СПОРЕД "ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ" Горан Бреговиќ, некогашната алфа и омега на популарниот рок-бенд "Бјело дугме", и покрај почетното противење, сепак се сложил со повторното собирање на групата, но само за три големи стадионски концерти, пишува "Вечерњи лист".
Деновиве во продукција на "Трето уво" во етерот е промовиран нов сингл и видеоспот за песната "Радован" на младиот и надежен Божин Спирковски, за публиката познат по уметничко име "Сен 92". Ова момче е на возраст од 16 години и тој е комплетен автор на неговата прва песна "Радован".
Фудбалската "икона" на Рома и стандарден репрезентативец на Италија, Франческо Тоти, во јуни годинава ќе се жени. Неговата голема љубов, со која е во врска неколку години, е прекрасната италијанска актерка, манекенка и ТВ-водителка Илари Блази.
Во пресрет на 55. издание на Меѓународниот филмски фестивал "Берлинале", пред околу 1000 новинари, на прес-конференцијата, Дитер Кослик, директорот на Фестивалот, најави што ќе се случува на овогодишното издание. Фестивалот на 10 февруари, ќе го отвори француско-англиското остварување "Маж на маж" ...
СВР Гостивар поднесе пријава против двесет и петгодишниот Н.Р. од Врапчиште. Тој ќе одговара за - противправно лишување од слобода. Делото што го сторил пријавениот Н.Р. е извршено во декември, лани. Тој, е посочено во пријавата, ја повикал М.Ј. (17) од Скопје да дојде на гости кај него.
На плоштадот "Македонија", денеска од 12 до 14 часот, скопјани ќе имаат можност по втор пат да се забавуваат со интересна и богата програма наречена "Суперско". Оваа манифестација што започна минатата сабота, и која привлече огромен интерес меѓу скопјани, има за цел да стане големо саботно ...
Сме имале ваква или онаква Влада, лева или десна, па дури и поцентрална, но никогаш толку "настината". Имено, последниот состанок на социјалните партнери во Владата, поточно меѓу премиерот Бучковски и неговиот ресорно одговорен тим и "потесната дружба" на Муратовски околу устројувањето на ...
Иако Горан Бреговиќ упорно одбиваше каква можност тоа навистина да се случи, за тоа се зборува со години, се чини дека "Бјело дугме" никогаш не било поблиску до повторното собирање отколку сега. Кога неодамна менаџерот на групата Рака Мариќ ја пушти новата информација за враќањето на групата и ...
САРАЕВО, 5 ФЕВРУАРИ(МАКФАКС). - Парламентот на Босна и Херцеговина донесе одлука за продажба на дел од земјиштето на поранешната касарна "Маршал Тито" во Сараево на САД, за изградба на амбасада. Како што јавија босанските медиуми, пратениците донеле одлука за продажба на 44.175 метри квадратни ...
Парламентот на Босна и Херцеговина донесе одлука за продажба на дел од земјиштето на поранешната касарна „Маршал Тито“ во Сараево на САД, за изградба на амбасада. Како што јавуваат денеска босанските медиуми, пратениците донеле одлука за продажба на 44.175 метри квадратни земјиште, по цена од околу ...
Брисел, 4 февруари (МИА) - Грчкиот претседател Костис Стефанопулос на вчерашната средба во Брисел со членовите на грчката заедница во Белгија, изјавил дека "ПЈРМ претставува културна и национална закана за Грција со нејзините теории за голема Македонија во чии рамки има дел што и припаѓа на ПЈРМ, а ...
БЕЛГРАД, 4 ФЕВРУАРИ(МИА). - Американската невладина организација, Федерација на американските научници (ФАС) ја стави Српската радикална партија (СРП) на Воислав Шешењ на својата листа од 388 терористички организации, движења и групи од целиот свет, објави во вчерашниот број белградскиот весник ...
"Заедничките цели го победуваат минатото и се гради заедничка иднина". Нема потреба од превод кога има високо ниво на разбирање. Македонскиот и српскиот претседател, Црвенковски и Тадиќ, заборавија на преводот во Белград, а дека на збор чекаше преведувачот пред озвучувањето, уредно подготвено од ...
Веројатно, во овој момент е повеќе од прекрасно да се биде во Санта Катерина (Бормио), каде што во тек е одржувањето на Светското првенство во алпско скијање. Според информациите од светските тикери, таму, едноставно "врие" од познати личности, на "купче" е самиот светски скијачки крем, а завчера ...
По едно извесно затишје (пред бура) поп пејачката Верче Пандиловска го сними најновиот спот за песната "Дај ми вино". Комплетен автор на музика, текст и аранжман е Тоше Поп Симонов, во чие студио "Аудиолаб" е реализирана оваа тема.
ТИРАНА, 4 ФЕВРУАРИ(МИА). - Комплексот од висококатници во Тирана, познат како "Кули близначки", е под засилено обезбедување поради терористичка закана, објави албанскиот дневен весник "Коха јоне". Весникот наведува дека е можно терористите да ги нападнат двете згради од по 16 ката што се во градба, ...
ПРИЛЕП.- Тутунскиот комбинат од Прилеп организирано го прифаќа тутунот од индивидуалните производители и го исплаќа седум дена по откупот по просечна цена од 137 денари по килограм. Парите за откупот се обезбедени од "Сокомак" - Битола.
Трито "New Amadeus" во состав: Ќазим Асотиќ (фагот), Гордана Илиевска- Николова (флејта) и Зоран Крагуевски (кларинет), в понеделник, со почеток во 20 часот, во фоајето на Македонската опера и балет, ќе го одржат музичко-сценскиот перформанс "Сонот на Моцарт".
"Сакам да бидам градоначалник на Скопје за да и ја исполнам желбата на ќерка ми, во градот да направам скејт парк", вели Зоран Крстевски, висок функционер во Либералната партија, кој во претходниот состав на Владата ја извршуваше вицепремиерската функција.
Иако редовниот термин на традиционалниот, оваа година 16-ти по ред, фестивал на нови народни патриотски и родољубиви песни “Гоце фест” секогаш бил на почетокот на овој месец, оваа година е поместен за 25, 26 и 27 февруари. Некои велат дека во прашање е презафатеноста на термините во Универзална ...
Овогодинашен добитник на наградата "Димитар Митрев" (за критика) е Науме Радически за книгата "Патишта и крстопати" (издание на "Култура") - објави вчера жирито на ДПМ, во состав: Георги Сталев, Милан Ѓурчинов, Јовица Тасевски-Етернијан.
Охридската пастрмка ќе влијае врз шансите на Македонија за членство во Европската унија. Ова не е извадок од рубриката "Верувале или не", туку сериозна препорака од европските институции, кои и порачуваат на Македонија дека заштитата на животната средина е многу важно прашање на кое Унијата му ...
Иван Заморано, еден од најславните поранешни чилеански фудбалери, во саботата го рече судбоносното "да". Бившиот центарфор на милански Интер и на чилеанската репрезентација се ожени со не помалку славната аргентинска фотомоделка и манекенка, Марија Алберо (29 години, 174 цм).
Иако претстои квалификациски дуел со Андора на 9 февруари, селекторот на Македонија, Драган Канатларовски, повеќе размислува на средбата со Романија. Андорците ни се стари должници, но се очекува да немаме проблем со нив, па затоа веќе се кројат планови за "операцијата Романија", закажана на 30 ...
Бит пазар не оди на продажба. Ова го тврди првиот човек на "Скопски Пазар", Трајче Давитковски откако во јавноста станаа се погласни шпекулациите дека тој наумил овој најголем пазар во земјава да го продаде на Албанец од Косово за десетпати поголема сума од онаа по која го купил.
Повеќе од 30 отсто од средношколците имаат искривување на 'рбетниот столб (односно сколиоза), а државата го исече буџетот за систематски прегледи. Последните испитувања меѓу средношколската популација покажале дека кај 20 отсто има и промени на стапалото.
Лекарската и Стоматолошката комора на Македонија вчера официјално од Парламентот побараа објаснување за тоа како во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување не влегоа оние што тие ги предложија како свои претставници.
Најстариот карневал во нашата држава, струмичкиот, и годинава традиционално ќе се одржи од 12 до 16 март. Два дена по Прочка, односно за време на Тримери, верскиот празник со кој овој несекојдневен настан на мимикријата и маската е тесно поврзан .
Осмооделенката, Ивана Стојковска, ученичка во ОУ "Димитар Миладинов", ќе го промовира својот прв роман "Побрзо до рајот", денеска (19 часот) во Домот на АРМ. Зад романот стои Издавачката куќа "Макавеј", а книгата пред присутните ќе ја претстават Тамара Арсовска и Јордан Даниловски.
ВРХОВЕН СУДИЈА НАЈАВИ Грчкиот Врховен суд наскоро ќе ја забрани Асоцијацијата на жени Турчинки во Тракија, североисточна Грција бидејќи тие немаат право во називот на организацијата да го користат терминот турски, јави МИА. - Нема да се дозволи "Културната асоцијација на турските жени од Родопите" ...
ГРЧКИ ВРХОВЕН СУД Грчкиот Врховен суд решил да и ја одземе регистрацијата на групата Културно-здружение на турските жени во северна Грција затоа што нејзините членови се декларираат како Турчинки и го имаат „зборот“ турски во името.
Од 15 до 17 ноември, Македонија ќе биде домаќин на регионалната манифестација за современ балет, “Балканска танцова платформа". По Софија и Букурешт, Скопје ќе биде третиот град кој ја добил извонредната можност да ги собере на едно место најдобрите уметници по современ танц од регионот.
Само еден ден по завршувањето на првиот годинашен Грен Слем турнир во Мелбурн, неколку тениски ѕвезди се собраа на терените на "Тојота центарот" во Хјустон со хуманитарна намера. Имено, моментно најдобриот американски играч Енди Родик, легендата Крис Еверт, ултрапопуларната бивша тенисерка Ана ...
Со вечерашната премиера во Домот на културата во Битола (20 ч.) почнува филмското патешествие наречено "Балканкан", сочинето по идеја и режија на Дарко Митревски. Ден потоа, премиерно, филмот ќе можат да го видат и скопјани во киното "Милениум".
Во понеделникот на преминот Ќафасан македонските цариници, во автомобил "пежо 206" со албански национални ознаки, открија 40 килограми хероин. Дрогата, спакувана во 80 пакувања од по околу 500 грама е пронајдена во бункер сместен под багажниот простор и зад задните крила на автомобилот.
Покрај со партиски повереници кои глумат "осигуреници", во новиот Управен одбор на Фондот за здравствено осигурување и давателите на услугите нема да ги застапуваат делегирани претставници на Лекарската и Стоматолошката комора, туку нивните улоги ќе ги "играат" лекари и стоматолози кои не ги ...
АТИНА, 2 ФЕВРУАРИ(МИА). - Грчкиот Врховен суд наскоро ќе ја забрани Асоцијацијата на жени Турчинки во Тракија, североисточна Грција со образложение дека немаат право да го користат терминот "турски", објавија грчките медиуми, повикувајќи се на судски извори.
Денеска, со почеток во 19 часот, во Театарот за деца и младинци, ќе се одржи премиера на "Кралот Кускуле Први" на Васил Пујовски, во режија на Коле Ангеловски. "Делото, иако е напишано во 1991 година, се уште е актуелно и содејствува со сегашната политичка состојба", рече на вчерашната ...
Една чаша пијалак, три кафиња, одење во кино, или паркирање во "лајт" зоната, поединечно чинат повеќе од една линија кокаин. На некоја од овие секојдневни активности во Шпанија ќе потрошите четири евра, а толку според проценката на полицијата ќе ве чини и една "црта бело".
Чешкиот премиер Станислав Грос покажа интерес за приватизацијата на "Електростопанство" на Македонија од страна на чешката компанијата "Чез" на средбата со македонскиот премиер Владо Бучковски, вчера во Прага на Форумот на лидери на влади - конференција во организација на Мајкрософт.
Александар Ивановски, фоторепортер на нашиот весник, е добитник на Гран-при за фотографија за 2004 година и Плакетата Форум - ФОТО за фотографијата со наслов "Судбина". Одлуката едногласно ја донесе жирито во состав: Румен Ќамилов, автор - фотограф, Влатко Самоиловски, филмски снимател, и Влатко ...
Идното работно место на Миомир Жужул, министер за надворешни работи во оставка, се уште е неизвесно, а за тоа придонесе и претседателот Стјепан Месиќ. Имено, Месиќ му ги уништи сите дипломатски планови на Жужул на состанокот минатата недела, кога му соопшти дека нема да го потврди како амбасадор и ...
Првиот месец од воведувањето, новиот берзански индекс МБИ-10 доживеа вистински процут. Имено од 4 јануари до вчера тој забележа пораст од 7,5 насто од само еден месец постоење. Од почетната вредност до вчера тој достигна ниво од 1.075,77 индексни поени.
ЛЕГЕНДА: Еј, ова е шега: Врбица Стефанов Нашите кошаркари, во најголем дел, продолжуваат со успешните настапи на евро-сцената. Врбица Стефанов и неговиот Монтепаски, во првенаството на Италија, се враќаат во победничкото темпо. Овојпат, во Сиена, во 20.
Жири-комисијата во состав: Иван Чаповски, Венко Андоновски и Иван Чаповски, вчера, во ДПМ објави дека романот "Скриена камера" од Лидија Димковска е годинашниот добитник на наградата, "Стале Попов". "Свежа, полетна и постмодерна проза - жива статистика на нашето време", вели жирито за наградениот ...
Уште пред десетина години, кога Дарко и Марија ја почнале врската сонувале да имаат син и да се вика Тео, многу им се допаѓало тоа име. Го одбрале случајно без некакво значење. Кратко е, лесно се памети. И, ете го денот кога Тео дојде на свет.
Припадници на тетовската мобилна полициска единица завчераутро на наплатната рампа на излезот од Тетово, на автопатот Тетово - Гостивар, уапсија тројца гостиварци. Против уапсените се пооднесени пријави за предизвикување општа опасност. Тројцата, се вели во извештајот на МВР, Џ.Н. (31), Ј.А.
Кој вели дека во државава не се почитува Охридскиот договор? Спротивно на разно-разните барања за некакви права, албанската популација во државава доби и своја среќка. Доказ за ова е грепката, која деновиве е купена во киоск на Лотарија на Македонија во скопската населба Чаир.
Ноќта меѓу саботата и неделата во Скопје, во Старата чаршија на улица 104, ограбена е златарницата "Украс". Сторителот најпрвин го искршил катинарот од металната заштитна решетка, потоа ја обил влезната врата и влегол во дуќанот. Од таму тој одзел метална каса и избегал.
Во кумановскиот Суд почна судскиот процес против Сашо Петковски - Цаци, 34 години, и Самер Лековиќ - Санко, 30 години, двајцата од Скопје, обвинети за неовластено производство и продажба на наркотици. Петковски е фатен ноќта меѓу 14 и 15 декември 2004 година на граничниот премин Табановце со ...
ШТИП.- Деновиве во Штипско брзо се пренесува вирусното заболување "контаѓозна ектима". Оваа болест ги "коси" јагнињата, овците и козите. Најраширена е во селата Криви Дол, Три Чешми, Карбинци и Крупиште. Досега се евидентирани над илјада заболени јагниња, а од нив пцовисаа стотина.
Четириесет и тригодишната продавачка на ножеви, Бугарката Ангелина Ѓ. во петокот е осудена на парична казна од 10.000 денари. А и не ќе може да дојде во Македонија во наредните две години. Таа, се наведува и во полициската пријава и во судската пресуда, на гевгеличанката Султана К.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, не верува во никакви екстрасенси, волшебници и врачови, а од евентуални противници го штити само личното, но доста силно обезбедување. Поради тоа, го укина посебниот отсек во службата за безбедност, што се занимаваше "со заштита од влијанието на ...
Светот се движи. И Македонија со него. Доказ: нашиот баритон, Борис Трајанов! На почетокот од кариерата, луѓето кои му приоѓале, било од оперскиот хор на Куќата каде што гостувал, било од јавноста, пред се, поради неинформираност, речиси редовно го прашувале дали е Русин или Бугарин.
Скопскиот филмски фестивал годинава, сепак, од Министерството за култура ќе добие финансиска помош од еден милион денари. Министерот Благој Стефановски, и покрај заканите дека ќе го казни непрофесионалниот однос и на оваа институција, "падна" на реномето на Фестивалот и на атрактивната програма што ...