TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рајс и Кушнер разговараа за Иран и Косово

А1 - 22.09.2007

Иранската атомска програма и Косово биле главни теми на средбата меѓу американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и шефот на француската дипломатија Бернард Кушнер, синоќа во Вашингтон. Според Рајс, „односите меѓу Вашингтон и Париз се подобруваат“. „Ова се исклучителни односи.

Саркози побара остри санкции, против Иран

Време - 22.09.2007

ФРАНЦУСКА ДИПЛОМАТИЈА Францускиот претседател Никола Саркози побара остри санкции против Иран, за да се натера Исламската Република да се откаже од својата нуклеарна програма. Но, Саркози ја отфрлил можноста што ја отвори неговиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, за војна со Иранците.

Кушнер_ Разговорите со Иран не треба да траат со години

Утрински - 21.09.2007

ПАРИЗ - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изјави дека ги поддржува разговорите меѓу Иран и нуклеарното надзорно тело на ОН во врска со атомската програма на Техеран, но дијалогот не треба да се одолжува со години.

Русија и Кина загрижени од муабетите за војна со Иран

Вест - 19.09.2007

МОСКВА, 19 септември (Ројтерс) - Русија и Кина вчера реагираа на коментарите на францускиот министер за надворешна политика дека Париз треба да се подготви за евентуална војна со Иран, којшто западот го обвинува дека тајно гради нуклеарно оружје.

Иран против заканите од Франција

Време - 19.09.2007

СПОР ЗА НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА Откако францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер најави дека е можна војна со Иран поради иранската нуклеарна програма, дојдоа остри реакции од Иран, како и од Меѓународната агенција за атомска енергија.

Кушнер во Москва го омекна ставот за војна против Иран

Утрински - 19.09.2007

Ако Иран не биде кооперативен, против него треба да се воведат строги економски санкции, ретерираше Кушнер Бернар Кушнер и Сергеј Лавров разговарале и за Косово при што руската страна останала на ставот дека еднострано прогласување независност на Косово ќе предизвика верижна реакција во светот Од ...

Ахмадинеџад не ги сфаќа сериозно изјавите на Кушнер

А1 - 18.09.2007

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека не ги сфаќа сериозно изјавите на францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер, јави АФП. Во неделата Кушнер предупреди дека светот треба да се подготвува за војна против Иран, доколку економските санкции не го присилат официјален ...

И Кушнер се заканува со војна против Иран

Дневник - 18.09.2007

Шефот на француската дипломатија истакна дека во отсуство на акција од Обединетите нации, Европската Унија треба самата да воведе санкции за Иран Шефот на француската дипломатија, Бернар Кушнер, му порача на светот да се подготви за војна против Иран поради спорната нуклеарна програма на Техеран.

Иранскиот претседател не ги сфаќа сериозно заканите за војна

Канал5 - 18.09.2007

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат соопшти дека не ги сфаќа сериозно изјавите на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, јави АФП. Техеран, 18 септември (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат соопшти дека не ги сфаќа сериозно изјавите на францускиот министер за ...

Фијон: Мора да се избегне војна со Иран

Вест - 18.09.2007

АНГУЛЕМ, Франција, 18 септември (Ројтерс) - Мора се да се стори за да се избегне можноста за војна со Иран, изјави вчера францускиот премиер Франсоа Фијон, еден ден откако францускиот министер за надворешна политика изјави дека државата треба да се подготви за таква можност.

Франција го предупредува светот да се подготви за војна со Иран

Утрински - 18.09.2007

Кушнер изјави дека дури и во отсуство на акција од ОН, ЕУ треба да подготви сопствени санкции против Иран ПАРИЗ - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изјави дека светот треба да се подготви за војна поради иранската нуклеарна програма.

Ахмадинеџад побара двобој со Буш во ОН

Вечер Прес - 18.09.2007

Освен тоа, иранскиот претседател предлага и распишување на "светски референдум" на кој луѓето ќе се произнесат за поддршка или на САД, или на Иран, ветувајќи дека резултатите ќе ги испочитува Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повторно му предложи на американскиот претседател Џорџ Буш јавни ...

Кушнер: Светот да се подготви за војна со Иран

А1 - 17.09.2007

Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер денеска го предупреди светот да се подготви за најлошото - за војна со Иран, и ја повика ЕУ да и воведе санкции на Исламската Република Иран откако земјата не се откажа од процедурата на збогатување ураниум.

Бернар Кушнер побара од ЕУ да воведе санкции против Иран

Канал5 - 17.09.2007

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер денеска го предупреди светот да се подготви за најлошото- за војна со Иран, и ја повика ЕУ да и воведе санкции на Исламската Република Иран откако земјата не се откажа од процедурата на збогатување ураниум.