Пазарот на капитал во зимски сон. Одборот на директори на Македонската Берза одлучи од денеска до среда да воведе ценовни ограничувања за сите акции на компании кои котираат на пазарот на капитал. Одлуката за ценовни ограничувања од +/-10 проценти важи и за акциите кои се тргуваат во режим на фиксинг и за тие во режимот на континуирано тргување.
Нови правила при тргувањето на Македонска берза со кои дневните лимити на движењето на акциите се ограничува на плус минус 10 отсто. Според одлуката што вчера ја донесе одборот на директори на берзата од понеделник заклучно со среда за сите хартии од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг и во режим на континуирано тргување, се воведуваат дневни ценовни ограничувања од +/- 10 проценти.
Над 90% од нив реализирани се на официјалниот пазар, остатокот на редовниот. Како прометот, така и цени на акциите се во пад. Групата од десет најликвидни комапнии на официјалниот пазар, главно во црвено. Најголем пад има кај акциите на Алкалоид, од речиси 7%, следи Стопанска банка Битола со пад од 3,5%.
Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на седницата, одржана вчера, донесе одлуки со кои се воведуваат измени и дополнувања во врска со ценовните ограничувања. Како што објавуваат од Македонска берза, во периодот од 01.12.2008 заклучно со 03.12.2008 (среда) за сите хартии од вредност (и за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг и за хартиите од вредност кои се ...
Македонската берза за хартии од вредност во сабота (29 ноември) ќе работи, но нема да тргува. Во сабота се одработува 19 ноември – Денот на дрвото, кога беа организирани активности за пошумување на ...
Во петокот пазарот на хартии од вредност заврши со промет од 7.689.088,32 денари, при што на Официјалниот Пазар беше остварен најголемиот дел од прометот од 7.335.454,33 денари, од 73 трансакции, а на Редовниот Пазар прометот беше 353.634,00 денари од 9 трансакции. За разлика од минатите денови на тргување, овј пат берзанскиот индекс падна во црвената зона за 1,08 проценти.
Откако минатата недела како резултат на постојаното паѓање на акциите, Одборот на директори на Македонска берза донесе нови ограничувања во тргувањето со хартии од вредност, оваа недела имаше извесно стабилизирање на берзанскиот индекс, меѓутоа значително се намали прометот од тргувањето.
Последниот трговски ден во ноември се погоди во петок. Како и скоро сите петоци, главниот македонски берзансски индекс денеска беше во опаѓање. Вкупниот промет беше извонредно низок, само 7,7 милиони денари. Со толку низок промет МБИ-10 падна -1,08%, МБИД остана непроменет, а индексот на обврзници ОМБ порасна за големи 0,41% После подолг период, денеска најголем промет во тргување беше направен ...
Претпоследниот трговски ден во ноември, македонските берзански индекси го поминаа повторно во позитивна територија, но денеска со послаб интензитет. Прометот карактеристичен за целата недела, само 9,7 милиони денари. Во тргување со акции на македонските компании беа помалку од 7 милиони денари, а останатите се реализираа во тргување со државни обврзници.
Прометот и ликвидноста на Берзата уште повеќе ќе се намалуваат поради новото ограничување на падот на акциите. Вака берзанските анали тичари ја коментираат одлуката на раководството на Македонската берза да го симне лимитот на ценовните движења на акциите на најликвидните компании од 10 на 5 отсто од основата.
Прометот и ликвидноста на Берзата уште повеќе ќе се намалуваат поради новото ограничување на падот на акциите. Вака берзанските аналитичари ја коментираат одлуката на раководството на Македонската берза да го симне лимитот на ценовните движења на акциите на најликвидните компании од 10 на 5 отсто од основата .
Среќна среда, ако така можеме да ја наречеме, после се што се случува во последниов период на македонскиот пазар на капитал. Денеска прометот од тргувањето растеше, како и сите три берзански индекси. Со промет од вкупно 14,9 милиони денари МБИ-10 порасна за 0,73%, МБИД исто така за 1,94%, и ОМБ порасна за 0,23%.
Берзата почна да расте. Берзанскиот индекс МБИ10 вчера порасна за 2,40 отсто. Индексот на јавно поседуваните компании МБИД падна за 0,48 отсто, а индексот на обврзниците порасна за 0,31 отсто.Тргувањето вчера заврши со мал промет од 11,3 милиони денари. На официјалниот пазар беше остварен најголемиот дел од прометот, 10,5 милиони денари.
По подолго време, Берзата малку позелени. Иако се' уште постои воздржаност кај инвеститорите и вчера беше оставрен минимален промет од само 11,3 милиони денари, сепак, индексот МБИ 10 отиде во плус за 2,4 отсто, со што тргувањето го заврши со 2.334,66 индексни поени.
Во вторникот пазарот на хартии од вредност заврши со промет од 8.267.487,38 денари, при што на Официјалниот Пазар беше остварен најголемиот дел од прометот од 7.935.967,38 денари, а на Редовниот Пазар прометот беше 331.520,00 денари. Слично како и во понеделникот, индексите без поголеми промени, берзанскиот индекс заврши во позитива растејќи за 0,57 проценти, индексот на јавно поседуваните ...
Прометот на македонската берза на почетокот на последната недела од ноември сериозно се намалува. Понеделникот заврши со промет помал од 11,5 милиони денари. Главниот берзански индекс МБИ-10 порасна за солидни 2,4%, МБИД падна за -0,48%, а ОМБ порасна 0,31% што и не е толку малку за индекс на обврзници.