TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пазарџиите во Штип продолжуваат со протестите

А1 - 24.06.2007

Пазарџиите во Штип продолжуваат со протести да се спротивставуваат на намерата на власта да ги фискализира. Се жалат дека работат под отворено небо, наместо на затворен пазар, во нехигиенски услови. Бараат државата прво да им обезбеди подобри услови за работа, а потоа да ги фискализира.

Штипските пазарџии го блокираа градскиот пазар

Канал5 - 24.06.2007

Штипските пазарџии денеска го блокираа градскиот пазар, протестирајќи против владината одлука за фискализација. Штипските пазарџии денеска го блокираа градскиот пазар, протестирајќи против владината одлука за фискализација. Протестот е предупредувачки и ќе продолжиме да реагираме до исполнувањето ...

Пазарџиите на улиците, УЈП не попушта за фискализација

Утрински - 23.06.2007

Од Министерството за финансии и УЈП се категорични дека пазарите на 1 јули мора да се фискализираат Не бегаме од обврската за плаќање давачки кон државата, но бараме тоа да биде паушално. Ако стават фискални апарати, сите ќе се откажеме од пазарите“, вели Боге Смилески, член на Штрајкувачкиот одбор.

Пазарџиите и рекоа „не“ на фискализацијата

Време - 23.06.2007

ПАЗАРИТЕ ВЧЕРА ОСАМНАА ПОД КЛУЧ Скопските пазари вчера останаа заклучени за граѓаните, поради протестот на пазарџиите, кои со еднодневен штрајк го искажаа своето незадоволство поради најавената фискализација што треба да почне од 1 јули. - Ниту еден пазар не работеше.

Минатата влада не доведе до пазар, а оваа на улица

Вест - 23.06.2007

ПАЗАРЏИИТЕ ВЧЕРА ГО БЛОКИРАА СКОПЈЕ Ако Владата не ја смени одлуката за фискализација на пазарите, пазарџиите најавуваат генерален штрајк на први јули "Долу Влада! Одете си апаши! Минатата Влада не избрка од работа и моравме да продаваме на пазар, а оваа сега не брка и од пазар на улица", вака ...

Тезгите празни, улиците полни со пазарџии

Дневник - 23.06.2007

Следните чекори ќе зависат од реакцијата на власта и ако повторно не игнорира, може и да ги зачестиме и да ги продолжиме штрајковите, најавија трговците Неколку илјади пазарџии во Скопје, Битола, Прилеп и во други градови вчера ги блокираа главните сообраќајници во знак на протест поради обврската ...

Фискален апарат за прекупците, не за земјоделците

Вест - 23.06.2007

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, по вчерашните протести на скопските пазарџии, соопштија дека нема да го променат ставот фискализацијата на пазарите да стартува од први јули. Тие нагласија дека фискален апарат треба да поседуваат само прекупците, а ...

Протест против фискалните каси

Вечер Прес - 23.06.2007

Пазарџиите ширум земјава вчера, во периодот од 10 до 11 часот, целосно ги блокираа улиците пред пазарите, а за сообраќај беа затворени и поголемите крстосниците во Скопје Четиринаесет часови секој ден, на минус 30 и плус 40 степени, со мака заработувам дневница од 150 до 200 денари, само за гол ...

Протест на пазарџиите против фискализацијата

А1 - 22.06.2007

Пазарџиите не ги отворија тезгите денеска. Еден час ги блокираа крстосниците во близина на пазарите. Протестираа против воведувањето фискални каси на тезгите. Сакаат да платат одреден паушален износ, во кој би влегле и трошоците за социјално, пензиско и здравствено осигурување.

Штрајкот на пазарите ги подели пазарџиите

Утрински - 22.06.2007

Дека ќе штрајкуваат најавија само скопските и битолските пазарџии, а другите се резервирани Александар Пешев Штрајкот на зелените пазари ги подели пазарџиите. Протестот, најверојатно, ќе го поддржат само скопските пазарџии. Тие се единствените пазарџии во земјава кои денеска ќе протестираат против ...

Скопските пазарџии еден час ги блокираа улиците

Канал5 - 22.06.2007

Зелените пазари во Скопје денеска не работеа. Пазарџиите излегоа на протести и еден час ги блокираа главните улици револтирани од најавената фискализација. Зелените пазари во Скопје денеска не работеа. Пазарџиите излегоа на протести и еден час ги блокираа главните улици револтирани од најавената ...

Пазарџиите ќе блокираат главни улици

Дневник - 22.06.2007

Сите улици во близина на пазарите во Скопје и во другите поголеми градови денеска ќе бидат блокирани од 10 до 11 часот поради протестот на пазарџиите. На овој начин тие ќе го искажат револтот против фискализацијата, која од 1 јули станува законска обврска и за пазарџиите.

Фискални игри

Дневник - 22.06.2007

Тече седмата година откако е воведен Законот за регистрирањето на безготовинските плаќања, а фискализацијата не е се' уште завршена . Велат дека Законот треба да го реши проблемот со плаќања на „црно“, со кој се богатат поединци и групи, а државата губи оти не може да ги оданочи.

Молк на власта за револтот на пазарџиите

Утрински - 22.06.2007

ЕДИТОРИЈАЛ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Доколку фискалните апарати влезат во зелените пазари, ние оттаму ќе излеземе, бидејќи заедничкиот живот е невозможен, или ние или фискализација, категорични се пазарџиите кои денеска штрајкуваат.

На штипските и радовишките им е побитен профитот - ќе штрајкуваат кога ќе треба

Канал5 - 22.06.2007

Во Штип и Радовиш пазарџиите не штрајкуваа. Велат, имаат поважна работа. Ако овошјето и зеленчукот на овие температури побргу не се продадат ќе се расипат. Ќе штрајкувале кога ќе дошло време за тоа. Го поддржуваат штрајкот на колегите од Скопје. Во Штип и Радовиш пазарџиите не штрајкуваа.

Пазарџиите ќе ги блокираат улиците

Вест - 21.06.2007

УТРЕ НИТУ ЕДЕН СКОПСКИ ПАЗАР НЕМА ДА РАБОТИ Незадоволни од одлуката на Владата од 1 јули пазарите да се фискализираат, пазарџиите од 10 до 11 часот ќе ги блокираат крстосниците кои се наоѓаат во близина на пазарите. Ниту еден скопски пазар утре нема да работи бидејќи околу 12 000 пазарџии наместо ...

Пазарите утре ќе бидат празни

Дневник - 21.06.2007

Од реакцијата на Владата на предупредувачкиот штрајк ќе зависи дали ќе продолжат блокадите на улиците Пазарите во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Струмица и во другите поголеми градови во земјава утре нема да работат, а пазарџиите ќе ги блокираат раскрсниците од 10 до 11 часот.

Генерален штрајк поради фискализацијата на тезгите

Време - 21.06.2007

ПАЗАРИТЕ ВО СКОПЈЕ УТРЕ НЕМА ДА РАБОТАТ Скопските пазари утре ќе останат под клуч. Нема да работат во знак на протест на најавената фискализација на тезгите што се предвидени со новите законски измени и поради немањето слух на државните органи за проблемите со кои се соочуваат пазарџиите.

Пазарџиите протестираа против фискални каси

Дневник - 20.06.2007

Трговците се против фискализацијата бидејќи никаде во светот немало фискални каси на пазарите Пазарџиите во Прилеп, Битола и во Струмица бараат одложување на обврската за фискализација, која почнува да важи од 1 јули. Тие тврдат дека не можат да набават фискални каси.

Битолчани останаа без емиш и зарзават

Време - 20.06.2007

ПРОТЕСТИ НА БИТОЛСКИТЕ ПАЗАРЏИИ Првпат по сто години битолскиот пазар остана без емиш и зарзават, иако вчера беше пазарен ден во Битола. Протестираа пазарџиите, кои се противат на фискализацијата. Повозрасните битолчани што на пазар одат во раните утрински часови поради жешкото време, вчера дома се ...

В петок пазарџиите ќе го блокираат Скопје

Утрински - 20.06.2007

Ќе се блокираат шест раскрсници, а пазарите нема да работат цел ден Незадоволни од најавената фискализација на тезгите пазарџиите в петок ќе протестираат на неколку локации во градот. Здружението на граѓани, трговци, корисници на деловен простор и услуги од АД „Скопски пазар“ најави дека протестот ...

Битолските пазарџии против фискализација на пазарите

Утрински - 20.06.2007

Вчера битолчани наидоа на затворени тезги, а се снабдуваа од дивите пазарџии БИТОЛА - Битолчани, кои обично во вторник и во петок на Зелениот пазар се снабдуваат со потребните градинарски продукти, вчера наидоа на затворен пазар. Иако вчера беше пазарен ден, пазарот не работеше.

Неписмени сме за фискални ајата штрајкуваа и приелпскитепарати

Вест - 20.06.2007

ШТРАЈКУВАА БИТОЛСКИТЕ И ПРИЛЕПСКИТЕ ПАЗАРЏИИ Битолчани вчера за прв пат не можеа да се снабдат со земјоделски и со други производи од единствениот пазар во Битола, и тоа во пазарен ден. Пазарџиите, односно тезгаџиите коишто ги имаат закупено 400-те тезги, вчераутро започнаа предупредувачки штрајк ...

Во петок нема пазар

Вечер Прес - 20.06.2007

Пазарџиите бараат да се одложи фискализацијата и да плаќаат месечен паушал, а од Министерството за финансии соопштуваат дека нема никакви можности за пролонгирање на процесот Зелените пазари низ земјава во петок ќе бидат затворени, а пазарџиите ќе протестираат бидејќи се незадоволни поради ...

Битолските пазарџии протестираа против фискализацијата

А1 - 19.06.2007

За прв пат по 100 години Битолскиот пазар остана без емиш и зарзават, иако денес беше пазарен ден, а Битолчани си заминуваа со празни торби. Протестираа пазарџиите кои се противат на фискализацијата. „Народот не е спремен, 50 до 60% од пазарџиите се неписмени, не знаат да ракуваат ни со фискални ...

Пред најавената фискализација во петок пазарџиите ќе ги блокираат улиците

Канал5 - 19.06.2007

Во петок скопските пазарџии ќе излезат на масовни протести. Револтирани од фискализација на тезгите, која треба да стартува од први јули еден час ќе ги блокираат улиците во Скопје близу пазарите. Со образложение дека ќе имаат неподносливи трошоци, пазарџиите не ги прифаќаат фискалните каси, кои ...