TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Третиот ден од дебатата за изборниот законик покажа дека нема согласност

Канал5 - 21.09.2007

Македонија да биде една изборна единица. За овој предлог кој е запишан во амандманите на ДУИ, повика да се размислува и НСДП, коалицискиот партнер на ВМРО - ДПМНЕ. Петковски вели дека само така во Парламентот вистински ќе се преслика расположението на етничките заедници.

Се подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори?

Утрински - 21.09.2007

Владо Бучковски: Премиерот се грижи за помалите заедници колку за ланскиот снег ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Експремиерот и пратеник од СДСМ Владо Бучковски вчера во Собранието ја постави дилемата дали можеби владејачката ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за предвремени избори кога во овој момент иницира расправа за ...

Албанците ќе добијат повеќе пратеници?!

Вечер Прес - 21.09.2007

Предложените измени на Изборниот законик не се антиалбански, изјави Ружди Матоши од ДПА, соопштувајќи го за прв пат ставот на владејачката албанска партија. За разлика од ДУИ, кои сметаат дека со гарантирани места за помалите етнички заедници ќе се намали моќта на албанската заедница во ...

Опозицијата се сомнева во предвремени избори

А1 - 20.09.2007

Непотребно менување на изборниот законик кога нема избори, се врши позитивна дискриминација - аргументи на опозицијата во Парламентот. Констатира, со измените се прави можност за купување гласови при оформувањето на Судскиот совет.

ЛДП ја обвини Владата за уставно редефинирање на државата

Утрински - 20.09.2007

Според ЛДП, со новиот Изборен законик се крши Уставот и се установува бинационален концепт на државата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Либералдемократите вчера ја повикаа Владата да размисли дали со новиот Изборен законик се установува бинационален концепт и почнува процесот на уставно редефинирање на државата.

Расправа за изборниот законик

Дневник - 20.09.2007

СДСМ уште во првиот ден од собраниската расправа за Изборниот законик побара власта да ги повлече предложените измени. Тие сега бараат дополнително заеднички да се прави концепт за изборното законодавство. Претходно ВМРО-ДПМНЕ направи отстапка и прифати законот да се усвојува во две фази.

Вториот ден од дебатата за изборниот законик очекувано – ја вжешти расправата во Парламентот

Канал5 - 20.09.2007

Изборниот законик отвори нов фронт - ја наелектризира тензијата во албанскиот блок – пратениците на ДПА и ДУИ ја водеа денешната дебата – со жестоки префрлувања кој е поголем Албанец и меѓусебни навреди, ДПА го бранеше владиниот предлог за воведување квоти за помалите етнички заедници, а ДУИ остро ...

СДСМ ги губи гласовите на малцинствата?!

Вечер Прес - 20.09.2007

Во ЛДП сметаат дека со гарантираните квоти само за помалите етнички заедници се крши Уставот и се предлага во Македонија да има два конститутивни народа - македонскиот и албанскиот. Според министерот за правда Михајло Маневски, пак, за прв пат на малцинските заедници ќе им се овозможи самостојно да ...

Почна собраниската расправа за изборниот законик

А1 - 19.09.2007

Одлуката на Владата изборниот законик наместо во една, да се носи во две фази не ги смири пратеничките страсти. И денеска власта и опозицијата се надмудруваат има или нема потреба од ваков закон. „Владата треба да се произнесе за своето мислење.

Изборниот законик во Парламент

Канал5 - 19.09.2007

Изборниот законик во Парламент - власта го брани, опозицијата напаѓа за опасност од бинационална држава Изборниот законик во Парламент - власта го брани, опозицијата напаѓа за опасност од бинационална држава. Конфронтирањата за владиниот предлог за измени во изборниот законик што продолжија во ...