TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Досега околу 5.000 исчезнати

А1 - 16.09.2001

5.124 лицата, засега, се сметаат за исчезнати, а 165 се пронајдени досега во незапаметениот терористички напад врз кулите „Близначки“ на Светскиот трговски центар, како и врз зградата на Пентагон во Вашингтон. Официјалните лица засега одбегнуваат да го прогнозираат трагичниот биланс од ...

Милијарда долари за Бин Ладен

А1 - 16.09.2001

Одговорот на САД на терористичките напади ќе биде "траен и далекусежен", изјави претседателот Џорџ Буш во рамките на консултациите во Кемп Дејвид. Тој за прв пат го посочи Осама Бин Ладен, кој се крие во Авганистан, како главен осомничен.

Бин Ладен: „Немам врска со терористичките напади во САД“

А1 - 16.09.2001

САД и денеска продолжија со подготвувањето на масивен воен одговор на терористичките напади на Њујорк и Пентагон, и покрај демантите на главниот осомничен, Осама Бин Ладен дека е поврзан на каков бил начин со нив. Американскиот претседател Џорџ Буш се сретна со своите советници за безбедносни ...

САД vs. Авганистан

А1 - 15.09.2001

"Во војна сме", изјави претседателот Џорџ Буш, по состанокот со советниците во воената база Кемп Дејвид, на кој е разговарано за можниот воен одговор на САД против виновниците за нападите и против нивните поддржувачи. "Сите Американци со униформа треба да бидат подготвени", порача Буш, додавајќи ...

Авганистан се подготвува за напад од САД

А1 - 15.09.2001

Талибанската Влада во Кабул денеска им нареди на сите странци кои престојуваат во земјата да го напуштат Авганистан, поради можниот воен напад на САД. Министерството за надворешни работи во Кабул издаде соопштение во кое се наведува дека ако соседите дозволат да се користи нивното копно или ...

Денес сите сме Американци

Вест - 15.09.2001

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ГОВОРЕШЕ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ЖРТВИТЕ НА ТЕРОРИЗМОТ ВО САД Тероризмот удира како на големите така и на малите, како на величествените така и на понизните, но граѓаните на Америка треба да знаат дека ние сме рамо до рамо со нив, денес сме сите Американци, порача Трајков ...

Светот во молитви и сеќавање за жртвите на тероризмот во САД

Вест - 15.09.2001

Конгресот усвои закон со кој 40 милијарди долари ќе се вложат за борба против тероризмот и за закрепнување на Њујорк и Вашингтон. На аеродромот "ЏФК" во Њујорк уапсени 10 лица, можно да се спречено ново ... (Си-Ен-Ен) - Претседателот Буш вчера беше во Њујорк за да ги види последиците од ...

Германски милијардер понуди 10 милиони долари за главата на Бин Ладен

Вест - 15.09.2001

ФРАНКФУРТ (Ројтерс) - Германскиот најекстравагантен Интернет мултимилијардер Ким Шмиц понудил 10 милиони долари за било какви информации што би помогнале за фаќањето на Осама бин Ладен. Шмиц, кој порано бил хакер и се појавува по таблоидите фотографиран во бесни автомобили и со разголени женски, ...

Талибанците се заканија со џихад ако бидат нападнати од САД

Дневник - 15.09.2001

опасност од трета светска воЈна по терористиЧките напади врз њуЈорк и вашингтон Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера објави мобилизација на десетици илјади припадници на резервниот армиски состав, кои ќе бидат вклучени во операциите за одбрана на земјата од можни нови терористички напади, по ...

Бин Ладен: Имаме сила помоќна и од атомска бомба

Дневник - 15.09.2001

во ПИСМО ДО ПАКИСТАНСКИ ВЕСНИК Пакистанскиот весник "Аусаф" завчера објави писмо на саудискиот дисидент Осама бин Ладен, во кое тој демантира дека е вмешан во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон Пакистанскиот весник "Аусаф" завчера објави писмо на саудискиот дисидент Осама бин Ладен, во ...

Авганистанците се вкопуваат во ровови

А1 - 14.09.2001

САД и официјално го обвинија светскиот терорист број еден Осама Бин Ладен за нападите врз Вашингтон и Њујорк, во кои има илјади загинати цивили. По средба со претседателот Џорџ Буш државниот секретар Колин Пауел изјави дека зад најтрагичниот терористички напад во историјата стои Осама Бин Ладен, ...

Денеска сите сме Американци

А1 - 14.09.2001

Македонија денеска се приклучи кон светот во оддавањето почит за загинатите во терористичките напади на Соединетите Американски Држави. Македонскиот претседател, членовите на македонската Влада, Парламентот, лидерите на политичките партии, како и генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, ...

Првата војна во 21. век

А1 - 14.09.2001

Американскиот претседател Џорџ Буш им изјави на новинарите во Вашингтон дека по разговорите со многубројни светски лидери владее општа подршка за американскиот план. "Има тага во нивните гласови, но и сознание оти сме сведоци на првата војна во 21. век.

ФБИ на трагата на киднаперите, укажува на Бин Ладен

Вест - 14.09.2001

ВАШИНГТОН - Киднаперите кои ги презеле патничките авиони со кои беа извршени нападите на САД биле следбеници на Осама бин Ладен, исламскиот милитант кој беше обвинет за едни од најкрвавите напади на Америка. Властите велат дека исто така ги идентификувале соучесниците во неколку градови кои ...

Во последните денови на Клинтон имало можност за напад врз Бин Ладен

Вест - 14.09.2001

ВАШИНГТОН (АП) - Во перодот кога одминуваа деновите на претседателствувањето на Бил Клинтон високите официјални лица добија конкретни информации од разузнавањето за тоа каде се наоѓа Осама бин Ладен и изготвија воен план за напад на локацијата на осомничениот терорист.

САД коваат план за одмазда

Дневник - 14.09.2001

ПО УЖАСНИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ ЊУЈОРК И ВАШИНГТОН НАТО првпат во својата историја соопшти дека нападот врз САД го смета како напад врз сите членки на Алијансата и според непотврдени информации во Брисел веќе се крои план за проектилски напади и копнена инвазија врз Авганистан Соединетите ...

Најмалку 50 лица учествувале во нападите

А1 - 13.09.2001

Најмалку 50 лица учествувале во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа илјадници лица, јави телевизиската мрежа CNN, повикувајќи се на неименувано официјално лице вклучено во истрагата. Според истиот извор, директно во киднапирањето на авионите и нивното уривање врз кулите ...

Злосторставата на Бин Ладен

А1 - 13.09.2001

Најпознатите злосторства со кои се поврзува Осама Бин Ладен се следниве: бомбардирањето на Светскиот трговски центар, на 16 февруари 1993-та година. При ова бомбардирање била предизвикана огромна експлозија при која загинале 6 лица, а повеќе од 1.000 биле повредени.

Воен одговор на терористите

А1 - 13.09.2001

Непосредниот одговор на САД и можните долгорочни последици од тој чин врз светската политичка сцена се главни теми во насловните страници и уредничките коментари во британскиот печат. "Непријателите на демократијата мора да бидат соочени со единствен напад", пишува весникот Times, додавајќи дека ...

Бин Ладен честита за нападите, но одрекува дека тој стои зад нив

Вест - 13.09.2001

ИСЛАМАБАД (Ројтерс/АП) -Саудискиот дисидент Осама бин Ладен им честиташе на луѓето што ги изведоа терористичките напади на САД, но одрече дека бил вмешан во нив. "Осама бин Ладен му се заблагодари на семоќниот Алах и се поклони пред него кога ги чу вестите", рече Џамал Исмаил, директорот на бирото ...

Буш: САД ќе возвратат врз сите кои се зад терористичките акции

Вест - 13.09.2001

Вашингтон, 13 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека САД ќе возвратат "врз оние кои стојат зад злосторничкиите акции" во Њујорк и Вашингтон. "Денеска нашата нација се соочува со злото", рече Буш во краткото телевизиско обраќање до нацијата од Овалната соба во Белата куќа и ...

Америка ќе се одмазди!

Дневник - 13.09.2001

тероризам Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но сите сомневања водат кон саудискиот дисидент Осама бин Ладен, кој не жалеше пари за да формира силна и добро обучена војска терористи спремни да се жртвуваат себеси за да им наштетат на американските интереси Се претпоставува дека ...

Дури и непријателските Либија и Куба го осудија ужасниот терористички акт

Дневник - 13.09.2001

САД речиси целосно се счаурија после најголемиот напад на американска почва по јапонскиот напад на Перл Харбур што пред 60 години ја воведе САД во Втората светска војна. Пентагон завчера соопшти дека американските трупи низ светот се во состојба на највисока борбена готовност.

Спасувачите во Њујорк работат без прекин

А1 - 12.09.2001

Спасувачките екипи во Њујорк работат без прекин во обид да ги спасат животите на заробените под урнатините во Менхетен. Две лица се пронајдени живи под урнатините на Светскиот трговски центар во Њујорк, а моментно е во тек операцијата за нивно спасување.

Кој е Осама Бин Ладен?

А1 - 12.09.2001

Саудискиот милионер Осама Бин Ладен, за кого постои сомневање дека стои зад нападите извршени вчера во Њујорк и во Вашингтон, веќе со години се смета за најголем непријател на САД и херој на исламот. Осама Бин Ладен е роден во 1957 година, како дванаесето од 58 деца на неговиот татко градежен ...

Бин Ладен - прв на листата на осомничени

А1 - 12.09.2001

Организацијата на Осама Бин Ладен, наречена „Ал Каеда“, е на врвот на листата на можни осомничени извршители на терористичкиот напад во Њујорк и Вашингтон, смета „Стратфор“, истражувачка агенција од Тексас. Според анализата на оваа агенција, „Ал Каеда“ е организација која создава независни келии на ...

Ударот во „Близначките“ два пати посилен од најсилниот ураган

А1 - 12.09.2001

„Киднаперите на четирите авиони кој вчера извршија координиран воздушен напад на Светскиот трговски центар и Пентагон може да се каже дека, пред се, биле многу способни и добро подготвени пилоти.“, изјави за CNN еден пилот ветеран со повеќе од 30 годишно искуство.

Пет лица од Блискиот Исток осомничени за терористичките напади

А1 - 12.09.2001

Силите за одржување на редот во американската сојузна држава Масачусетс идентификувале најмалку пет лица, кои се од Блискиот Исток и за кои постои сомневање дека се вмешани во нападите извршени вчера во Њујорк и во Вашингтон, пишува весникот "Бостон Хералд".

Терористички напад врз САД

Вест - 12.09.2001

Два авиони удрија во двете згради на Светскиот трговски центар во Њујорк, кулите се урнаа, се стравува дека бројот на жртвите ќе биде огромен. Двата патничи авиони се киднапирани од Бостон. ЊУЈОРК (Ројтерс) - Вчера во 9 часот изутрина по локално време два авиона во временска разлика од 18 минути ...

Бин Ладен предупредил за "неочекуван" напад на САД

Вест - 12.09.2001

ЛОНДОН (Ројтерс) - Саудискиот дисидент Осама Бин Ладен пред три недели предупредил дека тој и неговите следбеници ќе извршат неочекуван напад на интересите на САД за негивната поддршка на Израел. Абдел-Бари Атван, уредник на лондонскиот весник "Ал-Кудс Ал-Араби" изјавил дека е речиси сигурен дека ...

Бин Ладен пред три недели најави "напад каков што САД не паметат"

Дневник - 12.09.2001

Саудискиот милионер Осама бин Ладен пред три недели предупреди дека тој и неговите следбеници ќе извршат напад "каков што САД не паметат" поради поддршката што Вашингтон му ја дава на Израел. Абдел-бари Атван, уредник на лондонскиот весник на арапски јазик "Ал Чудс ал Араби", изјави дека е убеден ...

Терористи ги урнаа Светскиот трговски центар и Пентагон

Дневник - 12.09.2001

НАПАД ВРЗ СРЦЕТО НА САД Непознати терористи со два киднапирани авиона вчера во рок од 18 минути треснаа во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, а трет авион подоцна се урна во зградата на Пентагон, јави Ројтерс.