TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сардинија ќе прими уште смет од Неапол

А1 - 13.01.2008

Управителот на Сардинија Ренато Сору изјави дека областа ќе продолжи да прифаќа смет од Неапол и покрај протестите пред неговиот дом, кои завршија со апсење на шестмина од демонстрантите. Сору се согласи да прими неколку илјади тони неаполски смет, за да помогне во решавањето на кризата со сметот ...

Судири на Сардинија поради сметот од Неапол

А1 - 12.01.2008

На Сардинија денеска претпладне дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа поради плановите сметот од Неапол да се депонира на овој италијански остров. Околу 1.000 луѓе, воглавно млади, излегоа на улиците на главниот град на Сардинија, Каљарија за да се спротивстават на ...

Неапол: Ѓубреџиска мафија

А1 - 11.01.2008

„За нас ѓубрето е злато“, изјави еден италијански гангстер пред истражен судија во Неапол, по повод општо познатото нападно интересирање на мафијата за градскиот отпад. Делови на Неапол оваа недела се затрупани во ѓубре кое скапува и повремени насилни протести поради несогласувањето на надлежните, ...

Ѓубрето и мафијата го гушат Неапол

А1 - 10.01.2008

Италијанскиот премиер Романо Проди објави итни мерки за решавање на кризата со ѓубрето кое го гуши Неапол, откако ѓубреџиите престанаа да го носат отпадот, бидејќи немаат каде да го исфрлаат. Мерките на политичарите предвидуваат вклучување на три печки за палење на отпадот и помош од другите ...

Италијанскиот „цар на отпадоците“ презеде одговорност за кризата во Неапол

Утрински - 10.01.2008

Сликите на кои историското пристаниште плива во сопствениот отпад ги шокираа Италијанците НЕАПОЛ - „Царот на отпадоците“ именуван од владата вчера презеде одговорност за кризата со отпадоци во Неапол откако жителите затворија една населба со барикади за да спречат да се претвори во депонија за ...

Проблемот со ѓубрето во Неапол доведе до насилство

Утрински - 09.01.2008

Во градот веќе две недели не се собира ѓубрето, а повеќе од 100.000 тони ѓубре стои на улиците НЕАПОЛ - Демонстранти вчера се судрија со италијанската полиција во градот Неапол во спор околу депониите. Демонстрантите во предградието Пианура го блокираа пристапот до старата депонија за која ...

Војна за ѓубрето во Неапол

Дневник - 09.01.2008

Низ градот и околината се натрупани повеќе од 110.000 тони смет Нови судири вчера избија помеѓу полицијата и демонстрантите во Неапол, кои неколку дена ги блокираат приодите кон депонијата во западниот дел на градот, кој продолжува да тоне во отпад, јави МИА.Стотици демонстранти се' уште се во ...

Војската пробива коридори низ ѓубрето во Неапол

Дневник - 08.01.2008

Италијански војници вчера интервенираа со тешка механизација во Неапол за да пробијат коридори низ ѓубрето натрупано на улицата, а полицијата го проби обрачот на демонстрантите до депонијата. По наредба од владата на премиерот Романо Проди, војската од утринските часови пробиваше пат до училиштата ...

Види го Неапол и умираш!

Вечер Прес - 08.01.2008

Стариот туристички слоган: "Види го Неапол, па умри" повеќе не важи! Затруените и изреволтирани неаполци исфрлија нов: "Помирисај го Неапол и умираш". Во градото состојбата е алармантна. Улиците се затрупани со над 100 илјади тони смет кој нема каде да се носи.