TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски во официјална посета на САД

Време - 22.10.2005

ИДНАТА НЕДЕЛА Македонска владина и деловна делегација, предводена од премиерот Владо Бучковски, наредната недела ќе престојува во посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе биде примена од американскиот претседател Џорџ Буш во Белата куќа, јави МИА.

Бучковски ја објави имотната состојба

Дневник - 22.10.2005

ТРАНСПАРЕНТНОСТ Премиерот Владо Бучковски во своја сопственост има станбен имот во Скопје проценет на 170.000 евра, се истакнува во имотниот лист, кој од вчера е ставен на увид на јавноста на веб-страницата на Владата. Кабинетот на премиерот соопшти дека имотната состојба на Бучковски е ставена на ...

Решавањето на статусот на Косово не смее да ги наруши границите

Утрински - 22.10.2005

Новиот албанскиот премиер Сали Бериша во посета на Македонија Бериша: Треба да се почитуваат постојните граници на Балканот и на Косово ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Скопје и Тирана имаат речиси идентични ставови за идното решавање на статусот на покраината, е заклучокот што произлезе вчера од средбата на ...

Бериша: Статусот на Косово не смее да ги менува границите на Балканот

Вест - 22.10.2005

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР НА ГОСТИ ВО СКОПЈЕ Албанија е на став дека во разговорите за решението на конечниот статус на Косово треба да се почитуваат постоечките граници на Балканот, вклучувајќи ги и границите на косовската територија.

Бучковски поседува семеен имот вреден 170 илјади евра

Утрински - 22.10.2005

Премиерот јавно го обелодени имотниот лист доставен до антикорупционерите Премиерот Владо Бучковски поседува две семејни куќи во скопските населби Козле и Жданец со вкупна вредност од 170 илјади евра, а „маздата" што ја возеше изминатите неколку години ја продал минатиот месец.

Конечниот статус на Косово не треба да ги смени границите

Дневник - 22.10.2005

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР САЛИ БЕРИША ВО СКОПЈЕ Македонија и Албанија имаат исти ставови за конечниот статус на Косово, кои во основа го имаат принципот на почитување на постојните граници во регионот, заклучиле премиерите на двете земји Владо Бучковски и Сали Бериша на вчерашната средба.

Бучковски го обелодени имотот

Време - 22.10.2005

НА ИНТЕРНЕТ Недвижен имот во вредност од 170 илјади евра поседува премиерот Владо Бучковски. Тој вчера на официјалниот сајт на Владата ја објави содржината на анкетниот лист што го доставил до антикорупциската комисија. Бучковски има дел од 84 квадрати во семејна куќа во населбата Козле, во ...

Црвенковски и Бучковски ќе го "прескокнат" Косово

Дневник - 22.10.2005

НА СРЕДБАТА КАЈ ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА Претседателот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски нема да разговараат за своите различни ставови за гаранциите за територијалниот интегритет на Македонија, велат во кабинетот на Бучковски.

Македонскиот премиер патува на средба со Буш

Утрински - 22.10.2005

Македонска владина и бизнис-делегација во посета на САД Македонска владина и бизнис-делегација предводена од премиерот Владо Бучковски наредната недела ќе престојува во посета на Соединетите Американски Држави. Централен настан во агендата на премиерот Бучковски ќе биде средбата со американскиот ...

Со статусот на Косово не смее да се менуваат границите

Време - 22.10.2005

БУЧКОВСКИ И БЕРИША СО ИСТА ПОРАКА Боби Христов Во утврдувањето на финалниот статус на Косово треба да се почитуваат постојните граници на Балканот и на Косово, а конечното решение да придонесе за јакнење на мирот и на стабилноста во регионот, е заедничката порака на премиерите на Македонија и ...

Бучковски има имот вреден 170.000 евра

Вечер Прес - 22.10.2005

Дел од куќа со 84 м2, во скопската населба Козле, во вредност од 100 000 евра и дел со 68 м2 од семејна куќа во населбата Жданец во вредност од 70 000 евра, е имотот што го поседува премиерот Владо Бучковски. Овие податоци се наоѓаат во имотниот лист, доставен до Државната комисија за спречување на ...

Ореов лад

Вечер Прес - 22.10.2005

Во еден од пространите холови на новиот објект "Рамстор" слушнав дел од жолчната дискусија што ја водеа двајца наши сограѓани. Заклучиле дека во фамозниот "Ореов лад" премиерот Бучковски си го добил токму тоа што си го барал.

Косово не смее да излезе од постоечките граници

Вечер Прес - 22.10.2005

Премиерите на Македонија и Албанија Владо Бучковски и Сали Бериша се на став дека при водењето на преговорите за конечниот статус на Косово треба да се почитуваат постоечките граници на Балканот, вклучувајќи ги и границите на Косово.

Објавен имотниот лист на Бучковски

А1 - 21.10.2005

Македонскиот премиер Владо Бучковски поседува недвижен имот вреден 170.000 евра, се наведува во неговиот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија во 2002 година, што е објавен денеска. Бучковски поседува „дел (84 м2) од семејна куќа во Скопје во населбата Козле во вредност од 100.000 евра ...

Бериша и Бучковски разговараат за Косово

А1 - 21.10.2005

Продолжуваат интензивните контакти на македонските и албанските политички лидери во регионот. Два дена, откако од Скопје замина косовскиот премиер Косуми, во земјава пристигна новиот албански премиер Сали Бериша. Премиерот Бучковски и Бериша се пофалија дека имаат идентичен став за иднината на ...

Буш - Бучковски: Косово е една од главните точки за разговор

Канал5 - 21.10.2005

Неединството во државниот врв ескалира само неколку дена пред средбата Буш - Бучковски во Вашингтон, на која токму Косово е една од главните точки за разговор. Каков став ќе брани премиерот таму – владин или државен, со оглед на јавната конфронтација Црвенковски – Бучковски? Неединството во ...

Бучковски тропа на погрешна врата

Дневник - 21.10.2005

ОЦЕНКА НА ЦРВЕНКОВСКИ ЗА "КОСОВСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА" Ако веќе треба да добива гаранции за територијалниот интегритет, Македонија попрво требаше да им се обрати на Брисел и на Вашингтон отколку на Приштина, порача вчера претседателот на државата Бранко Црвенковски.

Државната политика кон Косово на тест- Црвенковски и Бучковски на средба

Канал5 - 21.10.2005

Секој момент, треба во кабинетот на шефот на државата, да стигне премиерот Бучковски. Средба која се одржува неполни 24 часа, откако Црвенковски повторно јавно го критикуваше премиерот за политиката што ја води кон Косово. Секој момент, треба во кабинетот на шефот на државата, да стигне премиерот ...

Средба Бериша и Бучковски во Скопје

Канал5 - 21.10.2005

Меѓу Бучковски и Бериша нема битни разлики за косовското прашање, па дури и за конечниот статус. Сметаат дека претстојниот процес не треба да ги загрози границите во регионот. Македонскиот премиер не се стега, иако не експлицитно, да зборува и за независност на протекторатот.

Од Приштина не може да се бараат гаранции за границите

Време - 21.10.2005

ЦРВЕНКОВСКИ КОНТРА БУЧКОВСКИ Претседателот Бранко Црвенковски ја поддржува комуникацијата со косовските власти што ја води премиерот Владо Бучковски, но не се согласува со неговите идеи дека косовските власти треба со посебна декларација за отфрлање на големоалбанските идеи да дадат гаранции за ...

Бучковски: САД не лобираат во земјава за независно Косово

Утрински - 21.10.2005

Изјава Премиерот Владо Бучковски вчера ги демантираше информациите објавени од некои медиуми дека САД лобираат во Македонија за признавање на независноста на Косово. Бучковски во изјавата по научниот собир "Јане Сандански и македонското ослободително дело" во МАНУ потенцира дека американско ...

Прво разграничување, па статус

Вечер Прес - 21.10.2005

Улогата на меѓународната заедница е клучна во решавање на проблемот со македонско-косовската граница, смета претседателот Бранко Црвенковски. Бидејќи нема добра волја од косовска страна за демаркација на границата, според претседателот, е неопходно да се побара од ЕУ, НАТО и ОН да се одреди ...

Ќе се бара поддршка од САД за демаркацијата со Косово

Вечер Прес - 21.10.2005

Премиерот Бучковски ќе побара поддршка од американскиот претседател Џорџ Буш за нашиот кандидатски статус во Европската унија и за демаркацијата на границата со Косово. Македонија очекува позитивно мислење од Европската комисија и се надева дека ќе добие кандидатски статус во наредните неколку ...

Црвенковски ќе бара притисок од Брисел за демаркацијата

А1 - 20.10.2005

Косово уште еднаш ја подели надворешната македонска политика. По разликите околу договорот за слободна трговија и визите, сега Премиерот и Претседателот со различни ставови и околу гаранциите за територијалниот интегритет на Македонија. Премиерот Бучковски бараше такви гаранции од косовските власти.

Приштина не сака обележување пред статус

Време - 20.10.2005

КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ПОПУШТААТ Неформалната вечера на премиерите на Македонија и на Косово, Владо Бучковски и Бајрам Косуми, во кафеаната „Ореов лад“ не ги приближи ставовите меѓу македонските и косовските власти. Косовскиот премиер, како што е потврдено, на завчерашната средба ја одбил ...

Косуми - најтврд орев во "Ореов лад"

Дневник - 20.10.2005

косовскиот премиер на СРЕДБА со БУЧКОВСКИ ВО СКОПЈЕ Косово останува на ставот дека границата треба да се обележи по утврдувањето на конечниот статус на покраината и дека не е потребно потпишување резолуција за почитување на територијалниот интегритет на Македонија.

Косуми не доби поддршка од Бучковски за независност на Косово

Утрински - 20.10.2005

Средба на македонскиот и косовскиот премиер пред почетокот на преговорите за статусот на покраината Место резолуција, Бучковски доби само усна гаранција за почитување на територијата на Македонија Слободанка Јовановска Премиерот Владо Бучковски не му даде отворена поддршка на Бајрам Косуми за ...

Црвенковски и Бучковски пак се скараа за Косово

Канал5 - 20.10.2005

Косово повторно јавно ги конфронтира претседателот и премиерот. Црвенковски денеска со директна реплика до Бучковски за неговата средба со Косуми. Територијалниот интегритет на Македонија е пред се работа на нашите капацитети, вели шефот на државата.

Косуми гарантира дека Македонија ќе остане цела цела

Вест - 20.10.2005

НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИОТ И КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР Со евентуалниот финален статус на Косово нема да биде загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, изјави премиерот Владо Бучковски Премиерот Владо Бучковски добил гаранции од косовскиот премиер Бајрам Косуми за ...

Македонија "промотор" на Косово

Вечер Прес - 20.10.2005

Дали Македонија повторно се става во улога на промотор на независно Косово? Прво Љубчо Георгиевски, како шеф на владата, за време на НАТО кампањата во 1999 година го пречека Хашим Тачи во Скопје како иден премиер на новата држава, со сите почести и нишани.

Македонците во Холандија му се налутија на Бучковски

Вечер Прес - 20.10.2005

Македонските иселеници во Холандија му се налутија на премиерот Владо Бучковски. Во писмото што вчера пристигна до нашата Редакција, припадниците на Македонската заедница му забележуваат на првиот министер или претседател на македонската влада, што не нашол за потребно да се сретне со нив за време ...

Притисок врз Скопје и Подгорица да поддржат независно Косово

А1 - 19.10.2005

Американците вршат притисок врз Скопје и Подгорица - да дадат јавна подршка за евентуалната косовска независност, тврдат за А1 официјални извори од Приштина. Засилената комуникација на премиерот Владо Бучковски, кој по вчерашната средба со косовскиот премиер Косуми, во петок се среќава со новиот ...

Бучковски ќе го убедува Косуми за резолуцијата

Дневник - 19.10.2005

КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР ВО СКОПЈЕ Македонија не отстапува од барањето косовските политичари да донесат резолуција за почитување на територијалниот интегритет на државава, пред решавањето на статусот на покраината. Премиерот Владо Бучковски требаше да му го пренесе ова и лично на косовскиот премиер ...

Бајрам Косуми на ноќна средба во Македонија

Утрински - 19.10.2005

Откако премиерот на Македонија побара гаранции од Приштина Премиерот на Косово, Бајрам Косуми, требаше да се сретне со Владо Бучковски во еден од скопските ресторани Слободанка Јовановска Косовскиот премиер Бајрам Косуми синоќа требаше да има средба со премиерот Владо Бучковски во Скопје за да ја ...

Приштина го отфрли предлогот на Бучковски за резолуција

Утрински - 19.10.2005

Косово не гледа причина за резолуција против обединување ПриШтина - Косовските партии и институции и дел од албанскиот политички фактор во Македонија категорично го отфрлија предлогот на премиерот Владо Бучковски косовските власти да донесат резолуција со која би ја отфрлиле можноста за обединување ...

Косуми на неформална средба со Бучковски

А1 - 18.10.2005

Неформално, со вечера во скопскиот ресторан „Ореов лад“. Вака премиерот Бучковски ќе го дефинира со неговиот колега од Косово, Бајрам Косуми, ставот за демаркацијата на границата и прашањето дали косовската Влада треба да донесе резолуција со која ќе го гарантира територијалниот интегритет на РМ во ...

Косуми: Приштина и Скопје треба да ја дефинираат границата

А1 - 18.10.2005

„Приштина и Скопје се двете престолнини кои што треба да ја дефинираат граничната линија“, изјави во интервјуто за А1 Бајрам Косуми, претседател на привремената влада на Косово. Не само еднаш, но многупати Владата на Косово јавно потврди дека го респектираме територијалниот интегритет и суверенитет ...

Бериша: „Статусот на Косово според волјата на неговите граѓани“

А1 - 18.10.2005

Статусот на Косово треба да се реши согласно волјата на неговите граѓани „кои сакаат независност“, а таквото решение со гарантирање на сите права на малцинствата би ја зацврстило стабилноста на регионот, оцени денеска премиерот на Албанија Сали Бериша.

Бучковски не е работодавец на албанските партии

Дневник - 18.10.2005

АЛБАНЦИТЕ РЕАГИРААТ НА ПРЕДЛОГОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР Косовските партии и институции и дел од албанскиот политички фактор во Македонија вчера категорично го отфрлија предлогот на македонскиот премиер Владо Бучковски, јави Макфакс.

Средба Бучковски - Косуми во „Ореов лад“

Канал5 - 18.10.2005

Бучковски и Косуми ќе имаат неформална вечерва во ресторанот „Ореов лад“ во Сарај. Ќе успее ли македонскиот премиер да го убеди својот косовски колега дека политичарите во Приштина треба да потпишат декларација со која ќе се откажат од идеите за Голема Албанија и Големо Косово.

Економската и социјалната несигурност - извор на конфликт

Време - 18.10.2005

ПРЕМИЕРОТ ВО ХОЛАНДИЈА Економската и социјалната несигурност многу лесно може да доведат до конфликт, оцени премиерот Владо Бучковски во своето обраќање пред кралскиот институт на Холандија, вчера во Хаг, пренесува МИА. Бучковски се осврнал на економските проблеми во земјите од Југоисточна Европа, ...

Косуми доаѓа без согласност за декларација против големо Косово

Време - 18.10.2005

БУЧКОВСКИ ГИ ПОДЕЛИ КОСОВСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ Боби Христов Косовските политички партии ја отфрлија како неприфатлива иницијативата на македонскиот премиер Владо Бучковски водечките политичари на Косово или парламентот да донесат посебна резолуција со која јавно би се отфрлила можноста за обединување на ...

Сали Бериша во Скопје

Време - 18.10.2005

В ПЕТОК Новиот албански премиер, Сали Бериша, в петок ќе престојува во официјална посета на Македонија на разговори со премиерот Владо Бучковски, дознава „Време“. Тоа е прва посета на новиот албански премиер на која покрај разговорите за билатералните односи се очекува да се разговара за состојбите ...

Зависни од независно Косово

Вечер Прес - 18.10.2005

Статусот на Косово ќе биде главен настан во регионот во наредната година. Најверојатен исход од преговорите, што почнуваат идниот месец, се целосна, евентуално условна независност на покраината. Извесно е дека Балканот ќе претрпи ново моделирање во кое централната улога ќе ја има Косово.

Косово го одби предлогот на Бучковски

А1 - 17.10.2005

За демаркација на границата, Косово ќе ја чека финалната разврска - ова за А1 го изјави косовскиот премер Бајрам Косуми, по најавите на македонскиот колега Бучковски, дека одбележувањето би се извршило пред конечното решавање на косовскиот статус. За Косуми границата е само техничко прашање .

Демаркацијата пред статусот на Косово

Дневник - 17.10.2005

ПРЕПОРАКА ОД ООН ЗА ГРАНИЦАТА КОН МАКЕДОНИЈА Препораката во извештајот на Каи Еиде за Косово, демаркацијата на границата во делот кон Македонија да заврши пред конечното решение за статусот на покраината, е добра за нас и генерално за регионот, бидејќи е во насока на олеснување на односите во ...

Ќе се преиспитаат договорите за земјиште во Светиниколско

Време - 17.10.2005

БУЧКОВСКИ НА „ТУРНЕЈА“ ВО ВНАТРЕШНОСТА Сите договори за распределба на земјиште во Светиниколско, за кои постои сомневање дека се неправедни, или дека тие што го добиле земјиштето не го користат за земјоделско производство, ќе бидат преиспитани, им ветил премиерот Владо Бучковски на овчеполските ...

Економската ситуација е жална и тажна

Утрински - 17.10.2005

Премиерот Владо Бучковски во работна посета на Свети Николе и Велес Според премиерот, сите спорни договори ќе бидат раскинати и ќе се оди на нова и праведна поделба на земјиштето Иван Бојаџиски - БоЖана Ќулавкова - Чадиева СВЕТИ НИКОЛЕ, ВЕЛЕС - Брза и праведна реализација на аграрната реформа, ...

Нова шанса за светиниколчани да закупат државно земјиште

Дневник - 17.10.2005

ВЛАДАТА КОНЕЧНО ПОПУШТИ Премиерот Владо Бучковски вчера во Свети Николе, со претставници на Фондацијата за обнова и развој на Овче Поле, на Независниот земјоделски синдикат и со градоначалникот Слободан Даневски, потпиша договор за продолжување на проектот за давање земја на плодоуживање во оваа ...

Косуми ќе го посети Скопје но ќе го одбие предлогот на Бучковски

Канал5 - 17.10.2005

Косовскиот премиер Бајрам Косуми ќе допатува во Скопје, но по се изгледа нема да го прифати предлогот на Бучковски кој во замена за конструктивноста на македонската влада во пресрет на решавањето на Косовскиот статус, побара косовските политичари да усвојат резолуција во која ќе ја отфрлат ...

Прво демаркација, па потоа решавање на финалниот статус на Косово

Утрински - 17.10.2005

ИЗЈАВА Македонија ги направи сите подготовки на дипломатски план да ги презентира ставовите за независност на Косово кои се респектирани и на највисоко ниво и од САД, и од Европска унија, и од НАТО. Тоа значи дека за какво било решение да се договорат Белград и Приштина со посредство на ...

Тешкотии од лошата транзиција

Вечер Прес - 17.10.2005

ВЕЛЕС.- Во Велес, некогаш силниот индустриски центар на Македонија, само 10.000 работат, од нив многумина имаат плата далеку под просечната, а има и армија од 16.000 невработени лица. Надминувањето на овој проблем беше централната тема во разговорите на премиерот Владо Бучковски со челниците и ...

Македонскиот државен врв бара гаранции

Вечер Прес - 17.10.2005

"Какво било решение за косовското прашање, што ќе го договорат Белград и Приштина, со посредство на меѓународната заедница, мора да го респектира нашиот територијален интегритет и суверенитет", изјави премиерот Владо Бучковски при завчерашната посета на Велес.