TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Рита“ премина во тропска бура

А1 - 25.09.2005

Ураганот „Рита“ од ноќеска го намали својот интензитет и премина во тропска бура. Бројот на жртви засега не е познат. Според официјалните податоци, досега е регистрирано само едно загинато лице во Мисисипи. „Рита“ се повеќе навлегува во внатрешноста на континентот и иако е со намалена силина, сепак ...

Ураганот „Рита“ го погоди јужниот дел на САД

А1 - 24.09.2005

Ураганот „Рита“, со јачина од трета категорија рано утрово по локално време го погоди јужниот дел на САД, долж границата меѓу Тексас и Лузијана. „Рита“ во моментот е класифициран како ураган од втора категорија и со брзина од 20 километри на час се движи кон внатрешноста на Тексас.

Ураганите се последица од глобалното затоплување

А1 - 24.09.2005

Ураганите што ги зафаќаат САД во последните недели се „аларм за будење“ кој светот го предупредува на опасноста од глобалното затоплување, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни операции Јан Егеланд. Според него, ураганите „Катрина“ и „Рита“ се последица од климатските промени.

Рита плакне каде што Катрина миеше

Време - 24.09.2005

УРАГАНОТ ГИ ПОГОДИ ДРЖАВИТЕ ОКОЛУ МЕКСИКАНСКИОТ ЗАЛИВ Ураганот Рита викендов удри во сојузните американски држави околу Мексиканскиот Залив и зад себе остави поплави, уништени домови, пожари и убиствено торнадо. Рита во саботата го погодила крајбрежјето на Луизијана и на Тексас, каде што се наоѓаат ...

Ураганот Рита го чекаат 10 .000 војници

Вест - 24.09.2005

ГАЛВЕСТОН, Тексас, 24 септември (Би-Би-Си) - Американската сојузна држава Тексас побара од федералната влада да стави со состојба на готовност 10 илјади војници за операциите за спасување откако ќе мине ураганот Рита. Иако невремето ја губи силата, областите околку Мексиканскиот Залив се до Мексико ...

Американците се уште не се сигурни кај ќе удри "Рита"

Утрински - 24.09.2005

Панична евакуација на населението во неколку американски сојузни држави Засега ураганот се движи со брзина од околу 14 километри на час кон северозападна Луизијана и крајбрежјето на Тексас ГАЛВИСТОН - Жителите што живеат по должината на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив во петокот се подготвуваа ...

Егзодусот пострашен од ураганот

Дневник - 24.09.2005

ТЕКСАС, ОЧЕКУВАЈЌИ ЈА РИТА Полн автобус вчера пламна на автопат кај Хјустон, при што загинаа најмалку 20 луѓе, но и стотици илјади останаа блокирани во своите возила во огромната колона луѓе што бегаат од ударот на ураганот Рита, јави Ројтерс.

РИТА ОСЛАБЕ НА КАТЕГОРИЈАТА ЕДЕН - УРАГАНОТ СЕ ДВИЖИ СО БРЗИНА ОД 120 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС

Канал5 - 24.09.2005

Интензитетот на ураганот Рита попладнево се намали и според Националниот центар за урагани, сега е од категорија 1, но се уште се стравува дека може да предизвика големи поплави во регионот на државната граница меѓу Тексас и Луизијана, јави дописникот на МИА од Чикаго.

Ноќ на неизвесност!

Вечер Прес - 24.09.2005

Според Џорџ Буш, САД се подготвуваат за најлошото што би можело да произлезе од силината на ураганот Рита,чие око(средиште) навлезе на територијата на државата Тексас. Сите жители на загрозените региони, ноќта ја пречекаа во страв и неизвесност.

Најмалку 20 загинати при евакуација поради Рита

А1 - 23.09.2005

Најмалку 20 лица загинаа во опожарен автобус кој превезувал луѓе од областите за кои се прогнозираше дека ќе бидат погодени од ураганот „Рита“. Автобусот што превезувал постари државјани, кои биле евакуирани на посигурни места во САД, на автопат кај Далас бил зафатен од пожар во кој загинале ...

Тексас се подготвува за ураганот „Рита“

А1 - 23.09.2005

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави синоќа дека со претставниците на администрацијата се подготвуваат за најлошото додека ураганот „Рита“ и се приближува на јужната држава Тексас и кој се очекува денеска попладне по централно-американско време или в сабота наутро да го погоди тој дел од САД, ...

Зошто ураганите имаат женски имиња?

Време - 23.09.2005

ПО КАТРИНА, А ВО ПРЕСРЕТ НА РИТА Причината што најголемиот дел урагани во светот имаат женски имиња не е некоја злобничка што со разводот му однела се на сопругот, ниту, пак, некоја золва или свекрва, туку е поврзана со осаменоста.

Километарски колони бегалци од Хјустон

Време - 23.09.2005

ПРЕД ДОАЃАЊЕТО НА УРАГАНОТ РИТА Доаѓањето на ураганот Рита предизвика неверојатни колони бегалци од американската метропола Хјустон и од соседните гратчиња. На некои места колоните се долги и по 150 километри. Се проценува дека 2,5 милиони жители побегнале од Хјустон и од околината.

Градот Скопје ќе издвои околу 30 илјади евра парична помош за настраданите од ураганот Катарина во американскиот град ...

Вест - 23.09.2005

Скопје ќе му подари споменик на Њу Орлеанс Градот Скопје ќе издвои 1, 85 милиони денари парична помош за настраданите од ураганот Катарина во американскиот град Њу Орлеанс, што е околу 30 илјади евра. Овие средства, како што објаснија од Градот, се средства од резервите на Градот кои во буџетот ...

По Катрина доаѓа Рита

Вест - 23.09.2005

ПРЕКУ МИЛИОН АМЕРИКАНЦИ БЕГААТ ОД ТЕКСАС ГАЛВЕСТОН, Тексас, 23 септември (Ројтерс) - Повеќе од милион луѓе на крајбрежјето на Тексас се евакуираа поради надоаѓањето на ураганот Рита кој се разви во едно од најсилните невремиња досега забележани и се закани да предизвика големи штети.

Еден милион луѓе во бегство пред ураганот "Рита"

Утрински - 23.09.2005

Масовна евакуација во САД пред ураганот ,,Рита", кој од вчера ја достигна петтата категорија Ветришта со брзина од 265 километри на час се движат кон Тексас и се смета дека ураганот би можел да биде најсилен досега што го погодил овој регион Повеќе од еден милион луѓе почнаа да се евакуираат од ...

Сол на отворена рана

Дневник - 23.09.2005

УРАГАНОТ РИТА ДЕНЕСКА ЌЕ УДРИ ВО ТЕКСАС Ураганот Рита, кој како и Катрина разви ветрови од максималната категорија 5, денеска треба да удри во брегот на Тексас, јави Ројтерс. Рита вчера се движеше низ Мексиканскиот Залив со ветрови брзи до 280 километри на час.

Рита се доближува кон бреговите на САД, два милиони луже ги напуштаат домовите

Канал5 - 23.09.2005

Ураганот Рита вечерва или најдоцна утре изутрина ќе пристигне на американското крајбрежје во мексиканскиот залив. Ураганот Рита вечерва или најдоцна утре изутрина ќе пристигне на американското крајбрежје во мексиканскиот залив.

Помош за настраданите од ураганот Катрина

Вечер Прес - 23.09.2005

Градот Скопје својата солидарност кон настраданите од ураганот Катрина во Соединетите Американски Држави, ќе ја изрази преку испраќање финансиска помош во износ од 1,85 милиони денари. Паричните средства ќе бидат издвоени од тековните резерви на градскиот буџет.

Се евакуираат два милиони луѓе!

Вечер Прес - 23.09.2005

Ураганот Рита, кој со сета жестина "го прегази" Мексиканскиот залив, предизвикувајќи ветришта кои дуваат со брзина од над 280 километри на час , навлезе 500 милји во територијата на Тексас, зафаќајќи и делови на Луизијана каде предизвика дополнителна паника.

Евакуирани милиони жители од Тексас и Лузијана

А1 - 22.09.2005

Повеќе од милион жители од јужните делови на американската држава Тексас и од крајбрежјето на Луизијана масовно ги напуштаат домовите, за да го избегнат налетот на „Рита“ што синоќа премина во највисоката категорија - ураган од петто ниво, јави дописникот на МИА од САД.

Рита е посилна и од Катрина

Време - 22.09.2005

НОВИОТ УРАГАН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ХЈУСТОН Ураганот Рита, кој се движи кон јужниот брег на САД, вчера почнал да добива на сила и веќе е во најсилната, петта категорија на урагани, посилен дури и од ураганот Катрина, кој го поплави градот Њу Орлеанс.

На Њу Орлеанс ќе му подариме и споменик

Време - 22.09.2005

ОСВЕН ПАРИ Градот Скопје ќе испрати помош за настраданите од ураганот Катрина во Њу Орлеанс во износ од 1.850.000 денари, одлучија градските советници на вчерашната седница на советот. Од нив 1,5 милион денари се обезбедуваат од постојаните, а 350.000 денари од тековните резерви во градскиот буџет.

Ураганот Рита одново ќе го поплави Њу Орлеанс

Вест - 22.09.2005

МАЈАМИ, 22 декември (Ројтерс) - Откако мина низ Флорида Киз, ураганот Рита вчера доби на сила и се упати низ Мексиканскиот Залив на патека што би можела да го одведе до Тексас и да истури уште дожд врз сојузната држава Луизијана која беше погодена од ураганот Катрина.

По "Катрина", "Рита" го вклучи алармот во Флорида

Утрински - 22.09.2005

Уште еден ураган му се заканува на американското крајбрежје Вастите се подготвуваат за нешто слично како ураганот „Катрина“, кој уништи делови од Луизијана и Мисисипи Ураганот "Рита° се засилува во Мексиканскиот Залив откако удри во крајбрежјето на Куба и јужниот дел на Флорида.

Рита ита кон Тексас

Дневник - 22.09.2005

УРАГАНОТ ГИ ИЗБЕЗУМУВА АМЕРИКАНЦИТЕ Ураганот Рита со ветрови брзи до 193 километри на час вчера се движеше полека низ Мексиканскиот Залив кон брегот на Тексас, но се очекува да ја погоди и Лујзијана, која веќе е разурната од ураганот Катрина, јави Ројтерс.

Евакуирани милион жители од Тексас и Луизијана

Канал5 - 22.09.2005

Повеќе од милион жители од јужните делови на американската држава Тексас и од крајбрежјето на Луизијана масовно ги напуштаат домовите, за да го избегнат налетот на Рита што синоќа премина во највисоката категорија - ураган од петто ниво.

Луизијана стравува - Тексас се подготвува

Вечер Прес - 22.09.2005

Вчера напладне ураганот "Рита" се засили и премина во ураган од четврта категорија, што претставува невреме со разорна моќ. "Рита", деветтиот ураган сезонава, помина вчераутро покрај Флорида и Куба, навлезе во Мексиканскиот Залив и се упати кон јужен Тексас.

„Рита“ се оддалечи од Куба, се движи кон САД

А1 - 21.09.2005

Ураганот „Рита“ синоќа без да предизвика жртви се оддалечи од Куба и продолжи да се движи кон американскиот брег во Мексиканскиот залив каде повторно на удар би можел да се најде разурнатиот Њу Орлеанс. Кубанскиот Метеоролошкиот институт соопшти дека центарот на ураганот синоќа бил на околу 110 ...

„Рита“ прерасна во ураган со разорна моќ

А1 - 21.09.2005

„Рита“ прерасна во ураган од четврта категорија според петстепената скала на Сафир-Симсон, соопшти американскиот Национален центар за урагани во Мајами. Рита, деветтиот ураган оваа сезона премина вчера покрај Флорида и Куба и се приближува кон Мексиканскиот залив и јужен Тексас.

Жителите на Њу Орлеанс пак бегаат

Време - 21.09.2005

ПО КАТРИНА, РИТА Само три недели откако ураганот Катрина го поплави американскиот град Њу Орлеанс, новиот ураган Рита предизвика итна евакуација на преживеаните жители на Њу Орлеанс, но и на соседните сојузни држави. Националниот центар за урагани на САД ја прогласил Рита за ураган од трета ...

Градоначалникот нареди нова евакуација на Њу Орлеанс

Утрински - 21.09.2005

Во очекување на тропската бура „Рита" ЊУ ОРЛЕАНС - Градоначалникот на Њу Орлеанс, Реј Нагин, во понеделникот ги суспендираше плановите за враќање на граѓаните во градот и посочи дека сите што се наоѓаат во погодениот град треба да го напуштат поради стравувањата од нови бури кои се движат кон ...

За да ги спречи ураганите, бара обединување на Македонија

Утрински - 21.09.2005

Куриозитет Њу Џерси - Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во Соединетите Американски Држави. Во писмото испратено до "Македонски глас", неделник на македонското иселеништво во САД и во Канада, Владо Филе наведува дека неговиот изум ќе го спаси човештвото ...

Ќе ги спасам САД од урагани ако се обедини Македонија

Дневник - 21.09.2005

македонецот, владо филе со проект Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во САД. Во писмото испратено до "Македонски глас", неделник на македонското иселеништво во САД и во Канада, и до Стејт департментот, изумителот Владо Филе посочува дека неговиот изум ќе ...

“Рита” најверојатно ќе премине во ураган со разорна моќ

Канал5 - 21.09.2005

Националниот центар за следење урагани во Мајами, синоќа соопшти дека ураганот Рита се очекува до денеска попладне да добие на сила и да премине од категорија два во ураган од четврта категорија според петстепената Сафир-Симсонова скала што ќе претставува ураган со разорна моќ.

Македонец засекогаш ќе ги спречи ураганите!

Вечер Прес - 21.09.2005

Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во САД. Во писмото испратено до "Македонски глас", неделник на македонското иселеништво во САД и Канада, изумителот Владо Филе наведува дека неговиот изум ќе го спаси човештвото од страдањата, што ги предизвикуваат ...

Стопирано враќањето на населението во Њу Орлеанс

А1 - 20.09.2005

Градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин синоќа одлучи да повика на одложување на повторното отварање на дел од градот за следните неколку дена поради закана од нови поплави и ги повика оние кои се вратиле да го напуштат градот. „Работите сега се сменија. Ни се приближува уште еден ураган..

Македонец од Њу Џерси изумил начин да ги спречи ураганите

А1 - 20.09.2005

Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во Соединетите Американски држави (САД). Во писмото испратено до “Македонски глас“, неделник на македонското иселеништво во САД и Канада, изумителот Владо Филе наведува дека неговиот изум ќе го спаси човештвото од ...

Македонец засекогаш ќе ги спречи ураганите

Време - 20.09.2005

НАШИНЦИ ВО НАУКАТА Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во Соединетите Американски Држави. Во писмото испратено до „Македонски глас“, неделник на македонското иселеништво во САД и во Канада, изумителот Владо Филе наведува дека неговиот изум ќе го спаси ...

Населението се враќа во Њу Орлеанс

А1 - 19.09.2005

Во текот на денешниот во Њу Орлеанс се очекува да се вратат многу жители само 3 седмици откако ураганот Катрина уништи дел од американското крајбрежје во Мексиканскиот залив. Како што јави дописникот на МИА од Чикаго, и покрај предупредувањата на локалните и федералните власти дека не се исполнети ...

Скопје ќе даде 30.000 евра помош по „Катрина“

Време - 19.09.2005

АКО СОВЕТОТ ОДЛУЧИ Градот Скопје ќе одвои околу 30.000 евра за помош на настраданите од ударот на ураганот „Катрина“, кој го опустоши американскиот град Њу Орлеанс, ако градскиот совет ја усвои оваа одлука на наредната седница.

Враќањето во Њу Орлеанс е проблематично

Утрински - 19.09.2005

Сомневања дека е можна брза обнова ЊУ ОРЛЕАНС - Жителите на Њу Орлеанс треба да размислат да го одложат враќањето, изјави шефот на напорите за закрепнување по ураганот "Катрина„, контрадикторно на изјавите на градоначалникот.