TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Бачило“ ги револтира семејствата на загинатите кај Вејце

А1 - 19.03.2006

Отштетата на 700.000 евра отштета за бачилото на Иснифарис Џемаили дополнително ги револтира сите што не можат да наплатат ниту неколку илјади за изгубените животи во конфликтот. На семејствата на масакрираните кај Вејце државата им спори.

Вмешаните институции ги кријат записниците од бачилото

Време - 18.03.2006

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ФРУСТРИРАНА Емил Зафировски Антикорупциската комисија бара конкретни докази дека воени хеликоптери на АРМ му го гранатирале бачилото на Иснафарис Џемаили и дека при тоа му убиле 1.000 овци, за што државата му исплати отштета од 720.000 евра.

Штетата на бачилото на Џемаили се утврдувала во 2004-та

А1 - 17.03.2006

Колкава штета била направена на бачилото на Иснифарис Џемаили, се утврдувало дури три години подоцна, во 2004-та. Не на лице место, туку врз основа на судска документација. Еден од тројцата експерти во тимот кои го вршеле вештачењето, поранешниот министер за земјоделство Владимир Џабирски, за А1 ...

Случајот „Бачило“ пред антикорупциската комисија

Време - 17.03.2006

ПОРАДИ СЕ ПОГОЛЕМИТЕ СОМНЕЖИ Емил Зафировски Антикорупциска комисија вчера го отвори случајот „Бачило“ откако сите надлежни институции одбија да кажат како два хеликоптери на АРМ успеале со две гранати да отепаат 1.000 овци и триесетина коњи за кои државата на Иснаферис Џемаили од Тетовско му ...

Тајните на супербачилото

Време - 17.03.2006

ЕМИЛ ЗАФИРОВСКИ АРМ има ретка можност да кандидира двајца свои пилоти во гинисовата книга на рекорди. Ако се суди според одлуката на Основниот суд Скопје 1, тие успеале со само две гранати да отепаат повеќе од 1.000 грла добиток раштркан низ падините на Шар Планина.

Антикорупционерите бараат увид во судскиот предмет "Бачило"

Утрински - 17.03.2006

По многуте недоразбирања и префрлања на топката околу отштетата од 727.000 евра Маневски: Антикорупциската комисија вчера заклучила дека целосно и самостојно ќе се вклучи во расветлувањето на случајот, преку прибавување докази од надлежните институции Антикорупциската комисија ќе побара од ...

Буџетот можел да се спаси од молзење

Дневник - 17.03.2006

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВНАТА ПРОЦЕДУРА Ако Јавното правобранителство во случајот "Бачило"" се жалело до Врховниот суд, наместо до Апелацискиот, отштетата сигурно немало да биде 720.000 евра, тврди претседателот на Врховниот суд Дане Илиев.

Детална истрага за милионите на Џемаили

Вечер Прес - 17.03.2006

Антикорупциската комисија вчера, на затворена седница го разгледуваше писмото од премиерот Владо Бучковски за случајот "Бачило". Претседателот на Комисијата, Михајло Маневски, најави дека ќе побара информации и од Врховниот суд, чија реакција за случајот "е извонредна".

Волци ги изеле овците вредни 720.000 евра

Време - 16.03.2006

СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ СЕ ПОЗАПЛЕТКАН Мери Јордановска Најголем број отепани овци на гостиварецот Иснафарис Џемаили во 2001 година, за кои државата му платила отштета од 720.000 евра, или исчезнале или ги изеле волците, со што не било можно да се утврди нивниот точен број, тврдат за „Време“ судски ...

Бучковски најавува смени за "случајот Бачило"

Утрински - 16.03.2006

Дали се исцрпени сите правни средства околу исплатата на отштетата од гранатирањето на АРМ во време на конфликтот? Јавната правобранителка ќе замине ако го лажела премиерот Жаклина Ѓорѓевиќ Премиерот Владо Бучковски се закани дека ќе ја смени јавната правобранителка Зоја Лега Станоевска доколку се ...

Правобранителството црна овца во "Бачило"

Дневник - 16.03.2006

ПРЕМИЕРОТ ВО ПОТРАГА ПО ВИНОВНИЦИ Антикорупциската комисија се сомнева дека се е чисто во случајот "Бачило", а премиерот најави смена на јавниот правобранител, откако Врховниот суд соопшти дека во спорот не биле исцрпени сите правни лекови, како што тврдеше Владата.

Маневски со сомневања за неправилности во случајот „Бачило“

А1 - 15.03.2006

Премиерот Бучковски испратил писмо до Антикорупциската комисија за случајот „Гранатирано бачило“. Дали таа го разгледувала овој случај? Има ли елементи на корупција во него? „Случајот „Бачило“ го покрена Антикорупциската комисија врз основа на извештајот што го направи Државниот завод за ревизија, ...

Џемаили ќе бара уште 25 милиони евра

А1 - 15.03.2006

Со мобилен телефон и цигари „Картие“, најбогатиот овчар во Македонија го чува бачилото вредно 727.000 евра. Му ги даде државата, во време кога Бучковски беше министер за одбрана. „Направена е голема штета и сега зошто е платено? Јас тужев, барав дали сме во право или не.

Никој не знае кога и како биле утепани овците

Време - 15.03.2006

ИАКО ДРЖАВАТА ЗА НИВ ИСПЛАТИ 720.000 ЕВРА Емил Зафировски Министерството за одбрана одбива да каже како и кога било гранатирано бачилото каде што наводно угинале повеќе од 1.000 грла добиток, по што државата на лицето Иснафарис Џемаили му исплатила отштета од 720.000 евра.

Бучковски бара од антикорупционерите да го разгледаат „случајот Бачило"

Утрински - 15.03.2006

Писмо Премиерот Владо Бучковски, вчера, со писмо побара од Антикорупциската комисија да го разгледа "случајот Бачило" со цел да се утврди дали е законски постапувано во целата постапка. Премиерот смета дека Антикорупциската комисија треба да ја разјасни постапката поради “различните толкувања на ...

Бачилото го проценил само локален ветеринар

Дневник - 15.03.2006

ВРХОВНИОТ СУД ПОВТОРНО ГО ОТВОРИ СЛУЧАЈОТ Пресудата за отштета од 727.000 евра на бачило е врз основа на белешка на локален ветеринар, тврдат судски извори. Јавното правобранителство вчера потврди дека не поднесло жалба против последната пресуда во случајот "Бачило", зашто немало основа за тоа.

Матеница од 730.000 евра

Дневник - 15.03.2006

игор к. илиевски Токму кога сточарите од Шар Планина се надеваа дека на мира ќе ги пуштат стадата на пролетно пасење, две правосудни институции ја поткиселија матеницата од најпознатото, ако не и најскапо, бачило во Македонија.

Спротивни вистини за случајот „Гранатирано бачило“.

А1 - 14.03.2006

Кој лаже? Јавното правобранителство, Министерството за одбрана, Врховниот суд? Сите со спротивни вистини за случајот „Гранатирано бачило“. Полемизираат дали Владата ја обжалила судската одлука на Инсифарис Џемаили да му исплатат 727.000 евра, но никој не го покренува прашањето: зошто се дадени ...

МО и Правобранителството ја дезинформираат јавноста

Време - 14.03.2006

ВРХОВЕН СУД ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Врховниот суд вчера соопшти дека во случајот „Бачило“, каде што државата на Џемаили Иснифарис од Скопје му исплати околу 720.000 евра отштета за угинат добиток во 2001 година, не биле искористени ниту вонредни ниту редовни правни лекови за оспорување на ...

Препукувања за "случајот Бачило"

Утрински - 14.03.2006

Највисокиот суд демантира дека се искористени сите правни средства околу исплатата на отштета за гранатираниот добиток Врховниот суд на Македонија вчера ги демантираше информациите дадени во јавноста на одговорните од Министерството за одбрана и на Јавното правобранителство дека се искористени сите ...

Владата лажела дека се жалела за бачилото

Дневник - 14.03.2006

ВРХОВНиот СУД потврди дека не се искористени сите правни лекови во спорот со Иснифарис Џемаили Владата не ја обжалила пресудата со која на Иснифарис Џемаили му се исплатени 727.000 евра како отштета за гранатирано бачило во 2001 година.