TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Милошевиќ шокиран од кривичната пријава за шверц со цигари

Време - 15.06.2007

АКЦИЈА „МРЕЖА“ Марко Милошевиќ, синот на починатиот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, негира било каква вмешаност во балканскиот шверц со цигари, откако белградското обвинителство го обвини во акцијата „Мрежа“. „Шокиран сум.

Марко Милошевиќ го отфрли обвинението за вмешаност во шверц на цигари

Канал5 - 14.06.2007

Марко Милошевиќ, синот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, го отфрли обвинението на Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал, дека во периодот од 1996 до 2001 година организирал шверц на цигари, наведувајќи дека нема да се јави на судскиот повик.

Мира Марковиќ нема да се јави на суд во Србија

Дневник - 14.06.2007

Поранешната прва дама на Србија, Мира Марковиќ, ги отфрла обвинувањата дека учествувала во мрежа за шверц на цигари и истакна дека нема да се појави на суд во Србија. - Немам врска со шверц на цигари. Јас сум универзитетски професор.

Македонија како островот на Црниот пират

Време - 14.06.2007

ДОДЕКА СОСЕДСТВОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ТУТУНСКАТА МАФИЈА Александар Божиновски Македонија е на балканската опашка во борбата против тутунската мафија, особено откако северниот сосед ја почна големата акција „Мрежа“, во која, според сите коментари, никој не е поштеден почнувајќи од политичари, од ...

И Марко Милошевиќ во „Мрежа“

Време - 13.06.2007

ТУТУНСКА МАФИЈА (4) Зоран Божиновски Српските власти завчера удрија и врз тобако кланот на Мирјана Марковиќ, нејзиниот син Марко Милошевиќ и Бојана Бајрушевиќ Треф. Тие се означени како организатори на групата која српскиот буџет го оштетила за околу 76 милиони евра.

Србија со потерница ги бара сопругата и синот на Милошевиќ

Утрински - 13.06.2007

БЕЛГРАД - Вдовицата и синот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ се соочуваат со обвинение за шверц на цигари за време на деведесеттите години. Мирјана Марковиќ и Марко Милошевиќ се осомничени дека заработиле милиони долари од измама, изјави специјалниот српски обвинител.

Русија ќе ја екстрадира Мира Марковиќ во Србија

Дневник - 13.06.2007

Српското Обвинителство вчера потврди дека ќе објави меѓународна потерница по вдовицата на Слободан Милошевиќ и нивниот син Марко Милошевиќ, поради сомневања дека организирале шверц на цигари Русија веројатно нема повеќе да биде гостољубива спрема поранешната прва дама на Србија, Мира Марковиќ и ќе ...

Нови апсења во акцијата „Мрежа“

Утрински - 12.06.2007

Белград - Српската полиција вчера изутрина уапсила уште три лица, осомничени дека се дел од групата која шверцувала цигари, потврди Информативната служба на Министерството за внатрешни работи на Србија. Полицијата, продолжувајќи ја акцијата „Мрежа“, ги уапсила Валентина Петар, Ивона Перовиќ и ...

Марко и Мира заработиле десетици милиони евра!

Вечер Прес - 12.06.2007

Доказите за нелегалниот шверц со цигари на криминалната група со која раководеле Марко Милошевиќ, Мира Марковиќ и Бојана Бајрушевиќ со помош на Михајла Кертес, полицијата ги прибрала и му ги предала на истражниот судија на Посебното одделение на Окружниот суд во Белград, кој би требало деновиве да ...

Српската полиција уапси уште три лица за шверц на цигари

А1 - 11.06.2007

Српската полиција денеска изутрина уапсила три лица осомничени дека се дел од групата која шверцувала цигари, потврди Информативната служба на Министерството за внатрешни работи на Србија. Полицијата, продолжувајќи ја акцијата „Мрежа“, ги уапсила Валентина Петар, Ивона Перовиќ и Миодраг Павловиќ, ...