Во Охрид ќе се гради фабрика за автомобилски делови ОХРИД - Идната недела Владата ќе потпише меморандум за влез на нова странска инвестиција во Охрид.
Позната американска компанија за производство на автоделови, која има повеќе фабрики во Европа, ќе отвори погон во Охрид, најави вчера вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој истакна дека во наредната недела Владата ќе усвои одлука за потпишување меморандум за соработка со американската компанија.
Позната американска компанија за производство на автоделови, која има повеќе фабрики во Европа, ќе отвори погон во Охрид, најави вчера вицепремиерот Зоран Ставрески.
На денешната посета на Охрид вицепремиерот Зоран Ставрески , информирал дека позната компанија од САД за производство на автоделови, која има повеќе фабрики во Европа, ќе отвори свој погон во овој град.
Кризата на светскиот пазар, по банкротот на една од најголемите американски банки, нема да има големо влијание на македонскиот финансиски пазар, смета вицепремиерот Зоран Ставрески. Според него и во минатото имало светски финансиски кризи, но и тогаш тоа не се почувствувало на македонскиот пазар.
Станува збор за американска компанија во областа на автомобилската индустрија со инвестиција која што ќе значи вработување на околу 600 луѓе. - Голема и значајна инвестиција не само за Охрид туку и за Македонија.
Вицепремиерот за економија Зоран Ставрески и министерот за правда денеска ќе престојуваат во Охрид. Според агендата тие ќе се сретнат и со жителите на Љубаништа и Пештани.
Зоран Ставрески, заменик – претседател на Владата на Македонија, денеска ќе присуствува во Охрид. Тој ќе ги посети Охридска Банка, ЕМО – Охрид, како и фабриката за сокови Тен-хем Билјана. Доцна попладнево Ставрески ќе ја посети Охридската чаршија каде ќе има средба со граѓаните.
Вицепремиерот Зоран Ставрески денес во Охрид изјави дека не верува дека ќе има финансиски турбуленции во Македонија по колапсот на “Лиман брадарс” и последиците кои произлегоа на светските финансиски пазари.