TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Крај за режимот на Талибанците

А1 - 08.12.2001

По падот на последниот бастион на Tалибанците, градот Кандахар, локалните авганистански лидери одржуваат племенско собрание за да ги надминат разликите по прашањето кој да го контролира градот. Досега е договорено создавање совет кој ќе управува со градот.

Мула Омар избега од Кандахар, крај на талибанското владеење

Вест - 08.12.2001

Жител на Кабул слободно разгледува списанија со фотографии на жени ИСЛАМАБАД, 8 декември (Ројтерс) - Талибанскиот врховен лидер мулата Мухамен Омар го напушти своето последно упориште во Кандахар и веќе не се наоѓа во градот.

Осама го нема во Тора Бора, Омар исчезна од Кандахар

Дневник - 08.12.2001

ПРИВРШУВА ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН Талибанските борци утврдени во јужниот авганистански град Кандахар вчера почнаа да го предаваат оружјето, но во градот во кој пред пет години се роди, а вчера загина талибанското движење го немаше врховниот лидер Мула Мохамад Омар, јави Ројтерс.

Талибанците го предадоа Кандахар

А1 - 07.12.2001

Талибанците денеска го предадоа и последниот бастион на југот на земјата, Кандахар. Според новинарски извештаи талибанските борци започнале со предавање на оружјето, по наредба на највисокиот талибански заповедник Мула Мохамед Омар, чија судбина се уште е неизвесна.

Мула Мухамед Омар го предава и Кандахар

Вест - 07.12.2001

КАБУЛ, 7 декември (Ројтерс) - Талибанскиот врховен лидер мулата Мухамед Омар одлучи да го предаде Кандахар - своето последно упориште во Авганистан. Авганистанската агенција што ја пренесе оваа вест нема други детали околу преговорите со Омар кој се до оваа недела ги тераше своите борци да се борат ...

Омар решил без борба да го предаде Кандахар

Дневник - 07.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Ставот на талибанскиот лидер омекнал по жестоките бомбардирања на градот и разговорот со идниот премиер на Авганистан Талибанскиот врховен лидер Мула Мохамад Омар вчера се согласил без борба да им го предаде на опозициските сили Кандахар, последниот град во Авганистан што е под ...

Предавање на Кандахар

А1 - 06.12.2001

Лидерот на Талибанците, мулата Мохамед Омар за агенцијата Исламик Прес изјави дека одлучи да го предаде Кандахар, последното упориште во Авганистан. Се очекува конечното предавање на контролата врз Кандахар да биде извршена за ден - два.

Американските бмбардери убија 2, ранија 20 свои војници кај Кандахар

Вест - 06.12.2001

ВАШИНГТОН, 6 декември (Ројтерс) - Двајца американски војници загинале, а 20 биле повредени заедно со извесен број на антиталибански борци во вчерашното бомбардирање што по грешка било изведено северно од Кандахар. Инцидентот се случил кога бомбардерот Б-52 кој служел како поддршка за опозиционите ...

Американски "Б—52" десеткуваше свои војници кај Кандахар

Дневник - 06.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Според непотврдени извештаи, при нападите кај Тора Бора бил убиен и Ајман Завахри, водач на египетска терористичка група, кој му се придружи на Осама и стана негова десна рака Двајца елитни американски војници загинаа, а дваесетина се ранети при бомбардерски напад на авион ...

Загинаа тројца американски војници од американска бомба

А1 - 05.12.2001

Тројца американски војници загинаа, дваесетина се ранети, заедно со се уште непознат број на антиталибански војници, кога врз нивните позиции северно од Кандахар, во Авганистан, по грешка американски бомбардер „Б-52“ го исфрли својот товар, соопшти американската централна команда.

Авганистанските лидери денска треба да потпишат договор за влада

Вест - 05.12.2001

БОН/ близу КАНДАХАР, 5 декември (Ројтерс) - Авганистанските фракции кои се состанаа во Германија постигнаа договор за формирање на преодна влада и преговараат околку местата во кабинетот додека продолжуваат борбите околу Кандахар.

2000 Авганистанци го ловат бин Ладен кај Тора Бора

Вест - 05.12.2001

КАБУЛ, 5 декември (Ројтерс) - Речиси 2.000 Авганистанци вчера се организираа за да ги протераат талибанските сили од планиските предели во источниот дел од државата каде што можеби се крие Осама бин Ладен. "Советот мобилизираше речиси 2.000 мештани за да ги истераат од Тора Борта Талибанците и ...

Поднесен предлогот за провизорна влада на Авганистан

А1 - 04.12.2001

По еднонеделниот преговарачки маратон, делегатите на Конференцијата за Авганистан во основа го прифатија рамковниот договор за двегодишната преодна фаза. Сите четири делегации го одобрија текстот понуден од Обединетите Нации, во кој се предвидува и стационирање мировни трупи во главниот ...

Маринци се групираат кај Тора Бора — можното дувло на Осама бин Ладен

Дневник - 04.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Маринците во базата на пустинскиот аеродром кај Кандахар вчера со транспортен авион добија нови засилувања, пред се, лесни оклопни возила "хамви", опремени со противтенковски оружја Американските борбени авиони завчера го засилија бомбардирањето на ридовите Тора Бора во источен ...

Илјада маринци чекаат наредба за напад на Кандахар

А1 - 03.12.2001

Антиталибанските борци стационирани близу Кандахар соопштуваат за огромен отпор од страна на Талибанците. Пред се, странските борци од арапските земји се борат со сета сила. Околу илјада американски маринци се наоѓаат пред влезот на Кандахар и чекаат наредба за дејство.

Се приближува "судниот ден"за талибанското јадро Кандахар

Дневник - 03.12.2001

ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО АВГАНИСТАН Опозициски сили од две страни, а Американците од воздух и од новата база "како змија ја стегаат гушата" на талибанците и арапските терористи што го бранат градот Битката за последното упориште на талибанците, градот Кандахар, се приближува до точка на кулминација, оцени ...