TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Граната паднала во близина на кумановската касарна „Карпош“

А1 - 17.06.2001

Терористите од липковскиот регион денеска повторно го гаѓаа Куманово. Минофрлачки проектил со калибар 120 милиметри завршил во близина на касарната „Карпош“, во кумановското предградие Бедиње. Мината не експлодирала бидејќи била некомплетна и немала запалка.

Во кумановско нема престрелки - забележани се прегрупирања на терористите

А1 - 16.06.2001

Во текот на последните 24 часа во кумановско забележани се две вооружени провокации една во реонот на слупчане, а втората синоќа пред полноќ во реонот на селата Виштица и Матејче. На провокациите е одговорено, а од полноќ до 19 часот терористите не го употребиле оружјето.

По Тетово, терористите одново се активираа во Кумановско

Вест - 16.06.2001

ВООРУЖЕНИТЕ ЕКСТРЕМИСТИ СЕКОЈ ДЕН СЕ СЕЛАТ НА РАЗЛИЧНО МЕСТО Нападите на терористите во Македонија избиваат и секој ден се селат на различно место. Ако до средата беа во Тетово, веќе завчераноќ и вчера, албанските терористи одново удриле од кумановските села Липково, Матејче и од Опае.

Повремени престрелки во примирјето

Дневник - 16.06.2001

ВО КРИЗНИТЕ ПОДРАЧЈА Терористите во Кумановско вчера двапати ги напаѓаа силите за безбедност, а во Арачиново запалија поле со жито Албанските терористи вчера неколкупати го прекршија прекинот на огнот што го прогласи нивниот лидер Али Ахмети.

Прераспоредување на терористите во кумановско

А1 - 15.06.2001

И покрај примирјето во кумановско, терористите заземаат нови позиции и со ситни провокации ги предизвикуваат војниците и полицајците на најистурените пунктови. Tерористите од Слупчане претпладнево на двапати го нападнаа полицискиот пункт во селото Опае и позициите на армијата во месноста Слупчански ...

Медицинскиот центар копа бунар во дворот

Вест - 15.06.2001

КУМАНОВО ДЕВЕТ ДЕНА БЕЗ ВОДА Вчера, хуманитарниот конвој се обиде по четврти пат да влезе во Липково Воената психоза што во Куманово трае повеќе од месец и половина, изминатите 10 дена е надополнета со невиден гнев поради недостигот на вода за задоволување на елементарните животни потреби.

Терористите во Липково не го пуштија ни Црвениот крст

Дневник - 15.06.2001

БЛОКИРАН КОНВОЈОТ "ХРАНА ЗА ВОДА" Албанските терористи во Кумановско вчера не дозволија во кризниот регион да влезат екипите на Меѓународниот црвен крст за да евакуираат бегалци и да однесат хуманитарна помош. Конвојот "храна за вода", со хуманитарна помош за Липковско и со техничари што треба да ...

Прегрупирања на терористите во кумановско

А1 - 14.06.2001

Портпаролот на АРМ Благоја Марковски за Макфакс потврди дека има развдижувања, прегупирања и обид за правење нови утврдувања на албанските терористи и во кумановско-липковскиот регион во делот на селата Слупчане и Оризаре. Македонските вооружени сили се воздржуваат од преземање воени акции во ...

Куманово денес

А1 - 14.06.2001

И денес во Куманово и кумановско е мирно. Хуманитарниот конвој се уште не е влезен во селото.Се чека одговор од терористите дали ќе го пуштат конвојот во селото без екипите на новинарите. Во Куманово од денеска е поставена пумпа на реката за добивање техничка ...

Терористите не пуштаат вода за Кумановци ниту храна за цивилите

Дневник - 14.06.2001

ХУМАНИТАРНА ДРАМА Албанските терористи во Липковско повторно ја одбија хуманитарната помош и не им дозволија да влезат во кризното подрачје на техничарите што треба да ги пуштат вентилите на кумановскиот водовод, зашто не беше исполнет нивниот услов со конвојот да одат и новинари.

Во кумановско релативно мирно

А1 - 13.06.2001

Состојбата во кризниот кумановско-липковски регион е релативно мирна по вчерашните престрелки - соопшти портпаролот на АРМ полковник Благоја Марковски. Воени извори најавија дека екипи на меѓународниот Црвен Крст и на ОБСЕ денеска ќе се обидат да влезат во Липково за да му достават хуманитарна ...

Хуманитарниот конвој за Липково вратен од терористите

Вест - 13.06.2001

Најнов услов на терористите: или со конвојот да има новинари или нема негово влегување во селото, во кое жителите веќе подолго време ги држат во заложништво. Завчераноќ и вчера до 12 часот, во кумановско-липковскиот реон било мирно, а потоа терористи Хуманитарниот конвој што вчера требаше да влезе ...

Меѓународниот комитет на црвениот крст влезе во Отља и Липково

Вест - 13.06.2001

"За новинарите не е обезбеден влез со конвојот во селото Липково, бидејќи се работи за кризно подрачје, каде ние не можеме да им ја гарантираме безбедноста", изјави портпаролот на Генералштабот на АРМ, полковник Благоја Марковски.

Терористите не сакаат конвој без новинари

Дневник - 13.06.2001

Продолжува кризата во Кумановско Услов за влегување во Липково на триесетина камиони со храна и лекови и на техничарите од водоводот беше со конвојот да одат и медиумски екипи Албанските терористи вчера не дозволија во Липково да отиде конвој со хуманитарна помош и со техничари што требаше да ги ...

Терористите не ги затвориле вентилите за вода во Липково

А1 - 12.06.2001

Делегација од Црвениот Крст и технички лица денес направи обиди да влезе во Липково, но терористите бараа да бидат пуштени и новинарите. Терористите тврдат дека тие не ги запреле вентилите за вода на Липковското езеро - изјаваува Бедрадин Ибраими.

Терористите во Матејче ја запалија црквата и македонските куќи

Вест - 12.06.2001

Терористите вчера ја запалија црквата и македонските куќи во селото Матејче, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Република Македонија, Ѓорѓи Трендафилов. Тој рече дека албанските терористи палеле во текот на вчерашниот ден додека траеше прекинот на дејствата на македонските ...