TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Меркатор" нема да биде газда во "Скопски саем"

Дневник - 21.07.2005

РАКОВОДСТВОТО на саемот ТВРДИ Сопственичката структура во "Скопски саем" останува иста и во неа нема да влегува словенечката фирма "Меркатор". Вака вчера раководството на Саемот ги демантираше информациите дека се планираат сопственички трансформации во компанијата.

„Меркатор“ не го купува сајмиштето

Време - 21.07.2005

„СКОПСКИ САЕМ“ ПОЈАСНУВА Словенечката фирма „Меркатор“ нема да го купува „Скопски саем“, како што шпекулира деновиве словенечкиот печат, но можно е да гради голем трговски центар на саемот, објаснија вчера од Управата на „Скопски саем“.

„Меркатор“ го потврди повторното учеството за плацот кај НБМ

А1 - 20.07.2005

Словенечки „Меркатор“ го потврди учеството на повторената лицитација за плацот спроти НБМ и го чека датумот кога ќе биде закажано јавното наддавање. Со ова, како што се вели во соопштението од „Меркатор-Македонија“, се потврдува интересот за изнаоѓање локации во Македонија за изградба на трговски ...

„Меркатор“ во финални преговори со „Ера“ од Велење

Канал5 - 20.07.2005

Словенечки „Меркатор“ си пружил рака со „Ера“ од Велење за шест милиони евра да добие дел од Скопски саем. Како што дознава Канал 5, двете словенечки компании се уште не ја официјализираат зделката бидејќи во тек се пазарења со Владата да ги изземе од плаќање Данок на додадена вредност иако таа ...

"Меркатор" го мерка Скопски саем

Дневник - 20.07.2005

ПО СКАНДАЛОТ СО ТЕНДЕРОТ ЗА ПЛАЦОТ СПРОТИ НБМ Словенечки "Меркатор" го купува имотот на "Ера" во Македонија и во Хрватска, тврди љубљанскиот весник "Финанце". Тоа значи дека 86,26 отсто од акциите, колку што поседува "Ера" од Скопски саем, ќе преминат во сопственост на "Меркатор".

„Меркатор“ го купува Скопски саем

Време - 20.07.2005

НАЈАВА Словенечки „Меркатор“ сака да го купи имотот на ЕРА во Македонија, словенечка компанија што поседува повеќе од 86 отсто од акциите на Скопскиот саем, пишува љубљанскиот весник „Финанце“ во вчерашниот број. Весникот, како што пренесува Макфакс, повикувајќи се на свои извори соопштил дека ...

„Меркатор" сака да купи дел од имотот на „Ера" во Македонија

Утрински - 20.07.2005

По неодамнешниот неуспешен обид да инвестира во нашата земја Управата на „Меркатор" вчера попладне ја разгледуваше можноста да откупи дел од имотот на „Ера" во нашата земја Словенечки ?Меркаторри планира да купи дел од имотот на словенечката компанија ?Ерааи во Македонија и во Хрватска.

Скопски саем се пазари

Вечер Прес - 20.07.2005

Меркатор има намера да го купи имотот на словенечката компанија ЕРА во Македонија и во Хрватска, тврди љубљанскиот весник Финанце, повикувајќи се на свои извори. Весникот пишува дека првиот човек на словенечкиот трговски ланец Меркатор, Зоран Јанковиќ веќе потпишал преддоговор за купување на имотот ...