TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ во Кичево

А1 - 25.06.2006

Изборите не се момент за да се создаваат проблеми меѓу албанските партии, рече синоќа во Кичево лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој упати апел да престанат инцидентите меѓу албанските партии бидејќи изборите, како што рече, не се значајни само за албанскиот народ туку и за цела Македонија.

Ранет и двајца претепани во пресметка меѓу активисти на ДУИ и ДПА

А1 - 25.06.2006

Молк во Рашче по синоќешната размена на рафали меѓу активистите на ДПА и ДУИ. Штабот на ДПА денеска затворен. Во синоќешниот инцидент најтешко помина 23 годишниот активист на ДУИ, Зимбер Османи. Ранет е во стопалото. Бесфорд Алити, син на Рафиз Алити поминал со телесни повреди.

Нема примирје помеѓу закрвените активисти на ДПА и ДУИ

Канал5 - 25.06.2006

ДПА тврди дека е жртва во инцидентот во Рашче, иако тројцата повредени синоќа се луѓе на ДУИ. Мендух Тачи вели дека биле загрозени неговиот и животот на Арбен Џафери од куршумите кои кон нив ги истрелале вооружени активисти на ривалската партија ДПА тврди дека е жртва во инцидентот во Рашче, иако ...

И Ахмети и Џафери сигурни во победа

А1 - 24.06.2006

Со изедначени шанси и двајцата се сигурни во победа. Затоа, ризикот од нерегуларности е поголем од никогаш досега. Го докажаа и досегашните инциденти. Но кој е виновен? „Значи неправилностите не можат да се направат од политичките партии без асистенција или помош од државата“, изјави Арбен Џафери ...

Демолирани штабови на ДУИ во Теарце и во Слатино

Време - 24.06.2006

ВО ТЕТОВСКО ПАК ИНЦИДЕНТИ Штабови на ДУИ во тетовските села Слатино и Теарце биле нападнати вчераутро. Во Слатино два штаба што се наоѓаат во приземјето на една куќа се демолирани. Непознатите сторители искршиле стакла од прозорците на објектите што биле користени како штабови на ДУИ.

ДУИ побара одговорност од Џафери

Дневник - 24.06.2006

Ги реализиравме правата на Албанците и постигнавме албанскиот и македонскиот јазик да се употребуваат рамноправно, рече лидерот на ПДП Абдулади Вејсели на завчерашниот митинг на коалицијата ДУИ-ПДП во Студеничани. Коалицијата ДУИ-ПДП ии'порача на партијата на Арбен Џафери дека треба да одговараат ...

Изборен крш од Кичево до Скопје

Дневник - 24.06.2006

Од Зајас до скопско Чајлане речиси нема село каде што не се случиле инциденти помеѓу двете најголеми партии на Албанците Од кичевското село Зајас до скопско Чајлане завчеравечер продолжиле меѓусебните пресметки на активистите на ДПА и на ДУИ, во кои под закани со оружје биле демолирани изборни ...

Тачи ќе ги води своите битки од Скопје

Дневник - 24.06.2006

Ви ветувам дека кога ќе станам пратеник, ќе живеам во Скопје, а само во викендите ќе се враќам во Тетово за да докажам дека битките ќе ги водиме во Скопје, им порача заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи на најупорните симпатизери, кои завчеравечер ниту поројниот дожд и град не ги поколебаа да ...

Демолирани штабови на ДУИ во Слатино и во Доброште

Утрински - 24.06.2006

ТЕТОВО - Вчера во раните утрински часови беа демолирани седиштата на два локални изборни штаба на коалицијата ДУИ - ПДП во Слатино и еден во Доброште, Тетовско. Во Слатино се искршени стакла и на еден трговски дуќан сместен во семејната куќа на Рами Ќерими, градоначалник на Општина Теарце, жител на ...

Ахмети: ДУИ нема причини да предизвикува инциденти

Утрински - 24.06.2006

ТЕТОВО - „Демократската унија за интеграција нема никакви причини да предизвикува изборни инциденти. Тие се мотивирани од нашите политички опоненти. Треба да се осудат како дело на неодговорни луѓе кое е штетно за сите". Вака вчера Али Ахмети, лидер на ДУИ, од плоштадот во Тетово ги прокоментира ...

Нема да се занимавам со предлозите на Џафери

Време - 24.06.2006

АЛИ АХМЕТИ Нема да се занимавам со предлозите на Џафери, изјави вчера Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во врска со предлогот на претседателот на ДПА двајцата да поднесат оставки по серијата инциденти во Скопско и во Тетовско. Во ДУИ велат дека амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилијан Миловановиќ и Ерван ...

ДУИ и ДПА во стар филм

Вечер Прес - 24.06.2006

Демолирани се двата изборни штаба на ДУИ во тетовското село Слатина. Според претставниците на ДУИ, инцидентите се случиле завчераноќ околу три часот, кога непознати лица излегувајќи од повеќе автомобили, со дрвени палки ги искршиле стаклата на двата локални штаба.

ДУИ во Студеничани

А1 - 23.06.2006

„Сите знаат дека ДУИ е политичка сила која ги обединува Албанците. Ние сме тие што можат да ги обединат Албанците, бидејки ја знаеме Албанската историја и нема да се вратиме во времето на 2001-та“, рече на митингот во скопско Студеничани Рафиз Алити, носител на листата во првата изборна единица.

Демолирани штабовите на ДУИ во Слатина

А1 - 23.06.2006

Ноќеска настрадаа стаклата на двата изборни штаба на ДУИ во Слатина. После три часот непознати лица, излегувајќи од повеќе автомобили, со дрвени палки ги искршиле излозите на штабовите. „Излегле на прозорец и виделе црвен „Голф“ и тој побегнал“, рече Имер Хасани, жител на Слатина.

Каменувани штабовите на ДПА во Слатина и Глоѓи

Вест - 23.06.2006

Минатиот четврток рано наутро активисти на ДУИ ги каменувале изборните штабови на ДПА во тетовските села Глоѓи и Слатина, обвини вчера ДПА. Според Сали Јонузи од ДПА со камења биле искршени неколку стакла на излогот на штабот во Слатина.

Пукано во изборните штабови на ДПА во Глоѓи и во Слатино

Време - 23.06.2006

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО Еден ден по средбата на странските амбасадори со лидерите на ДПА и на ДУИ вчераутро било пукано во правец на објектите каде што се сместени изборните штабови на ДПА во тетовските села Глоѓи и Слатино. На стаклата од објектот каде што е сместен изборниот штаб на ДПА во Глоѓи може ...

Каменувани штабовите на ДПА во Слатино и во Глоѓи

Утрински - 23.06.2006

ТЕТОВО - Вчера во раните утрински часови непознати извршители каменувале и оштетиле два локални изборни штаба на ДПА во тетовските села Слатино и Глоѓи. И во двата штаба очигледно се причинети штети, а во внатрешноста на просториите се забележуваат нерасчистени искршените стакла и големите камења ...

Џафери предложил тој и Ахмети да поднесат оставки

Дневник - 23.06.2006

На средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ, лидерот на ДПА Арбен Џафери му предложил на лидерот на ДУИ Али Ахмети да си поднесат оставки од водечките функции На средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилиен Миловановиќ и Ерван Фуере, лидерот на ДПА Арбен Џафери му предложил на лидерот на ДУИ Али ...

ДУИ и ДПА одговорни за инцидентите во предизборната кампања

Утрински - 23.06.2006

Тирана - Политичките партии на Албанците во Македонија се одговорни за досегашните проблеми во предизборната кампања во земјата, оценија вчера албанските медиуми. Електронските и печатените медиуми во Албанија подвлекуваат дека двете главни партии на Албанците ДУИ и ДПА создаваат меѓусебни ...

ДПА: Национализмот носи штета

А1 - 22.06.2006

Национализмот носи штета, тој го кочи економскиот развој, порачаа кандидатите за пратеници на ДПА на вчерашниот митинг во Слупчане. Гласајте за интелектуалци и за луѓе кои ги знаат проблемите на албанската заедница во Македонија. Ќе ги решиме сите проблеми на борците од 2001-ва, вели Мендух Тачи.

Каменувани штабови на ДПА во Слатина и Глоѓ

А1 - 22.06.2006

Два изборни штаба на ДПА се каменувани ноќеска во тетовско. Во Слатина со неколку камења се искршени стаклата на локалниот штаб. Од таму велат дека во него до четири утринава имало активисти. Инцидентот е забележан околу шест часот кога екипи на полицијата извршиле увид.

Миловановиќ и Фуере се заканиле со црни листи и досиеја во Хаг

Утрински - 22.06.2006

Лидерите излегоа од средбата бледи и кооперативни, рецитирајќи ја изјавата што им ја подготвија ЕУ и САД Слободанка Јовановска Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети, Арбен Џафери и Мендух Тачи, вчера добиле освестувачки пораки од странските амбасадори, што се виде од тоа како ја изрецитираа изјавата ...

ДУИ и ДПА си легнаа на брашното

Дневник - 22.06.2006

Да запре насилството во предизборната кампања и да се стави крај на нападите на изборните штабови, пукотниците и на меѓусебните пресметки Да запре насилството во предизборната кампања и да се стави крај на нападите на изборните штабови, пукотниците и на меѓусебните пресметки, бидејќи тоа сериозно ...

ДУИ и ДПА ветија дека немада се пресметуваат со насилство

Време - 22.06.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНОТО РЕНДАЊЕ КАЈ МИЛОВАНОВИЌ И ФУЕРЕ ДУИ и ДПА и вчера пак се обврзаа дека ќе го контролираат членството и дека ќе се залагаат за фер и демократска кампања, без инциденти и насилство. Во последните неколку дена обете партии и буквално влегоа во вистинска предизборна војна, поради што ...

Фер избори или резултатите нема да важат

Вест - 22.06.2006

ЕУ И САД НЕМА ДА ТОЛЕРИРААТ НЕРЕГУЛАРНОСТИ Амбасадорите Џилијан Миловановиќ и Ереван Фуере на завчерашната средба ги убедувале лидерите на ДУИ и ДПА дека најголем губитник од насилни избори ќе биде Македонија Демонстрација на насилство на претстојните парламентарни избори нема да биде исплатлива ...

Заменик претседателот на ДПА за инцидентите од Брест денеска повторно ја обвини полицијата

Канал5 - 22.06.2006

Мендух Тачи повторно посочува на МВР како на најголем виновник за инцидентите меѓу ДПА и ДУИ. Ако полицијата престане со, како што тврди Тачи, притисоците врз албанците тогаш ситуацијата ќе се смири. Мендух Тачи повторно посочува на МВР како на најголем виновник за инцидентите меѓу ДПА и ДУИ.

ДПА се залага за мирни избори, ДУИ за мултиетничност

Утрински - 22.06.2006

„Мораме да ја смениме сликата на Албанците во Македонија и да покажеме дека тие не се дестабилизирачки фактор", порача лидерот на ДПА, Арбен Џафери, на митинг во тетовското село Боговиње. Тој нагласи дека на средбата во американската амбасада и ДУИ покажала интерес за надминување на проблемите.

Ахмети и Џафери ги зауздаа партиските војници?!

Вечер Прес - 22.06.2006

"Апелирам до сите наши активисти и симпатизери да не наседнуваат на провокациите од политичките опоненти бидејќи на ДПА не и се потребни инциденти. На локалните избори покажавме дека не сакаме влада без власт, вели Џафери Мирни 24 часа во изборните штабови на албанските партии по лекцијата, што ...

Митинг на ДПА во Боговиње

А1 - 21.06.2006

„Имам потреба вечерва да ве убедам дека на ДПА не им се потребни инциденти. На локалните избори покажавме дека не сакаме влада без власт. И даваме предност на благосостојбата на граѓаните. Затоа сакаме овие избори да бидат регуларни.

ДУИ и ДПА дозволија мирна ноќ за граѓаните

А1 - 21.06.2006

Ахмети и Џафери, под притисок на Америка и Европа, ветија - нема веќе секоја вечер да сервираат инциденти. Барем првиот ден од кога излегоа од американската амбасада го одржаа зборот и дозволија мирен сон на граѓаните. Денеска во скопски Чаир врвулица, жителите брзаа да си завршат работа.

Последна опомена за Арбен Џафери и за Мендух Тачи

Утрински - 21.06.2006

И статусот на Косово дел од предупредувањето на Миловановиќ и Фуере Амбасадорите на ЕУ и на САД, Ерван Фуере и Џилијан Миловановиќ, вчера ги собраа во американската амбасада лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети, Арбен Џафери и Мендух Тачи, за да им дадат последна опомена - дека ако продолжат со ...

Ахмети и Тачи кабает за секоја жртва на изборите

Вест - 21.06.2006

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТРАНЦИТЕ ЗА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Странците се заканија дека ако не се смири топката, Али Ахмети може да патува за Хаг, а Мендух Тачи останува во црната листа на САД Меѓународната заедница ќе бара одговорност од лидерите на ДУИ и ДПА ако за време на изборната кампања и на ...

Џафери ги обвини ДУИ и полицијата за сојуз против ДПА

Дневник - 21.06.2006

ДПА вчера на новинарите им прикажа снимки од Куманово на кои се гледа како активисти на ДУИ придружувани од полицајци симнуваат пропагандни материјали на ДПА. Ова е заедничка акција на Али Ахмети и на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго, изјави портпаролот на ДПА Имер Алиу, ...

ДУИ бара да престанат насилствата,ДПА обвинува за лицемерство

Време - 21.06.2006

ЌЕ СЕ СМИРАТ ЛИ СТРАСТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК ДУИ и ПДП вчера побараа итна средба со челниците на ДПА и на другите партии на Албанците за да се спречат понатамошни инциденти и насилство пред и за време изборите. Коалицијата бара средбата да се одржи во рок од два дена, но ДПА вчера енергично го одби ...

ДУИ со оружје го чисти теренот

Дневник - 21.06.2006

Креатор на насилствата во северозападниот дел од земјата е лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој се обидува да ја задржи власта онака како што ја освои, со оружје, рече Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз. - ДУИ е милитантна партија под чија заштита четири години шетаат распашани команданти.

Последна опомена за пукањето и препукувањето

Дневник - 21.06.2006

Амбасадорите Џилиен Миловановиќ и Ерван Фуере ќе ги повикаат Ахмети и Џафери да го почитуваат кодексот за фер избори, а нивните симпатизери да се воздржат од насилства Со длабока загриженост поради инцидентите со кои почна изборната кампања амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилиен Миловановиќ и Ерван ...

ДПА не прифаќа ниту декларации ниту лидерски средби

Утрински - 21.06.2006

Партијата на Џафери го отфрли предлогот на Ахмети за нова декларација за фер избори Демократската партија на Албанците не прифаќа потпишување нова декларација за фер избори, ниту средба на партиските лидери од албанскиот политички блок, отфрлајќи го на тој начин последниот предлог на лидерот на ...

Ахмети е виновен за пукањата

Вечер Прес - 21.06.2006

Последните случувања во Скопје, како и претходните насилства во Тетовско, Кичевско и други населени места, карактеристични со насилство, употреба на огнено автоматско оружје, бомби и физички пресметки меѓу "активисти" на ДУИ и ДПА, на најциничен начин ги девалвираа сите заложби за регуларни, фер и ...

Странците ги построија Ахмети и Тачи

Вечер Прес - 21.06.2006

Амбасадорите на САД и ЕУ сметаат дека црвената линија веќе е премината, што лошо ќе се одрази за вкупниот епилог на изборите Американаскиот амбасадор во земјава Џилијан Милованиќ вчера доцна попладне ги почна разговорите со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери.

Крај за предизборното насилство, бараат Милованович и Фуере

А1 - 20.06.2006

Ставете крај на насилствата, ќе имате штетни последици врз аспирациите за ЕУ и НАТО. Ова е расплетот од скоро 3 часовната средба во американската амбасада на Милованович и Фуере и Ахмети и Џафери која финишираше со декларација.

ЕУ ќе бара објаснувања од ДПА и од ДУИ за инцидентите

Утрински - 20.06.2006

Ако продолжи вака изборите тешко ќе бидат оценети како фер и слободни Слободанка Јовановска Европската унија ќе бара објаснување од лидерите на ДУИ и на ДПА за инцидентите што се случуваат изминатите денови околу кампањата и остро ќе ги предупреди дека со ваков манир на однесување нема шанси ...

Градоначалникот на Сарај куртули од куршуми

Вест - 20.06.2006

ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА НА АКТИВИСТИ НА ДУИ И ДПА ВО САРАЈ Имер Селмани, првиот човек на општина Сарај вели дека во неделата на полноќ бил нападнат од активисти на ДУИ, по што неговото обезбедување морало да пука во воздух за да го заштитат Активисти на ДПА и ДУИ во неделата на полноќ имале вооружена ...

Калашникови станаа изборни адути

Дневник - 20.06.2006

Во пукотниците немаше повредени,а во вербалната пресметка помеѓу двете најголеми партии на Албанците за тоа кој е одговорен е обвинета и полицијата Сарај прексиноќа ечеше од пукотници од огнено оружје. Во рафалната престрелка немаше повредени, но се изрешетени неколку автомобили и дуќани.

Џафери стравува од изборен фалсификат

Дневник - 20.06.2006

Лидерот на ДПА Арбен Џафери на завчерашниот митинг во Арачиново рече дека имале сознанија оти во соработка со полицијата се подготвува фалсификат на изборите. - Полицијата и „алфите“ се во служба на СДСМ и на ДУИ, а ДПА ќе ја обвинат дека сака да го наруши изборниот процес.

Странските амбасадори ќе ја спасуваат работата - Тачи и Ахмети на превоспитување

Канал5 - 20.06.2006

Лошиот старт на кампањата, со инциденти бомби и пукотници, може да има штетни и сериозни последици врз евроинтеграциите – ова е заедничката порака на американската амбасадорка Миловановиќ и евроамбасадорот Фуере по речиси тричасовната средба со челниците на ДУИ и на ДПА Ахмети и Џафери.

Ахмети бара средба со ДПА за инцидентите

Утрински - 20.06.2006

Изјава ДЕБАР - Последните инциденти не се добри. Сигурно ќе имаме средби со раководството на ДПА вакви настани да не се случуваат повеќе, бидејќи сме во еден многу значаен процес. Ќе побараме ДПА да побара од нејзините активисти да се оддалечат, зашто тоа не е добро за сите граѓанин на Македонија.

ДУИ и МВР пукаа врз градоначалникотна Сарај, Имер Селмани

Време - 20.06.2006

ДПА ОБВИНУВА Вооружени структури на ДУИ, придружувани со полициски возила, завчеравечер го нападнале градоначалникот на Сарај, Имер Селмани, и пукале врз него, обвини ДПА вчера на прес-конференција. Според Селмани, неколку автомобили полни со активисти на ДУИ пред полноќ му го пресекле патот и ...

Оружена предизборна престрелка во Сарај

Утрински - 20.06.2006

Насилствата во албанското политичко подземје во државава предизборно ескалираат. Во неделата пред полноќ две групи се пресметувале со огнено оружје на плоштадот во општината Сарај. Истата вечер во скопското село Батинци бил претепан еден од кандидатите на ДУИ на изборните листи.

Војна меѓу ДУИ и ДПА

А1 - 19.06.2006

Заложбата на Ахмети и на Џафери за мирни избори се претвори во војна меѓу нивните партии. Во албанскиот политички блок не помина ден без инциденти. Ахмети синоќа од Дебар по којзнае кој пат за само неколку дена од почетокот на кампањата се заложи за мирни избори.

Престрелка меѓу членови на ДУИ и ДПА во Сарај

А1 - 19.06.2006

Во Сарај пиштоли и автомати, во Батинци клоци и шипки, нова жешка предизборна ноќ меѓу ДПА и ДУИ. Две банди се пукале дваесетина минути по главната улица во Сарај, изрешетани се неколку автомобили, еден полициски, еден на општината. Искршени се неколку излози.

ДПА во Арачиново

А1 - 19.06.2006

Заедничкото живеење има услови тоа е рамноправност во системот порака на Џафери и Тачи од Арачиново. „Ние нудиме рака за заедничко живеење меѓутоа заедничкото живеење има свои услови што треба да се исполнат. Главен услов е еднаквост во системот ние ова ќе го исполниме“, изјави Арбен Џафери, лидер ...

Бомби ја водат кампањата

Дневник - 19.06.2006

По толку укажувања , не очекувавме дека партиите сепак ќе применуваат насилство, велат во МВР Прексиноќа во партискиот штаб на ДУИ во Струга била фрлена рачна бомба кашикара која за среќа не експлодирала. Освен скршените стакла, нема друга материјална штета.

Ахмети и Тачи на рендање кај Миловановиќ

Време - 19.06.2006

ПРЕДИЗБОРНА ВОЈНА Бомба-кашикара била фрлена во седиштето на ДУИ во Струга, половина час по полноќ во саботата. Бомбата не експлодирала, а сторителите се непознати, како што се уште не се знае кој во саботата утрото околу три часот утрото фрли две рачни бомби во штабот на ДПА во општината Сарај, ...

Предизборен вандализам во албанскиот политички блок

Утрински - 19.06.2006

Повеќе од 11 инциденти се пријавени и евидентирани од МВР од почетокот на предизборната кампања БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Најмалку 11 посериозни инциденти се пријавени и евидентирани од МВР од почетокот на предизборната кампања на 15 овој месец.

Џафери и Ахмети се тепаат -огнена пресметка во Сарај

Канал5 - 19.06.2006

Со огнено оружје ноќеска во Сарај се пресметуваа активистите на ДУИ и ДПА. Утрово дупки од куршумите сведочеа за сериозниот инцидент. Со својата верзија на престрелката излезе партијата на Џафери. Не се смирува тензијата меѓу ДУИ и ДПА нови инциденти , со секој нов ден од кампањата.

ДУИ и ДПА го гланцаат оружјето за избори

Вест - 19.06.2006

ЗАЛУДНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Двете најголеми албански партии меѓусебно се обвинуваат кој има повеќе специјалци, оружје и бомби за изборната кампања и за петти јули Од почетокот на изборната кампања во петокот, според статистиката на МВР, се случиле дури 10 инциденти во кои ...