија Шандор Ородан вечерва ги демантираше информациите дека унгарските власти го ослободиле командантот на Косовскиот заштитен корпус Агим Чеку, кој денеска беше приведен на аеродромот во Будимпешта.

Ранета петорка со косовски министер

Време - 23.02.2004

Косовскиот министер за екологија Етем Чеку бил тешко ранет во саботата, кога експлодирала бомба подметната во неговиот автомобил. Како што јави АФП, освен Чеку, во експлозијата биле ранети и четворицата негови сопатници со кои бил на кошаркарски натпревар во Пеќ.

Косовскиот министер за екологија повреден во експлозија

Вест - 23.02.2004

Приштина, 23 јануари - Косовскиот министер за екологија Етем Чеку и уште четири лица се повредени викендов, во експлозија на автомобилот во кој што се превезувале. Експлозијата се случила после одржувањето на еден кошаркарски натпревар, во моментот кога повеќе стотици гледачи ја напуштале салата.