TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Димевски - нов претседател со акламација

Дневник - 19.02.2005

КОШАРКА - КФМ Даниел Димевски со акламација беше избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Димевски, кој ја доби поддршката од 29 клуба, е шестиот претседател на КФМ, по осамостојувањето на Македонија.

Даниел Димевски нов претседател на КФМ

Утрински - 19.02.2005

Изборно собрание на Кошаркарската федерација на Македонија Управниот одбор во иднина, наместо 11, ќе брои 15 члена Емил Китановски На вчерашното Изборно Собрание на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), дипломираниот економист и Косопственик на Олимпик Фитнес клубот од Скопје, Даниел ...

Даниел Димевски прв човек на македонската кошарка

Вест - 19.02.2005

ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА КФМ Предложениот кандидат од 29 клубови, Даниел Димевски, едногласно беше избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на вчерашното Изборно собрание. Тој ќе го наследи Драгољуб Арсовски, кој на оваа функција беше само еден месец, пред да поднесе оставка.

Сите гласови за Димевски

Вечер Прес - 19.02.2005

Даниел Димевски (36 г), експретседател на КК Ф. Работнички, во интервал од четири години, повеќегодишен кошаркарски работник, е новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, кој ќе ја обавува одговорната функција во наредните четири години.

Даниел Димевски нов претседател на КФМ

А1 - 18.02.2005

Македонската кошарка конечно со нов претседател. Даниел Димевски е избран за предводник на Кошаркарската федерација на Македонија, на денешното собрание во формална и идилична атмосфера. Месец и половина КФМ функционираше без лидер, по неуспешната авантура на Драгољуб Арсовски, кој само за кратко, ...

Избор на претседател на КФМ

А1 - 18.02.2005

Нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) треба да биде избран денеска, на местото на Драгољуб Арсовски кој неодамна поднесе оставка на таа функција. За негов наследник се очекува да бие избран поранешниот директор на К.К Работнички Даниел Димевски.

Димевски го презема кормилото

Вест - 18.02.2005

КОШАРКА - ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО Даниел Димевски е единствениот официјален кандидат за преземање на претседателската функција во Кошаркарската федерација на Македонија, пред денешното изборно собрание, што ќе се одржи во просториите на КФМ, со почеток во 13 часот.

Димевски доби поддршка со 25 потписи

Дневник - 18.02.2005

ДЕНЕСКА СОБРАНИЕ НА КФМ Даниел Димевски денеска се очекува да стане новиот претседател на КФМ, бидејќи до вчера тој беше единствениот заинтересиран за функцијата прв човек на Федерацијата, поднесувајќи кандидатура поткрепена со барем 10 потписи од клубовите.

Кој ќе го наследи Драгољуб Арсовски?

Утрински - 17.02.2005

КФМ се уште без официјална кандидатура за испразнетото претседателско место Само на два дена пред одржувањето на Изборното Собрание на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) на кое треба да се избира наследникот на Драгољуб Арсовски во просториите на Федерацијата сў уште нема пристигнато ниту ...