TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Орсалија Каланзополус во Скопје

А1 - 19.11.2005

Орсалија Каланзополус, регионалниот координатор на Светската банка за Југоисточна Европа, дојде во Скопје. На неофицијална средба со дел од владиниот тим и лично ќе им ги пренесе забелешките дека реформата технички не е подготвена и дека може да предизвика хаос.

Влада со софтверска грешка

Дневник - 19.11.2005

Сашо Кокаланов Криејќи ги писмата од Светска банка во кои се бара одложување на реформата на пензискиот систем поради неподготвеност на државата, Владата ги прекрши основните принципи на транспарентност и на одговорност во својата работа. Граѓаните треба да ги слушнат и лошите вести.

Нема опасност за пензионерите, уверуваат пензиските фондови

Утрински - 19.11.2005

По препораките од Светска банка за одложување на стартот на вториот пензиски столб Наспроти препораките од Светска банка дека е потребно да се одложи почетокот на функционирањето на вториот пензиски столб, домашните институции инволвирани во пензиските реформи уверуваат дека се подготвени за ...

Надлежните мирни, осигурениците збунети

Дневник - 19.11.2005

ПО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ОД СВЕТСКАТА БАНКА Вознемирени се членовите и тие што мислат да се зачленат во приватните пензиски фондови, по предупредувачките писма од Светската банка со кои бара Владата итно да го одложи почетокот на фунционирањето на вториот пензиски столб.

Во реформа со "спуштени панталони"

Вечер Прес - 19.11.2005

Реформата на пензискиот систем е единствена македонска реформа за која, барем до пред неколку дена, не се кршеа копјата. Околу потребата од воведување на вториот пензиски столб изостанаа и вообичаените меѓупартиски калкулации и подметнувања.

Пензиските фондови против одложување на реформата

А1 - 18.11.2005

Двата приватни пензиски фонда контра Светската банка. Велат, реформата не смее да се одложи. Само поради евентуални технички проблеми што би се јавиле со софтверот, не може да се одложува реформата. Ова е ставот и на КБ Прво пензиско друштво и на Нов пензиски фонд, по препораката на Светската банка ...

Итно да го одложите вториот пензиски столб!

Дневник - 18.11.2005

ЕКСКЛУЗИВНО: ПИСМАТА ОД СВЕТСКАТА БАНКА ДО ВЛАДАТА Македонија не е подготвена за вториот пензиски столб и затоа треба итно да го одложи! Ова им било соопштено на премиерот Владо Бучковски и на надлежниот министер Стевчо Јакимовски во две одделни писма од Светската банка, која е главен супервизор и ...

Проблеми со софтверот има, но пензиските реформи продолжуваат

Утрински - 18.11.2005

Според министерот за труд и социјала, Стевчо Јакимовски Од КБ Прво пензиско друштво велат дека се целосно подготвени за новиот пензиски систем МАЈА ТОМИЌ "Немам добиено никакво писмо од Светската банка и не можам да коментирам ништо околу тоа.

Нашите пензии

Дневник - 18.11.2005

Трајко Славески Со наполнети четириесет и пет години имам дваесет години работен стаж. На половина сум од работниот век. Здравје, по дваесет години се надевам дека државата ќе си ги исполни обврските и ќе почне да ми исплаќа пензија која ќе ми обезбеди пристоен доход за мирна старост.

Реформираниот пензиски систем стартува од јануари

Вечер Прес - 18.11.2005

"Реформите во пензискиот систем течат според предвидената динамика и како што е предвидено, од 1 јануари наредната година ќе почне издвојувањето на дел од придонесите во приватните пензиски фондови", изјави вчера министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски.

Власта нема намера да ги одложи пензиските реформи

А1 - 17.11.2005

Власта нема намера да ги одложи реформите. Министерот Јакимовски не видел никакво писмо од Светската банка со кое таа препорачува одложување на пензиските реформи поради ризик да крахираат. „Јас писмо немам добиено. Без разлика какво писмо ќе се добие, Министерството за труд и социјална политика ...

Пензискиот пред уривање!?

Дневник - 17.11.2005

ПИСМО ОД СВЕТСКА БАНКА ДО ВЛАДАТА Реформата на пензискиот систем во Македонија ќе се претвори во хаос, бидејќи Владата не е подготвена да ја спроведе од 1 јануари 2006 година, соопшти вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Пензиските реформи продолжуваат со исто темпо

Утрински - 17.11.2005

Фондот за ПИОМ ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ Светска банка упатила забелешки до Фондот од технички карактер, кои брзо ќе се надминат инбсп; МАЈА ТОМИЌ "Не се точни обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, искажани на вчерашната прес-конференција, дека Светска банка Ј испратила ...

Светската банка опомена да се побрза со новиот пензиски фонд

Вест - 17.11.2005

Светска банка испратила писмо до премиерот Владо Бучковски, но не за одложување на пензиските реформи, туку да ја потсети Владата дека треба да ги реши проблемите од техничка природа за старување на новиот пензиски стистем во Македонија.

СБ бара одложување на пензиските реформи

А1 - 16.11.2005

Светската банка ја предупреди Владата да го одложи стартот на пензиските реформи, бидејќи технички не е подготвена да стартува на 1 јануари идната година. Банката писмено го известила премиерот Бучковски за ваквата препорака .