TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тенисерите поразени од Холандија

А1 - 13.04.2008

Тениската репрезентација на Македонија ги заврши обврските за 2008-ма. Во второто коло од првата Евро - африканска зона, поразени сме од Холандија со 1:4. Конечниот резултат го обликуваа денешните порази на Предраг Русевски од Робин Хасе и Илија Мартиновски од Тимо де Бакер.

Тенисерите намалија на 2:1 со Холандија

А1 - 12.04.2008

Тенисерите намалија на 2:1 Македонските тенисери намалија на 2:1 и останаа во игра во натпреварот со Холандија во второто коло од првата Евро - африканска зона од Дејвис купот. Првата победа ја забележавме службено, откако, поради повредата на Петер Веселс, Холанѓаните го предадоа мечот во двојки.

Убедлив почеток на "лалињата"

Вест - 12.04.2008

ДЕЈВИС КУП - МАКЕДОНИЈА-ХОЛАНДИЈА 0:2 Холандија поведе со 2:0 против Македонија во мечот од второто коло на Првата евроафриканска зона од Дејвис купот. Откако ги загубија своите први поединечни дуели, Предраг Русевски и Лазар Магдинчев денеска на пладне ќе се обидат во тандем да спасат ш Холандија ...

Холандија пред триумф во Скопје

Утрински - 12.04.2008

Хасе го победи Магдинчев, а Де Пакер славеше над Русевски, за водство од 2:0 во мечот од Дејвис купот Роберт Димитриевски Холандските тенисери стекнаа голема предност во натпреварот со Македонија во рамките на второто коло од првата група на евроафриканската зона од Дејвис купот поведувајќи со 2:0 ...

Добра почва за „лалињата“ во Скопје

Дневник - 12.04.2008

Македонија има голема негатива од 0-2 по првиот ден и нема право на нов кикс во следните три дуели против Холанѓаните , денеска (12) и утре (10.30) Македонија има голема негатива од 0-2 во поени против Холандија, по првиот ден од мечот што се игра во 2.

Играта во двојки - последна шанса

Вечер Прес - 12.04.2008

По првиот ден екипата на Холандија води против Македонија со 2:0 и ако сакаме да ги сочуваме шансите за победа денеска мораме да славиме во двојки Македонската тениска репрезентација е на прагот да ги загуби шансите за плеј-оф натпреварот за влез во Светската група откако првиот ден нашите најдобри ...

Тенисерите се пред пораз од Холандија

А1 - 11.04.2008

Македонската тениска репрезентација се наоѓа пред пораз од селекцијата на Холандија, во мечот од второто коло на првата Евро - африканска зона на Дејвис купот. По двата сингл дуела на првиот натпреварувачки ден на терените на „Југ“ во Скопје, нашиот национален тим убедливо губи со 2:0.

Лазе пак ќе го крши мразот

Вест - 11.04.2008

ДЕЈВИС КУП - ПОЧНУВА ДУЕЛОТ МАКЕДОНИЈА-ХОЛАНДИЈА На Лазар Магдинчев повторно му падна улогата на мразокршач откако вчерашната ждрепка одреди токму тој да го отвори денешниот дуел од второто коло на Првата евроафриканска зона на Дејвис купот против Холандија (10.30 ч.) на теренот во Градски парк.

Мечот го отвораат Магдинчев и Хасе

Време - 11.04.2008

ДЕЈВИС-КУП, МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА Во првиот мечеви од второто коло во Првата евроафриканска зона во Дејвис-купот со Холандија ќе се сретнат Лазар Магдинчев и Робин Хасе. Најдобриот македонски тенисер во моментов, Предраг Русевски, во вториот дуел ќе ги одмери силите со вториот играч на „лалињата“, ...

Русевски со дебитантот Де Бакер

Утрински - 11.04.2008

Натпреварот Македонија - Холандија од Дејвис купот денеска ќе го отворат Магдинчев и Хасе Роберт Димитриевски Холандскиот селектор Јан Симеринк повлече крајно неочекуван потег со именувањето на дебитантот Тимо де Бакер за противник на најдобриот македонски тенисер Предраг Русевски во вториот ...

Магдинчев против адутот на гостите Хасе

Дневник - 11.04.2008

Лазе ќе го отвори дуелот Македонија - Холандија денеска, а потоа Русевски игра со Тимо де Бакер Лазар Магдинчев четврти пат во низа ќе игра на отворањето меч од Дејвис-купот за Македонија, одлучи вчерашната ждрепка за дуелот со Холандија на теренот на ТК Југ во Скопје.

Ждрепката по мерка на Македонците

Вечер Прес - 11.04.2008

Сакам да играм во утринските часови, но немаше да ми пречи ако ждрепката посака да настапам во вториот меч, изјави Лазар Магдинчев Македонската тениска репрезентација на вчерашната ждрепка во Скопје, го доби посакуваниот распоред на натпревари во второто коло во Дејвис купот против селекцијата на ...

Извлечена ждрепката за Дејвис куп дуелите

А1 - 10.04.2008

Финално одбројување до почетокот на Дејвис куп дуелот Македонија - Холандија од првата група на Евро - африканската зона. Денешната ждрепка за стартните мечеви само ја зголеми возбудата пред стартот на долгоочекуваниот настан.

Потребни три мали чуда

Вест - 10.04.2008

ТЕНИС - ПРЕД УТРЕШНИОТ ПОЧЕТОК НА ДЕЈВИС КУП ДУЕЛОТ СО ХОЛАНДИЈА Три мали чуда ќе им требаат на нашите најдобри тенисери во претстојниот Дејвис куп дуел со Холандија во Градски парк доколку сакаат да се изборат за можноста на животот: баражот за пласман во Светската група.

Русевски и Магдинчев се надеваат на нов голем подвиг

Време - 10.04.2008

ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ СО ХОЛАНДИЈА ВО ДЕЈВИС-КУП Јане Ангеловски Во пресрет на дуелот меѓу Македонија и Холандија од второто коло од Првата евроафриканска зона во Дејвис-купот, вчера во просториите на ТК „Југ“ се одржа прес-конференција на која беше претставен нашиот тим.

Тенисерите оптимисти и пред дуелот со Холандија

Утрински - 10.04.2008

Русевски типува на својата форма по триумфот во Фраскати, Магдинчев на публиката Роберт Димитриевски „Холандија е ’благ‘ фаворит, но со тоа и притисокот е врз нивните тенисери, на кои нема да им биде лесно да се оправдаат пред домашната спортска јавност ако загубат во Скопје.

„Лалињата“ под притисок во Скопје

Дневник - 10.04.2008

Велесилата Холандија е фаворит против нашите на теренот на „Југ“, но има императив да победи викендов Холандија е благ фаворит против Македонија, но притисокот да победат е поголем кај гостите, вели селекторот на нашиот состав Дејан Маринковиќ пред утрешниот почеток на историскиот дуел за ...

„Дејвис куп“ дуел Македонија - Холандија од 11 до 13 април на тениските терени во Градскиот парк

Канал5 - 10.04.2008

Во рамките на натпреварите од првата Евро-африканска зона на „Дејвис купот“, македонската тениска селекција од 11 до 13 април на тениските терени во Градскиот парк во Скопје ја пречекува репрезентација на Холандија. Скопје, 10 април (МИА) - Во рамките на натпреварите од првата Евро-африканска зона ...

"Лалињата" ќе овенат во Скопје

Вечер Прес - 10.04.2008

Нема да се оптоваруваме за мечот со Холандија бидејќи нашата примарна цел веќе е постигната, опстанок во Првата Евро-африканска зона, вели селекторот Дејан Маринковиќ Македонската тениска репрзезентација викендов ќе се соочи со најголемиот предизвик во второто коло од Дејвис купот (Прва ...

Македонија повторно во тениска треска

А1 - 09.04.2008

Нашата Дејвис куп репрезентација од петок до недела на терените на „Југ“ во Скопје ќе игра против Холандија за пласман во плеј офот за светската група. Противникот е реномиран и исклучително квалитетен, но и со притисок на победничкиот императив.

„Лалињата“ не сакаат земја

Утрински - 09.04.2008

Избраниците на Симеринк за мечот со Македонија играле само на тврди подлоги во Дејвис купот Вториот холандски рекет Петер Веселс нема одиграно турнир на земја во 2008 Роберт Димитриевски Ниту еден од четворицата тенисери што холандскиот селектор Јан Симеринк ги повика за натпреварот со Македонија ...

Имаме адути за „портокаловите“

Дневник - 09.04.2008

Холандија е силна репрезентација, Робин Хасе е тенисер од рангот на Доминик Хрбати и Јарко Ниеминен и нема да биде лесно да се победат , но имаме и ние свои адути, вели Лазар Магдинчев, нашиот стандарден Дејвис-куп репрезентативец и главен адут со Предраг Русевски за нов подвиг на тениското чудо ...

Македонија ги почна подготовките во комплетен состав

Време - 08.04.2008

ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ СО ХОЛАНДИЈА ВО ДЕЈВИС-КУПОТ Јане Ангеловски Репрезентацијата на Македонија во Дејвис-куп ги почна подготовките за претстојниот дуел од второто коло во Првата евроафриканска зона со Холандија. Натпреварот ќе се одигра викендов (11-13 април), на терените на тенискиот клуб „Југ“ ...

Голем пад на рејтингот на Русевски и на Магдинчев

Утрински - 08.04.2008

Првиот македонски рекет неделава е 290. на АТП- листата во сингл, а вториот дури 777 Првите „виолини“ на тениската репрезентација на Македонија, Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, осамнаа со драстично намален рејтинг на најновата АТП-листа во поединечна конкуренција.

Холандија пристигна во Скопје

Дневник - 08.04.2008

Во комплетен состав македонските Дејвис-куп репрезентативци Предраг Русевски, Лазар Магдинчев, Илија Мартиноски и Томислав Јотовски вчера на терените на ТК Југ, каде што ќе се игра викендов натпреварот со Холандија, го одржаа првиот тренинг.

Пад од 40 места за Пецко и Магдинчев

Вечер Прес - 08.04.2008

Првиот македонски рекет Русевски и покрај тоа што ја освои титулата на Фјучарс турнирот во Италија, со најновото АТП рангирање е на 290 место со 126 поени Најдобрите македонски тенисери, Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, забележаа енормен пад со најновото рангирање на АТП листата.

Русевски во зенитот на својата форма

А1 - 07.04.2008

Предраг Русевски е спортската фигура број еден кај нас во изминатиот викенд. Најдобриот македонски тенисер во вистински момент во пресрет на Дејвис куп мечот со Холандија, влезе во зенитот на својата форма и во Рим го освои јубилејниот десетти ИТФ Фјучерс во кариерата.

Русевски победник во Фраскати

Утрински - 07.04.2008

Репрезентацијата од денеска во полн состав пред дуелот со Холандија По серијата лоши настапи и елиминации на стартот или во второто коло во поединечна конкуренција од почетокот на годинава, најдобриот македонски тенисер Предраг Русевски го освои фјучерсот во Фраскати, Италија, што е добар знак пред ...