"Добровечер Скопје. Добровечер мили Македончиња и сите други", рече на самиот почеток Зафир Хаџиманов, човекот кого го нарекуваат духовен амбасадор во Белград. Почна со песната за Скопје и објаснувањето дека изборот на неа паднал за да се знае дека родољубиви теми се пишувале одамна.
40-те години творечка работа на полето на музиката, поезијата и актерството некрунисаниот македонски духовен амбасадор во Белград, Зафир Хаџиманов, ќе ги одбележи со солистички концерт. Настанот едноставно наречен "Од љубов не се бега" на кој Хаџиманов, всушност, се простува од солистичките ...