TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хеликоптер на КФОР два пати истоварил контејнери во тетовско

А1 - 22.07.2001

Вчера попладне во периодот меѓу 16 часот и 45 минути и 17 часот и 5 минути, без претходна најава и известување, хеликоптер на КФОР од Косово влегол во македонска територија и истоварил непознат товар, објави Министерството за одбрана.

Резиденциите на претседателот и премиерот надлетувани од хеликоптер на КФОР

А1 - 21.07.2001

Вчера и завчера во претпладневните и вечерните часови над резиденциите на претседалот Трајковски и премиерот Георгевски на Водно македонската полиција забележала како хеликоптер исфрла светлечки ракети. Објаснувањето на КФОР е дека станува збор за ненамерен инцидент.

КФОР зачистува во Косовскиот заштитен корпус

Дневник - 19.07.2001

КОСОВО Војниците на КФОР минатиот петок го уапсиле Ружди Сарамати, командант на Косовскиот заштитен корпус за градот Призрен, под обвинение дека неговите активности станале "закана за КФОР и за меѓународните институции на Косово", јави Ројтерс.

На Косово протести против минатонеделното суспендирање на петте команданти на КЗК

А1 - 18.07.2001

Трупите на мултинационалната бригада на КФОР, Центар, ја поддржаа полицијата на УНМИК при надгледувањето на една демонстрација која вчера привремено го блокираше патот во близина на Лупушник. Околу 200 лица протестираа против минатонеделното суспендирање на петте лидери на Косовскиот Корпус за ...

КФОР уап­си ко­ман­дант на Ко­сов­ски­от заш­ти­тен кор­пус

Вест - 18.07.2001

Ко­ман­дан­тот на Ко­сов­ски­от заш­ти­тен кор­пус (КЗК) за под­рач­је­то на Приз­рен, Руж­ди Са­ра­ма­ти, е уап­сен во пе­то­кот по­ра­ди ин­фор­ма­ци­и­те де­ка прет­ста­ву­ва опас­ност за тру­пи­те на КФОР и за ме­ѓу­на­род­ни­те гру­пи, со­оп­шти си­но­ќа КФОР.

КФОР уапсил 10 терористи и запленил 372 гранати

Дневник - 18.07.2001

ВО ДВЕ АКЦИИ НА КОСОВО КФОР вчера заплени 372 минофрлачки гранати и 42 детонатори во бело комби близу косовското село Сурлане, неколку километри северно од македонската граница, јави Ројтерс. Војниците уапсиле две лица, кои биле во комбито.

Уапсен командант на Косовскиот Заштитен Корпус

А1 - 17.07.2001

На Косово КФОР го упасил еден од командантите на косовскиот заштитен корпус за подрачјето на Призрен.Се работи за Ружди Сарамати кој е еден од оние кои се на црната листа на Буш за забранет влез во САД. Кај пограничното место голем камен КФОР уапсил и 11 терористи од ОНА кои на коњи пренесувале ...