TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш предложи средбата за финансиската криза во САД

А1 - 19.10.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа предложи средбата на врвот посветена на изнаоѓањето решение за излез од финансиската криза да се одржи во САД. По средбата со францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Европската комисија Жозе Баросо во претседателската резиденција во Кемп Дејвид во државата Мериленд, Буш рече дека средбата на врвот треба да биде организирана во најскоро ...

Ограбен Саркози

А1 - 19.10.2008

Непознати лица ја ограбиле приватната сметка во банка на францускиот претседател Саркози, откако успеале од банката да ја добијат шифрата на шефот на државата, објавува денеска „Журнал ди диманш“. Во Елисејската палата потврдиле дека минатиот месец, Саркози поднел тужба и дека „за најголемата можна дискреција“ биле известени државниот обвинител и финансиската полиција.

КЕМП ДЕЈВИД: СЕРИЈА САМИТИ ПОСВЕТЕНИ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

Телма - 19.10.2008

КЕМП ДЕЈВИД: СЕРИЈА САМИТИ ПОСВЕТЕНИ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА Американскиот претседател и европските лидери ја поддржаа во Кемп Дејвид идејата за одржување серија самити посветени на финансиската криза во светот, а првиот таков состанок на врвот би бил одржан по претседателските избори во САД закажани на 4 ноември.

„Испразнета“ сметката на Саркози

Алсат-М - 19.10.2008

Непознати лица ограбиле приватна сметка во банка на францускиот претседател Никола Саркози, откако успеале да дојдат до шифрата на шефот на државата. Ова го пишува денеска францускиот весник „Журнал ди диманш“, додавајќи дека Саркози минатиот месец поднел тужба и оти јавниот обвинител во „најголема дискреција“ за тоа го информирал одделот на финансиски криминал на ...

САД и Европа предложија одржување серија финансиски самити

Канал5 - 19.10.2008

Кемп Дејвид, 19 октомври (МИА) - Соединетите Американски Држави, Франција и Европската унија се договорија серијата светски самити посветени на финансиската криза кои би се одржале по американските претседателски избори закажани за 4 ноември, да почне со средба што ќе се одржи во САД.

САД и Европа во потрага по решение на финансиската криза

Алсат-М - 19.10.2008

Соединетите Американски Држави, Франција и Европската унија се договорија серијата светски самити посветени на финансиската криза Тие би се одржале по американските претседателски избори закажани за 4 ноември, а првата средба би била во САД.

Непознати лица ја „испразниле“ сметката на Саркози

Дневник - 19.10.2008

Непознати лица ја „испразниле“ сметката на Саркози Непознати лица ја испразниле банкарската сметка на францускиот претседател Никола Саркози, откако успеале да дојдат до шифрата на шефот на државата.Според „Журнал ди диманш“, Саркози во минатиот месец поднел тужба и јавниот обвинител во „најголема дискреција“ за тоа го информирал одделот на финансиски криминал на париската полиција.

Непознати лица ја „испразниле“ сметката на Саркози

Макфакс - 19.10.2008

Непознати лица ограбиле приватна сметка во банка на францускиот претседател Никола Саркози, откако успеале да дојдат до шифрата на шефот на државата. Ова го пишува денеска францускиот весник „Журнал ди диманш“, додавајќи дека Саркози минатиот месец поднел тужба и оти јавниот обвинител во „најголема дискреција“ за тоа го информирал одделот на финансиски криминал на париската полиција.

САД и ЕУ заедно ќе се справуваат со финансиската криза

Форум - 19.10.2008

САД и ЕУ предлагаат одржување на серија светски самити посветени на решавање на глобалната финансиска криза. По средбата на американскиот претседател Џорџ Буш со францускиот колега Никола Саркози, чија земја е претседавач со ЕУ и претседателот на ЕК, Хозе Мануел Барозо во Кемп Дејвид, е соопштено дека првиот таков самит треба да се одржи веќе во ноември, кратко по претседателските избори во САД ...

Вашингтон: Серија самити на САД и ЕУ за решавање на финансиската криза

Р.С.Европа - 19.10.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш и лидерите на европската унија, објавија планови за оддржување на серија самити на кои ќе се разговара за надминување на глобалната финансиска криза. Овој план беше соопштен откако Буш вчера оствари средба со францускиот претседател Никола Саркози и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

„Испразнета“ сметката на Саркози

Форум - 19.10.2008

Ова го пишува денеска францускиот весник „Журнал ди диманш“, додавајќи дека Саркози минатиот месец поднел тужба и оти јавниот обвинител во „најголема дискреција“ за тоа го информирал одделот на финансиски криминал на париската полиција. Тие се во потрага по дрските разбојници, кои не оставиле никакви траги, што е доказ дека не станува збор за аматери.

Саркози поднесе тужба против Бертран

Време - 18.10.2008

Францускиот претседател Никола Саркози поднесе тужба за поранешниот шеф на национална безбедност Ив Бертран поради објавување деталности од неговиот приватен живот. - Тужбата, која е покрената во Обвинителството во Париз, го товари Бертран, заедно со другите функционери од Управата за безбедност, за мешање во приватноста и за злонамерни обвинувања - изјави Тиери Ерцог, адвокат на Саркози.

Вашингтон: Буш со лидерите на ЕУ ја разгледува финансиската криза

Р.С.Европа - 18.10.2008

Американскиот Претседател Џорџ Буш денеска со преставници на Европската Унија во Кемп Дејвид ке разговара за глобалната финансиска криза. Буш ке се состане со Никола Саркози – претседателот на Франција во моментов земја преседавач со Унијата, како и со Претседателот на Европската Комисија Хозе Мануел Баросо.

Саркози го тужи екс началникот на тајните служби

А1 - 17.10.2008

Шефот на француската држава Никола Саркози поднесе тужба против поранешен началник на тајните служби, по објавување на делови од неговите лични дневници во кои се говори за личниот живот на францускиот претседател. Неделникот “Поан“, минатата недела, објави делови од дневниците на поранешниот началник на тајните служби Ив Бертран, каде на неколку места се споменува името на Саркози од времето ...

ЕУ повика на светски самит за кризата

Утрински - 17.10.2008

Лидерите од ЕУ сакаат да воспостават нов систем што ќе гарантира вакви кризи да не се повторат Од нашиот дописник Слободанка Јовановска БРИСЕЛ - Финансиската криза не е завршена. Таа има потенцијал да влијае на секоја земја во светот. Затоа мора да се ревидира капитализмот и да се редизајнира светската финансиска архитектура, а на удар ќе се најде и Меѓународниот монетарен фонд, кој ја изгуби ...

Спасување на капитализмот, а не нова ера на социјализмот

Утрински - 17.10.2008

Идеолошка расправа во Британија околу мерките за спасување на банкарскиот и финансискиот систем Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Лидерите на земјите-членки на ЕУ, собрани на својот самит во Брисел, се согласија за потребата од итно одржување специјален, реформски самит на Групата Г-8, посветен на преуредувањето на светскиот финансиски поредок.

Саркози поднесе тужба против бивш началник на тајните служби

Макфакс - 17.10.2008

Шефот на француската држава Никола Саркози поднесе тужба против бивш началник на тајните служби, по објавување на делови од неговите лични дневници во кои се говори за личниот живот на францускиот претседател. Неделникот “Поан“, минатата недела, објави делови од дневниците на бившиот началник на тајните служби Ив Бертран, каде на неколку места се споменува името на Саркози од времето кога беше ...

ЕУ побара реформа на светскиот финансиски систем

Н.Македонија - 17.10.2008

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на дводневниот самитот во Брисел повикаа на длабока промена на светскиот финансиски систем за да се избегне повторување на актуелната финансиска криза. Апелот на европските лидери доаѓа во моментот кога светските берзи повторно забележаа големи падови поради страв од глобална рецесија, јави АФП.

Одобрен ЕУ планот за спас на финансискиот сектор

А1 - 16.10.2008

Сите 27 земји членки на Европската унија го прифатија планот за спасување на финансискиот сектор договорен на самитот на 15-те членки на еврозоната. „Цела Европа без исклучоци ги одобрува мерките од акциониот план што во неделата го прифати евро групата“, изјави синоќа францускиот претседател Никола Саркози, по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, посветен, во поголем дел, на финансиската ...

ЕУ застана зад банкарската реформа

BBC - 16.10.2008

Групата осум најразвиени земји во светот се согласи во блиска иднина да одржи самит со други клучни држави, на кој би се расправало за ре-структуирањето на меѓународниот финансиски систем. Водачите на Г-8 исто така рекоа дека се договориле повторно да ги отворат преговорите за светската трговија, кои пропаднаа на почетокот од годинава.

Француските служби го шпионирале Саркози

Време - 16.10.2008

Шпионирани љубовници и поранешни сопруги на актуелниот претседател на Франција, Никола Саркози, министри кои шмркаат кокаин и водат љубов со малолетни момчиња, бескомпромисна борба за власт - сето тоа е само дел од приватните, тајни белешки на Ив Бертран, кој 12 години беше на чело на француската тајна полиција.

Лидерите на ЕУ во Брисел кројат план за спас на банкарскиот систем

Утрински - 16.10.2008

На дводневната средба шефовите на држави договараат „заеднички принципи“ Лидерите од ЕУ во Брисел вчера се очекуваше да одобрат план за спас на банкарскиот систем и да повикаат на светска реакција на кредитната криза. Според предлог-заклучоците од дводневната средба шефовите на држави и влади планират да „прифатат заеднички принципи“, разработени во неделата од 15-те држави-членки на Еврозоната.

ЕУ го прифати планот за санација на финансискиот сектор

Алсат-М - 16.10.2008

Сите 27 земји членки на ЕУ го прифатија планот за спасување на финансискиот сектор договорен на самитот на 15-те членки на еврозоната. „Цела Европа без исклучоци ги одобрува мерките од акциониот план што во неделата го прифати евро групата“, изјави синоќа францускиот претседател Никола Саркози, по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, посветен, во поголем дел, на финансиската ...

ЕУ застана зад банкарската реформа

Форум - 16.10.2008

Групата осум најразвиени земји во светот се согласи во блиска иднина да одржи самит со други клучни држави, на кој би се расправало за ре-структуирањето на меѓународниот финансиски систем. Водачите на Г-8 исто така рекоа дека се договориле повторно да ги отворат преговорите за светската трговија, кои пропаднаа на почетокот од годинава.

Брисел: Завршува состанокот на лидерите на ЕУ посветен на финансиската криза

Р.С.Европа - 16.10.2008

Лидерите на Европската Унија денеска го завршуваат дво дневниот самит посветен на глобалната финансиска криза. Тие повикаа на темелна реформа на банкарскиот систем и глобален преглед на финансискиот систем. Францускиот Претседател Никола Саркози изјави дека сите 27 земји ги подржаа мерките веке првземени од 15 те членки на евро-зоната.

Прифатен планот за спасување на финансискиот сектор

Нетпрес - 16.10.2008

Сите 27 земји членки го прифатиле планот за спасување на финансискиот сектор, договорен на самитот на членките на во зоната, изјавил во среда претседател на Франција, Никола Саркози. “Цела Европа ги одобрува мерките на акциониот план, што во неделата го прифатил европскиот собир“, изјавил Саркози по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, посветен на финансиската криза.

Брисел: Согласност за спасување на финансискиот сектор, денеска продолжува самитот на ЕУ

Р.С.Европа - 16.10.2008

Земјите членки на Европската Унија го прифатија планот за спасување на финансискиот сектор, што беше договорен на состанокот на 15-те земји од еврозоната, изјави францускиот претседател Николас Саркози, на вчерашниот самит во Брисел кој треба да продолжи и денеска. Саркози додаде дека на денешното продолжение треба да бидат донесени заклучоци, чиј текст сепак сеуште треба да се усогласува.

Светскиот финансиски систем ќе се реформира

Вечер Прес - 16.10.2008

Покрај предвидените гаранции за меѓубанкарски позајмици и можност за докапитализација на банките, ЕУ смета дека светот треба да расправа и за реформа на финансискиот систем Сите 27 земји-членки на Европската унија го прифатиле планот за спасување на финансискиот сектор, договорен неделата во Париз на самитот на 15 членки на еврозоната, изјави францускиот претседател Никола Саркози чија земја ...

Лидерите на ЕУ предупредија дека финансиската криза не е готова

Н.Македонија - 16.10.2008

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија вчера, во почетокот од дводневниот самит, посветен на актуелната банкарска и финансиска криза, во Брисел предупредиле дека финансиската криза е далеку од готова и дека вистинските последици на работните места и на економскиот пораст допрва ќе бидат видливи, јави АФП.

Буш во сабота ќе ги пречека Саркози и Баросо

А1 - 15.10.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш во сабота, во Кемп Дејвид, ќе биде домаќин на средбата со францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, соопшти Белата куќа. Тројцата ќе ја разгледаат глобалната финансиска криза.

Самит на ЕУ за финансиската криза

А1 - 15.10.2008

Самит на Европската унија започнува денеска, на кој во фокусот ќе биде глобалната финансиска криза што од Соединетите Американски држави се пренесе во Европа. Шефовите на држави или влади на ЕУ, на дводневниот самит во Брисел, ќе разговараат и за процесот на ратификација на Лисабонскиот договор, имиграцијата, како и за енергетски прашања.

Самит на ЕУ за финансиската криза

Алсат-М - 15.10.2008

Самит на Европската унија започнува денеска, со фокус на глобалната финансиска криза што од САД се пренесе во Европа. Шефовите на држави или влади на ЕУ, на дводневниот самит во Брисел, ќе разговараат и за процесот на ратификација на Лисабонскиот договор, имиграцијата, како и за енергетски прашања.

ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ПОВИКАА ЗА НОВ СВЕТСКИ ФИНАНСИСКИ ПОРЕДОК ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НОВИ КРИЗИ

Сител - 15.10.2008

ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ПОВИКАА ЗА НОВ СВЕТСКИ ФИНАНСИСКИ ПОРЕДОК ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НОВИ КРИЗИ Европските лидери повикаа за нов светски финансиски поредок, за да бидат спречени финансиски кризи во иднина, во врска со растечките индикации за глобална рецесија, кои го помрачија оптимизмот од напорите на Владата за спас на банките.

Самит на ЕУ за финансиската криза

Макфакс - 15.10.2008

Самит на Европската унија (ЕУ) започнува денеска, на кој во фокусот ќе биде глобалната финансиска криза што од Соединетите Американски држави се пренесе во Европа. Шефовите на држави или влади на ЕУ, на дводневниот самит во Брисел, ќе разговараат и за процесот на ратификација на Лисабонскиот договор, имиграцијата, како и за енергетски прашања.

Брисел: Светската финансиска криза тема на состанокот на лидерите на ЕУ

Р.С.Европа - 15.10.2008

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ги започнуваат дводневните разговори посветени пред се на глобалната финансиска криза, односно на плановите за спасување на банкарскиот систем во еврозоната. Ќе се разговара и за тоа дали да продолжат разговорите за постигнување нов партнерски договор со Русија кои беа суспебдирани по руската воена интервенција во Грузија.

Браун: Реформирање на улогата на ММФ

Нетпрес - 15.10.2008

Премиерот на Велика Британија, Гордон Браун, денеска се заложил за реформирање на улогата на меѓународниот монетарен фонд и укажал на потребата таа финансиска институција да помогне во регулирање на тековната и избегнување на повторна глобална кредитна криза.

Браун бара нова европска реформска фаза

BBC - 14.10.2008

Британскиот премиер Гордон Браун рече дека е потребен итен чекор за придвижување кон нова фаза во соочувањето со глобалната криза и дека тој ќе даде предлози за глобална финансиска реформа наскоро. На брифингот за странски новинари што се одржа денеска во Лондон, Браун беше неколкупати прашан како се чувствува откако беше опишан како херој во меѓународниот печат.

Самит на Еврозоната за финансиската криза

А1 - 13.10.2008

Во француската престолнина попладнево почна вонредната средба на високо ниво на земјите од Еврозоната, посветена на мерките за надминување на финансиската криза, пренесе Франс прес. Нејзиниот домаќин, францускиот претседател Никола Саркози, изјави дека се надева дека лидерите на 15-те држави во кои се користи заедничката европска валута ќе изработат амбициозен и координиран план.

ММФ го поддржа планот на ЕУ за спас од кризата

Алсат-М - 13.10.2008

Меѓународниот монетарен фонд изрази поддршка на финансискиот план за излез од кризата на Европската унија. „Иницијативите покренати деновиве, особено акциониот план на Г7 и планот на еврозоната се токму она што сега е потребно“, рече шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан.

ММФ го поддржа планот на ЕУ за спас од кризата

Макфакс - 13.10.2008

Меѓународниот монетарен фонд изрази поддршка на финансискиот план за излез од кризата на Европската унија. „Иницијативите покренати деновиве, особено акциониот план на Г7 и планот на еврозоната се токму она што сега е потребно“, рече шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан.

ЕУ презема мерки за ублажување на финансиската криза

Макфакс - 13.10.2008

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска ги поддржа одлуките на лидерите на Унијата со државни гаранции и со можна докапитализација на банките од над 1,000 милијарди евра да се стабилизира финансиската криза. Европските министри детално ја разгледаа и можноста што поскоро да бидат покренати преговори за ново „стратегиско партнерство“ со Русија, што ќе гарантира безбедност на руските испораки на ...

Браун ја прекинува британската традиција

Форум - 13.10.2008

ританскиот премиер Гордон Брун има намера да ја прекине традицијата долга 275 години и седиштето на владата да го пресели од Даунинг стрит 10, за околу четириесетина метри подалеку. На истата улица на адреса со број 12, пишува „ The Sun “ Како што наведува лондонскиот таблоид, причината за ваквите размислување на Гордон Браун е да се подобрат условите за работа за неговиот кабинет.

Земјите од еврозоната се договорија за излез од кризат

Форум - 13.10.2008

Петнаесет земји од еврозоната денеска се договорија за планот за илез од финансиската криза која вклучува врски за меѓубанковни кредити и можност за докапитализација на банките, објавил францускиот претседател Никола Саркози, но ништо не кажал за висината на вкупниот износ „Државите членки на еврозоната ѓе се обврзат за меѓубанковни позајмици на одредено време, до 31 декември 2009 г“, ...

Саркози очекува ЕУ обединето да се справи со кризата

Н.Македонија - 13.10.2008

Лидерите на 15-те земји-членки на еврозоната вчера во Париз се обидуваа да најдат начин за справување со финансиската криза. Никола Саркози, претседател на Франција, која во моментот претседава со ЕУ, пред почетокот на средбата порача дека од своите колеги очекува усвојување амбициозен доброкоординиран план за излегување од финансиската криза, јави АФП.