TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пироман запалил викендичка

Дневник - 11.01.2008

Пироман потпалил викендичка завчера во близината на Штип, соопшти МВР. Според полицијата, засега непознато лице со запалива течност предизвикало пожар во викенд-куќата на В.Д. (72) од Штип. Пироманот провалил во куќата кршејќи ја влезната врата и го запалил огнот во кој бил уништен ...

Подметнат пожар во ресторан

Вест - 10.01.2008

КАЈ СЕЛОТО ЗАЈАС, КИЧЕВСКО Непознати пиромани завчера со плин го потпалиле ресторанот "Викторија" што се наоѓа на патот Кичево-Охрид кај селото Зајас. Според информациите на полицијата, веќе имаат осомничен за пожарот, кој е приведен и се работи на утврдување на мотивот.

Пожар подметнат во ресторан

Утрински - 10.01.2008

Пироман завчера предизвикал пожар во ресторан во тетовско село Зајас со четири плински боци. Во пожарот нема повредени, предизвикана е само материјална штета. Пожарот во ресторанот „Викторија“ бил предизвикан во вторникот рано утрото, непознатиот пироман влегол преку прозорецот и од кујната зел ...

Пожар во ресторан

Вечер Прес - 10.01.2008

Во кичевското село Зајас, вчераноќ бил подметнат пожар во угостителскиот објект "Викторија". Во пожарот нема повредени лица, а изгорел инвентарот и музичката опрема која била оставена во локалот. Полицијата, која извршила увид на местото, ја утврдува причината за пожарот.

Му ја запалиле визбата

Време - 08.01.2008

ПРИЛЕП Непознат пироман се обидел да запали визба на еден прилепчанец, но за среќа изгорела само вратата, ноќта меѓу петокот и саботата. Полицијата јавува дека во точно неутврдено време во Прилеп на улицата Мавровска број 5, населба Тризла, непознат сторител предизвикал пожар во куќа, сопственост ...

Подметнат пожар во визба

Дневник - 08.01.2008

Пироман подметнал пожар во визбата на Р.М (52) од прилепската населба Тризла, на улицата Мавровска, во саботата, соопшти МВР. Засега непознатото лице со запалива течност ја посипал дрвената влезна врата од визбата и ја запалил. Во пожарот изгоре дел од вратата, а во внатрешниот дел изгорел таванот.

Подметнат пожар

Вечер Прес - 08.01.2008

Ноќта спроти саботата, во Прилеп, непознат сторител предизвикал пожар на улицата Мавровска во населбата Тризла. Непознатиот со бензин ја полил и запалил дрвената влезна врата на помошна просториија на куќа сопственост на Р. М. (44). Пожарот покрај вратата го зафатил и внатрешниот дел од таванот.