TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ се враќа во парламентот

Вест - 19.05.2007

"Се наоѓаме во конечната фаза на политичкиот дијалог со ВМРО ДПМНЕ кој дава позитивни резултати и бргу ќе се вратиме во Парламентот, веднаш штом ќе се потпише финалниот документ со оваа партија", изјави вчера попладнето Теута Арифи, потпретседател на ДУИ соопштувајќи ги ставовите усвоени на ...

Работете си ја работата за која сте платени

Време - 19.05.2007

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ДУИ ДУИ мора да се врати во парламентот, е пораката што на Али Ахмети вчера му ја упатија европарламентарката Дорис Пак и Ерван Фуере, претставник на Европската Унија во Македонија. Во исто време ДУИ на седница на Централното претседателство одлучуваше дали ќе ...

Парламент на изгубени чекори?!

Време - 19.05.2007

Веле Митаноски Прогрес во критиките - застој во дијалогот! (Дијалог: грчки збор што означува разговор, помеѓу две или повеќе лица - субјекти). Вака отприлика би можел да се дефинира македонскиот политички моментум. Притоа позицијата, по правило, предозирано охрабрува, а опозицијата сее песимизам.

ДУИ ќе чека успех на дијалогот за да се врати во парламентот

Утрински - 19.05.2007

Не дадоа плод ниту барањата на меѓународните претставници за прекин на бојкотот на интегративците Демократската унија за интеграција ќе ги почека резултатите од политичкиот дијалог кој го води со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе се разгледува евентуалното враќање на пратениците во ...

Фуере бара ДУИ да се врати во Собранието

Дневник - 19.05.2007

Од витално значење е ДУИ што поскоро да се врати во парламентот и тој дијалог да продолжи, порача вчера европратеникот Ерван Фуере при посетата на Евроколеџ во Куманово. - Сметам дека во овој момент веќе нема место за партијата да биде надвор од парламентот.

ДУИ со една нога во Собранието

Дневник - 19.05.2007

Блиску сме до заеднички договор со ВМРО-ДПМНЕ и штом ќе финализира политичкиот дијалог ДУИ ќе се врати во Собранието, изјави вчера Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ по состанокот на Централното партиско претседателство. - Централното претседателство со пратеничката група и со пратениците на ПДП ...

ДУИ на чекор до враќање во Парламентот

А1 - 18.05.2007

ДУИ се на чекор до враќање во Парламентот. Попладнево претседателството на партијата зазеде став дека политичкиот дијалог е пред финализација и оти се очекува само заеднички договор со ВМРО-ДПМНЕ, кој е од висок политички интерес и значење за граѓаните.

Ахмети бара политички договор со Груевски

Време - 18.05.2007

ПРЕД ДУИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ Сунчица Стојановска ДУИ ќе врати во парламентот ако постигне политички договор со ВМРО -ДПМНЕ за отворените прашања што неколку месеци наназад ги разгледуваат работни групи од двете партии.

ДУИ бара писмен договор

Дневник - 18.05.2007

ДУИ ќе се врати во Собранието ако се постигне писмен договор со ВМРО-ДПМНЕ за законите што се гласаат според Бадентеровиот принцип, за рекомпонирање на Комитетот за меѓуетнички односи и со закони за јазикот и за ОНА. Ова е реакцијата на партијата на Али Ахмети по јасната порака од Брисел дека ...

ДУИ ќе бара нов Рамковен договор?

Вечер - 18.05.2007

На седница на Централното Претседателство, ДУИ денеска ќе одлучува за следните чекори по јасните пораки од европарламентарците во Брисел дека треба што поскоро да се врати во Собранието. Партијата на Ахмети и натаму се надева дека за сите теми за кои се води политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ, ...

ЕУ побара од ДУИ да го продолжи дијалогот во Собранието

Утрински - 17.05.2007

Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Брисел - Обидите на ДУИ да издејствуваат европски притисок околу политичкиот дијалог, по се' изгледа не дадоа резултат каков што очекуваа, откако во Европската комисија им порачаа дека својата политичка платформа најдобро ќе ја бранат и остварат ако се ...

ЕУ и' го покажа патот на ДУИ до Собранието

Дневник - 17.05.2007

Неопходно е ЕУ и САД да ја сменат својата улога од набљудувачка во олеснувачка и со свои потписи да гарантираат она што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би го договориле, го објаснува Агрон Буџаку условот за враќање на ДУИ во институциите Европа очекува од ДУИ да се врати во Собранието што е можно побрзо и засега ...

Дијалогот мора да продолжи

Вечер - 17.05.2007

Дијалогот е процес. Мислам дека треба да постигнеме задоволителен договор меѓу партиите за ДУИ да се врати во Парламентот и дијалогот таму нормално да продолжи, изјави вчера американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ. Таа смета дека политичкиот дијалог нема да продолжи тогаш кога Груевски и ...

ЕУ и НАТО: ДУИ да се врати во Парламентот

А1 - 16.05.2007

Вратете се во Парламентот. Ова е сумирано пораката која денеска ја доби ДУИ во Брисел, во ЕУ и НАТО. Имаа средби со Штефан Меми, од кабинетот на Солана, Кристијан Данилсон, Директоратот на кандидатите за членство, Џејми Шеј во НАТО, кој е прв човек за политика и планирање.

Политичка битка на Милошоски и ДУИ во Брисел

Утрински - 16.05.2007

Сегашната амандманска битка ќе биде клучна за извештајот на Европската комисија во ноември Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА БРИСЕЛ - Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и претставниците на ДУИ вчера имаа „политички судир“ во Европскиот парламент, каде што овие два дена се ...

Брисел и порача да ДУИ - вратете се во Парламентот

Канал5 - 16.05.2007

ДУИ и во Брисел ја слушна пораката - да се вратат во парламентот. Оттаму сепак има и порака до владата оти како што ветила, треба да го почитува охридскиот договор. ДУИ и во Брисел ја слушна пораката - да се вратат во парламентот.

ДУИ се жали за веќе договорени работи

Вечер - 16.05.2007

Секоја политичка партија има право да го избере својот начин на дејствување, но сепак намерата со која тројцата претставници на ДУИ отпатуваа во Брисел, сигурно не придонесува за подобрување на имиџот на државата ниту пак оди во прилог на финиширање на политичкиот дијалог.

И покрај пораките од ЕУ и од НАТО, дијалогот и натаму е во застој

Утрински - 15.05.2007

ДУИ испрати висока партиска делегација во Брисел за да ја објасни нејзината позиција БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Тројца високи партиски функционери на опозициската ДУИ вчера одлетаа за Брисел во исто време кога од европската престолнина во земјава пристигнаа нова серија сериозни предупредувања во врска со ...

ДУИ по помош во Брисел

Дневник - 15.05.2007

Агрон Буџаку, Муса Џафери и Рафиз Алити од ДУИ, во Брисел ќе бараат европретставниците да им помогнат што поскоро да се најде решение од политичкиот дијалог што го водат со ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, вели дека делегацијата на ДУИ од денеска до крајот на неделата ќе има средби ...

Ахмети бара договор без отстапки

Дневник - 14.05.2007

Нема да направиме отстапки за нашите национални интереси, бидејќи ние веќе направивме компромис и сега Никола Груевски е на потег, порача вчера од Гостивар лидерот на ДУИ, Али Ахмети . Тој побарал помош од меѓународните претставници за конечно да се најде решение од двомесечниот дијалог со ...

ДУИ во Брисел ќе објанува - власта ги кочи реформиските процеси а не тие

Канал5 - 14.05.2007

Делегација на ДУИ заминува за Брисел – Ахмети ги испраќа Агрон Буџаку и Муса Џафери да објаснат во Европа и во НАТО оти не се тие кочничарите на реформските процеси во земјава, туку владејачката ВМРО ДПМНЕ. Делегација на ДУИ заминува за Брисел Ахмети ги испраќа Агрон Буџаку и Муса Џафери да ...