Од набљудувачката мисија на Европската Унија во Грузија соопштија дека руските воени трупи почнале да се повлекуваат од тампон зоната во близина на отцепената грузиска покраина Јужна Осетија.
Рускиот претседател Дмитри Медведев нареди да се зголеми безбедноста во отцепениот грузизиски регион Јужна Осетија, каде во експлозија загинаа 8 руски војници.
Набљудувачи од Европската унија во Грузија вчера регистрирале демонтирање на контролен пункт на руските војски во близина на сепаратистичката област во Јужна Осетија, соопшти претставник на ЕУ.
Воената интервенција на Русија во Грузија во август ја чинела државата околу 1,9 милијарда евра, пишува московски „Комерсант“ во написот за измените во буџетот на одбраната, кои се разгледуваа во рускиот парламент.
Седуммина руски војници загинаа во денешната експлозија на автомобил во Чинвали, престолнината на Јужна Осетија, соопшти командантот на руските мировни сили Марат Кулахметов. „Седум војници загинаа, а седум се ранети.
Набљудувачи на ЕУ во Грузија вчера почнаа да го надгледуваат договорот за прекин на огнот меѓу Москва и Тбилиси, кој предвидува повлекување на руските сили до 10 октомври од безбедносните зони околу сепаратистичките региони, Јужна Осетија и Абхазија.
Околу 300 набљудувачи на Европската Унија денеска во Грузија ја започнаа својата мисија за надгледување на прекинот на огнот. Посматрачката мисија е дел од договорот што беше постигнат по августовскиот оружен конфликт меѓу Русија и Грузија.
Денеска во Грузија ќе почне распоредувањето на 300 набљудувачи на Европската Унија, кои треба да го надгледуваат прекинот на огнот во таа земја. Посматрачката мисија е дел од договорот што беше постигнат по августовскиот оружен конфликт меѓу Русија и Грузија.
Најмалку 200 цивилни набљудувачи од 22 земји членки на Европската унија(ЕУ), денеска ќе бидат распоредени во Грузија. Набљудувачите ќе бидат распоредени во четири регионални центри во близина на зоната кај Јужна Осетија и Абхазија, каде се распоредени руските сили.
Со воена парада во главниот град Сухуми, грузиската сепаратистичка република Абхазија вчера прослави 15 години од едностраното прогласување независност. Само Русија и Никарагва досега ја признаа независноста на двата грузиски региона, Абхазија и Јужна Осетија.
Русија и Грузија се одговорни за воени злосторства, кои, според оценката на мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се извршени за време на судирите во Грузија, изјави Лук ван ден Бранд, автор на извештајот за овој судир.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров вчера изјавил дека разговорите за територијалната унитарност на Грузија, по нејзината агресија на Јужна Осетија, се бесмислени, јави МИА.