TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Го прскал телото со спреј против муви за да не се шири реа

Вест - 10.09.2005

УАПСЕН УБИЕЦОТ НА СКОПСКИОТ ЛИХВАР Осомничен за убиството на Горан Митковски-Думу (32) е Миле Делов (31) од Скопје кој на убиениот му должел за камати и главен долг околу 50.000 евра по што одлучил да го ликвидира а за да го прикрие злосторството мртвото тело го чувал во гаража и го п Миле Делов ...

Фатен убиецот на лихварот Митковски

Дневник - 10.09.2005

во полициска акциЈа Убиецот на Горан Митковски (32), лихвар од скопската населба Ѓорче Петров, чиј труп беше пронајден во багажник на автомобил паркиран кај хотелот "Александар палас", завчера бил уапсен, соопшти МВР. Станува збор за Милан Делов (31) од Скопје кој го признал убиството.

ЗАЕМОТ И КАМАТАТА ПРИЧИНА ЗА УБИСТВОТО

Вечер Прес - 10.09.2005

Миле Д. (31) од Скопје, завчера е приведен од полицијата поради сомнение дека го лишил од живот Горан Митковски-Дума. Против него полицијата поднесе кривична пријава за убиство, а истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Киднапиран па убиен скопски лихвар

Вест - 09.09.2005

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА МАЖ ВО БАГАЖНИК НА АВТОМОБИЛ КАЈ ХОТЕЛОТ "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС" ВО СКОПЈЕ Се зборува дека пронајденото телото е на познат скопски бизнисмен кој најверојатно бил убиен за пари, неофицијално бил лихвар и дека претходно бил киднапиран, по што грабнувачите за откуп од неговото семејство ...

Тркачот Дељо го убил лихварот Думо

Време - 09.09.2005

ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИ ЗЛОСТОРСТВОТО Скопјанецот Миле Делев-Дељо (31) на 19 август годинава ладнокрвно го убил Горан Митковски-Думо (32) во својот автосервис во скопската населба Тафталиџе, информира полицијата. МВР вчера поднело кривична пријава против Делев за убиство, а истражен судија му ...

Полицијата пред разрешување на случајот

Утрински - 09.09.2005

Три дена по пронаоѓањето машки труп во возило оставено на паркингот меѓу "Александар палас" и базенот "Младост" Одредени медиуми веќе пласираа информација дека починатиот е Горан Митковски од Скопје И по изминати три дена, откако во гепек на автомобил "опел омегааи оставен на вториот паркинг кој се ...

Тајна организација ќе ликвидира лихвари

Дневник - 09.09.2005

ПО УБИСТВОТО НА СКОПСКИОТ БИЗНИСМЕН Сакам да ве известам дека јас со помош на мои истомисленици го киднапирав и изрешетав сопственикот на кафе-барот "Дуомо". Така ја испративме првата порака до подземјето во Македонија. Заедно со уште десетина мои истомисленици оформивме група за ликвидација на ...

Пронајден и притворен убиецот на Горан Митковски - Думка

Канал5 - 09.09.2005

Станува збор за 31 годишниот скопјанец Миле Д... Приказната почнува пред четири години кога осомничениот од Митковски позајмил 4000 евра за кои месечно требал да плаќа камата од 10 отсто.. Станува збор за 31 годишниот скопјанец Миле Д...

Пронајден убиецот на Митковски

Макфакс - 09.09.2005

Скопје Осомничениот убиец на Горан Митковски (32) чие тело беше пронајдено деновиве во багажник на автомобил во Скопје, е пронајден и против него е поднесена кривична пријава за “убиство“, соопшти денеска македонската полиција. Според истите извори, М.Д.

Уапсен е убиецот на Горан Митковски

А1 - 08.09.2005

Уапсен е убиецот на Горан Митковски, дознава А1. Полицијата во интерес на истрагата и понатаму молчи. Не го потврдуваат апсењето, но велат дека истрагата финишира. По извршената обдукција МВР го потврди идентитетот што го објави А1.

За грст евра грабнуваат, тепаат и ликвидираат

Време - 08.09.2005

КИДНАПИРАЊАТА КАКО НОВ ФЕНОМЕН ВО ДРЖАВАВА Александар Божиновски Желбата за брза заработувачка на нелегален начин, шверцот и заштитата од високи структури во власта на криминалците предизвикаа ерупција на криминалот во сите облици, па и на лихварството и тесната врска на овој вид криминал со ...

Полицијата молчи за трупот кај „Александар палас“

А1 - 07.09.2005

Полицијата молчи за трупот спакуван во багажник и оставен под хотелот „Александар палас“. Идентитет го знаат, но не сакаат да го потврдат со образложение дека чекаат обдукцијата да заврши. Според информациите на А1, убиениот е Горан Митковски, бизнисмен од Скопје.

Црниот тефтер на лихварот не стигна до истражниот судија

Макфакс - 07.09.2005

(Дневник) - четврток, 22.09.2005 ИСТРАГА ЗА УБИСТВО Фамозните договори за заем на пари на убиениот Горан Митковски (32), лихвар од скопската населба Ѓорче Петров, чиј труп беше пронајден во багажник на автомобил паркиран кај хотелот "Александар палас" вчера не стигнаа до истражниот судија.