TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СРЈ најповластена нација во светот

А1 - 23.05.2002

„СР Југославија би можела да се здобие со статус најповластена нација во светот веќе во јули“, изјави по разговорите во Вашингтон, српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, додавајќи оти американскиот Стејт Департмент ќе им препорача на американските компании дека можат без одолговлекувања да го посетат ...

Пауел ја одмрзна помошта за Белград

Дневник - 23.05.2002

ПОРАДИ ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ Вашингтон завчера реши целосно да ја одмрзне финансиската помош за Југославија. Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека помошта ќе биде одмрзната затоа што Белград конечно почнал да соработува со Хашкиот трибунал.

Ѓинѓиќ: „Значаен чекор за нормализација на односите со САД“

А1 - 22.05.2002

Потпишувањето на сертификатот за продолжување на американската помош за СРЈ е важен чекор напред во воспоставување на постојано партнерство со САД и другите демократски земји, како и за стабилност во регионот, каде Србија, со нивна поддршка треба да игра главна улога.

Пауел го одобрува продолжувањето на помошта за СРЈ

А1 - 21.05.2002

Државниот секретар на САД, Колин Пауел денеска и официјално треба да потврди дека ќе го потпише сертификатот со кој се потврдува дека СРЈ ги исполнила условите за продолжување на американската финансиска помош, пишува белградски „Блиц“.

Ѓинѓиќ и Свилановиќ на разговори во САД

А1 - 20.05.2002

Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и шефот на југословенската дипломатија Горан Свилановиќ престојуваат во посета на Соединетите Американски Држави на покана од државниот секретар Колин Пауел. Ѓинѓиќ и Свилановиќ, како што јави радио BBC, програма на српски јазик, се очекува во разговорите со ...