TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Докиќ разрешен од директорското место на Пулмологија

Време - 17.03.2007

ПО ОДЛУКАТА ЗА 15-ДНЕВЕН ПРИТВОР Докторот Дејан Докиќ вчера беше разрешен од директорската функција на Клиниката за пулмологија, информираат од управата на Клиничкиот центар. Директорската функција во наредните 15 дена ќе ја извршува Тања Чапаровска.

Обележаните банкноти професорот Докиќ ги побарал за негов колега?!

Утрински - 17.03.2007

На 28 февруари, во агенцијата „Равекс“ биле уплатени 48.875 денари за патување во Торонто ЉУБИША СТАНКОВИЌ Иако апсењето и притворањето на професорот д-р Дејан Докиќ (47) за многумина претставува своевидно изненадување, сепак, целата работа на Министерството за внатрешни работи е заснована на ...

Д-р Дејан Докиќ: Чист сум како солза

Дневник - 17.03.2007

Чист сум како солза, ме наместија. Ги оставија парите на маса и си излегоа - изјави вчера кусо за „Дневник“ притворениот директор на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ, по првата ноќ помината во Истражниот затвор „Скопје“.

Лепливи прсти на д-р Докиќ или валкана игра?

Утрински - 17.03.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Скопјанец кој сиот живот ниту на мува не згазнал, по читањето на сензационалната вест за приведувањето на еден од најголемите алерголози во земјава, му вели на својот сосед: „Слушај, значи утре ако не дојдам на работа, значи сум приведен, да знаеш“.

Докиќ бара да биде пуштен од притвор

А1 - 16.03.2007

Дејан Докиќ не се помирува. Преку неговиот адвокат Апостолски бара да биде пуштен од притвор. Најдоцна до понеделник треба да стигне одговор на барањето од Докиќ, ќелијата во Шутка што ја дели со уште тројца притвореници, да му се замени со домашен притвор или пак со одземање на патната исправа.

15 дена притвор

Вест - 16.03.2007

ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ПУЛМОЛОГИЈА ДОКИЌ Директорот на Клиниката за пулмологија проф. д-р Дејан Докиќ од вчера е во 15-дневен притвор во истражниот затвор Скопје во Шутка. Тој вчера три часа беше испрашуван од истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје. Тврдел дека е наместен и дека не примил поткуп.

Судот му одреди 15-дневен притвор на д-р Докиќ

Утрински - 16.03.2007

Поради обвинувањата за земање мито, докторот суспендиран од клиничката управа Директорот на Клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ ќе остане 15 дена в притвор поради сомневања дека земал мито. По ноќта помината на Клиниката за кардиологија, поради здравствени проблеми, директорот на Клиниката за ...

Дејан Докиќ бара начин како да излезе од притвор и да докаже дека не примил поткуп

Канал5 - 16.03.2007

Пулмологот Дејан Докиќ не се помирува со притворската мерка- денеска преку адвокатот Антонио Апостолски се пожали до Кривичниот совет на скопска единица за 15-те дена притвор. Аргументира дека немало поткуп во неговата канцеларија туку дека полицијата преку посредник му оставила обележани банкноти.

МВР со кривична пријава против Дејан Докиќ за примање поткуп

Време - 16.03.2007

ПО АПСЕЊЕТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ПУЛМОЛОГИЈА МВР вчера поднесе кривична пријава за примање поткуп против Дејан Докиќ, директорот на Клиниката за пулмологија, кој завчера беше уапсен во неговата канцеларија. Докиќ е осомничен за примање поткуп од 300 евра, Тој откако мина 22 часа во полициска станица ...

Д-р Докиќ притворен во Шутка

Дневник - 16.03.2007

Сметам дека д-р Докиќ не го сторил делото, изјави адвокатот Антонио Апостолски , бранител на реномираниот пулмолог Д-р Дејан Докиќ, директорот на Клиниката за пулмологија, вчера попладнето беше однесен во Истражниот затвор „Скопје“, откако истражниот судија по четиричасовен распит му одреди ...

15 дена притвор за д-р Дејан Докиќ

А1 - 15.03.2007

Директорот на Пулмологија замина во Шутка. Ќе остане 15 дена во притвор за поткупот од 300 евра. Докиќ ништо не признава. Го убедувал истражниот судија четири часа дека досега никому не побарал пари. За добиените 300 евра рекол дека му биле дадени за спонзорство на книга, но и дека тој не ги ...

Дејан Докиќ фатен со 300 евра мито

Време - 15.03.2007

ПРИВЕДЕН ДИРЕКТОРОТ НА ПУЛМОЛОГИЈА Дејан Докиќ, директорот на Клиниката за пулмологија вчера приведен затоа што бил фатен како зема мито од 300 евра, информираат од МВР. - Притворениот е осомничен за поткуп и фатен е со бележани банкноти. Кривичната пријава ќе биде проследена до обвинителството.

Д-р Дејан Докиќ приведен поради поткуп од 300 евра

Дневник - 15.03.2007

Дознаваме дека раководител на осигурителна компанија самоиницијативно му ги оставил парите на работната маса, како спонзорство за научен труд Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ, вчера беше приведен во полиција, наводно, поради поткуп од 300 евра.

Приведен д-р Дејан Докиќ поради земање мито од 300 евра

Утрински - 15.03.2007

Пациентка од Скопје го наместила директорот на Клиниката за пулмологија, нудејќи му обележани пари како мито Директорот на Клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, е приведен поради земање мито. Фатен бил на дело додека од пациентка земал мито од 300 евра.

Уапсен Дејан Докиќ

Вечер Прес - 15.03.2007

Дејан Докиќ, доктор на Клиниката за пулмологија, денеска бил уапсен под сомнение дека зел поткуп од 300 евра, потврдија од МВР. Првичните информации велат дека Докиќ бил фатен со 300 евра, обележани банкноти, кои наводно ги зел од пациент.

Приведен Дејан Докиќ, директор на Пулмологија

А1 - 14.03.2007

За само 300 евра поткуп, Дејан Докиќ од Пулмологија заврши во полиција. Банкнотите кои ги зел од синот на една пациентка, претходно биле обележани. Угледниот лекар и директор на Пулмологија збунет, два часа на полицијата во неговиот кабинет и објаснуваше дека парите му биле оставени на масата и му ...

Директорот на пулмологија д-р Дејан Докиќ е уапсен под сомнение дека примил мито

Канал5 - 14.03.2007

Полицијата го приведе директорот на пулмологија Дејан Докиќ. Осомничен е дека примал поткуп од пациенти. Полицијата упаднала во неговата канцеларија попладнево и му ги открила обележаните 300 евра со кои претходно го поткупил пациент. Полицијата го приведе директорот на пулмологија Дејан Докиќ.