TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски, Шеќеринска и Поповски први во првите три изборни единици

Време - 18.06.2005

СДСМ ИЗБИРА ФАВОРИТИ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски во наредниот период ќе ги координира општинските организации на партијата, кои влегуваат во составот на првата изборна единица, што го опфаќа Скопје.

Ќе се пресметам со пирамидалните фирми

Време - 18.06.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ИМ НАЈАВИ ВОЈНА НА ТИЕ ШТО НЕ ПЛАЌААТ ДАНОК Раководителите на 50 компании што затајувале данок од вечерва нема да спијат мирно затоа што полицијата и даночните инспектори подготвуваат обвиненија за затајување данок, изјави премиерот Владо Бучковски вчера во Кавадарци.

Кавадаречките бизнисмени против привилегиите на одделни фирми

Утрински - 18.06.2005

Премиерот Бучковски во посета на Кавадарци со цел да ја намали скептичноста за инвестирање Премиерот најави даночни ослободувања за секое ново вложување НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Не може успешно да се води бизнис во Македонија доколку некои компании продолжат да бидат привилегирани во однос на ...

Бучковски ги потврди даночните пирамиди

Утрински - 18.06.2005

Премиерот од Кавадарци упати закана до даночните затајувачи. Мвр треба да обезбеди докази Чесните бизнисмени можат мирно да спијат, порачува премиерот Нина Нинеска-Фиданоска Чесните бизнисмени можат мирно да спијат. Тие не треба од ништо да се плашат и можат слободно да продолжат да работат како и ...

Бучковски ја призна даночната пирамида

Дневник - 18.06.2005

ФИРМИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ ДАНОЦИТЕ според НЕКОЛКУ ШЕМИ Им дишеме во врат на фирмите вплеткани во пирамидата на даночно затајување, изјави вчера во Кавадарци премиерот Владо Бучковски. Со ова тој ги потврди изјавите на министерот за финансии Никола Поповски дека Финансиската полиција и Управата за ...

Ќе ја урнеме пирамидата

Вечер Прес - 18.06.2005

- Не е доволен само фактот дека им дишеме во врат на компаниите кои прават даночна евазија, туку веќе утрово ќе видиме дали дел од акциите што ги презеде МВР ќе вродат со плод. Брзо ќе бидеме сигурни за она што се сомневавме дека постои софистициран облик на организиран криминал, навистина од кој ...

Бучковски на средба со кавадаречките стопанственици

А1 - 17.06.2005

Кавадарци е втор град по успешност во економскиот развој на земјава. Вака порача премиерот Владо Бучковски на денешната средба со кавадаречките стопанственици. И додека тој оптимистички најавува појаки економски мерки за подобра бизнис-клима во Македонија, бизнисмените бараат ист третман на сите ...

Бучковски денеска ќе го каже ставот за даночната пирамида

Утрински - 17.06.2005

најава Премиерот Владо Бучковски својот став околу даночната пирамида што ја отвори министерот за финансии, Никола Поповски, на македонската јавност планира да Ј го соопшти денеска. Ова е одговорот што го доби "Утрински" од Кабинетот на премиерот, на прашањето дали тој е прецизно запознаен со ...

Бизнисмените бараат поефтин капитал, Бучковски им нуди помош преку гарантен фонд

Канал5 - 17.06.2005

Скапите кредити и несигурноста на инвестициите ги запирале претприемачите во намерите да го прошират бизнисот, се пожалија пред премиерот Владо Бучковски стопанствениците од Кавадарци. „Гарантниот фонд повеќе ќе им помогме на средните претприја Скапите кредити и несигурноста на инвестициите ги ...

Педесет компании од денеска нема мирно да спијат

Канал5 - 17.06.2005

Два месеца откако дозна дека моќни бизнисмени со доброразработени шеми ја краделе државата преку злоупотреби со Данокот на додадена вредност, премиерот Бучковски порача дека тие од денеска нема да можат мирно да спијат. „Успеавме да влеземе во т Два месеца откако дозна дека моќни бизнисмени со ...

Менаџерите се „тресат" од даночната пирамида што ја најави Поповски

Утрински - 16.06.2005

Откако министерот за финансии објави дека звучни имиња се вплеткани во разработен систем за прикривање данок Има две верзии кои се фирмите вмешани во даночниот скандал. Првата е дека станува збор за големите капацитети од металургискиот комплекс, а втората е дека работата пак се врти околу „Орка“ ...

СДСМ се обидува да го прикрие судирот во сопствените редови

Утрински - 15.06.2005

Се продлабочува кризата во владејачката партија. Портпаролот тврди дека нема судир на бранковсти и бучковисти Раководството настојува да го минимизира судирот иако тензиите повеќе не можат да се скријат Соња Крамарска Раководството на СДСМ настојува да го минимизира судирот во внатрешните редови ...

Ние не сме најубави и најпаметни

Вест - 14.06.2005

ТИТО МУ ПОРАЧУВА НА БУЧКО "Се што имав да кажам, кажав во дискусија на конференцијата", ни изјави вчера Тито Петковски кога го прашавме како го коментира говорот на лидерот на СДСМ Владо Бучковски на годишната конференција, на која се анализираа резултатите од локалните избори.

СДСМ се подели на бучковисти и бранковисти

Дневник - 14.06.2005

ГОДИШНА КОНВЕНЦИЈА НА СДСМ Додека Бранко Црвенковски беше лидер, СДСМ никогаш не била поединствена, а сега наместо да работиме за доброто на граѓаните, се занимаваме само со тоа кој е "бучковист", а кој "бранковист". Ги повикувам сите јавно да кажат кој е кој, па да расчистиме.

Се засилува судирот Црвенковски-Бучковски

А1 - 13.06.2005

Судирот меѓу поранешните сопартијци Бучковски и Црвенковски, кој го збунува партиското членство подолго време, вчера се отвори на партиската конвенција. Кога сите мислеа дека Црвенковски нема да биде ниту спомнат, откако Бучковски не потсети на него во говорот, делегат од Прилеп излегол на ...

Со 1001 ден ги победивме ноќите на ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 13.06.2005

БУЧКОВСКИ И ВРАЌА НА ОПОЗИЦИЈАТА "Со илјада и еден ден работа успеавме да го поминеме темниот тунел во кој ВМРО-ДПМНЕ ја втурна Македонија. Им порачувам да не се бават со детски работи, туку имаат поумни работи да прават за да бидат вистинска опозиција", рече лидерот на СДСМ Владо Бучковски, ва ...

СДСМ ги збива своите редови

Време - 13.06.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ На единство во СДСМ во пресрет на парламентарните избори повика лидерот Владо Бучковски на вчерашната годишна конвенција на партијата на која се анализираа резултатите од локалните избори. - Само со единство може да ја вратиме довербата на граѓаните.

Ни требаа 1.001 ден да ги поправиме "резултатите" на ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 13.06.2005

БУЧКОВСКИ Како одговор на кампањата на опозицијата "1000 ноќи на СДСММи премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, вчера на Годишната конвенција на партијата рече дека досегашното време го потрошиле да ја вратат земјата во нормална состојба.

Тито го обвини Бучковски за едноумие

Дневник - 13.06.2005

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ Само со единство во партијата ќе ја вратиме довербата кај граѓаните. Претконгресните лобирања завршија, сега треба меѓусебно да се помагаме и да градиме сојузништво, им порача лидерот на СДСМ Владо Бучковски на своите сопартијци на вчерашната годишна конвеција во ...

СДСМОВЦИТЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА СРАМЕЖЛИВО ГО ОТВОРИЛЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ПОДЕЛБАТА НА БРАНКОВИСТИ И БУЧКОВСКИСТИ

Канал5 - 13.06.2005

Без жестоки контрирања меѓу таканаречените бранковисти и бучковисти и без најавуваните нервозни реакции на засегнатите од најавата на лидерот Бучковски за смени во партијата мина вчерашната Конвенција на социјалдемократите. Својствено за владеачката парти Без жестоки контрирања меѓу таканаречените ...

За фракционерите нема место во СДСМ

Вечер Прес - 13.06.2005

"Делбите во СДСМ не се својствени и сите кои посакуваат такво нешто ѕвонат на погрешна врата. Ова не е време кога некој може да се однесува комотно и фракционерски во нашите редови. Предконгресните лобирања и превирања завршија.