TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нивото на реката Вардар во опаѓање

А1 - 11.01.2003

Нема причини за страв од поплави нагласуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните информации најголемата река Вардар по максималното ниво достигнато околу 10 и 30 утрината од 350 сантиметри сега е во опаѓање.

Невреме и поплави на Балканот

А1 - 11.01.2003

Невремето проследено со обилни врнежи од дожд и снег, кое по Западна Европа го зафати и Балканот, предизвика поплави и отежнатото одвивање на патниот и железничкиот сообраќај на голем број правци во регионот, јавуваат агенциите.

Војската ја скротуваше водената стихија во Куманово

Вест - 11.01.2003

КУМАНОВКА И ЛИПКОВКА ПОВТОРНО ГИ ПОПЛАВИЈА НАСЕЛБИТЕ СРЕДОРЕК И ВОДОВОД Покрај досега евакуираните 237 кумановци од ромска националност, на кои куќите им беа поплавени уште во првиот бран, вчера дополнително помош побараа уште 30-тина најзагрозени граѓани, кои се сместуваат во а Реките Кумановка и ...

Кумановка повторно поплави десетина станбени блока и педесет куќи

Утрински - 11.01.2003

Нерегулираното речно корито создаде нови проблеми во Куманово СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - По обилните дождови во текот на завчерашната ноќ во раните утрински часови вчера реката Кумановка по втор пат навлезе во населбите Средорек и Водовод и ги поплави приземните простории на околните куќи и ...

На поплавените кумановски семејства има се потребни храна, облека и лекови

Дневник - 11.01.2003

РОМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ АПЕЛИРААТ На околу 300 ромски семејства што настрадаа во поплавите во Куманово итно им треба помош, информираат во Центарот на Ромите на градот Скопје. Тие апелираат сите невладини организации што може да си дозволат да одделат пари од својот буџет, да го сторат тоа.

Снежната луња се трка со поплавите

Дневник - 11.01.2003

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ Синоптичарите најавуваат снег и студ, но надојдените реки вчера поплавија неколку села, а се очекува денеска изутрина Вардар и Треска да се излеат и во Скопско Снегот во последен миг ќе ја спаси Македонија од големи поплави, предвидоа вчера локалните метеоролози, по вестите дека ...

Илјадници хектари ниви под вода

А1 - 10.01.2003

Во скопското село Огњанци, во непосредна близина на Петровец, реката Вардар се излеа од коритото и поплави најмалку 80 хектари ниви, посеани со пченица, јачмен и детелина. Обилните врнежи од дожд ги поплавија и земјоделските површини во Пелагонија и Битолско.

Делови од Куманово повторно поплавени

А1 - 10.01.2003

Три кумановски населби, Средорек, Бавчи и станбениот комплекс Водовод 1, од рано изутрина повторно се поплавени од надојдените води на две локални реки. Најлоша е состојбата во дивата населба Бавчи, каде над 50 куќи се поплавени, во нив не може да се влезе, а жителите се принудени да ги напуштат.

Две реки ги поплавија Ромите во Куманово

Дневник - 09.01.2003

ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ Биле евакуирани околу 600 лица откако реките Којнарка и Липковка потопија 300 куќи во населбите "Средорек" и во "Бавчи" Околу 300 куќи беа поплавени завчеравечер во кумановските населби Средорек и Бавчи, откако по поројните дождови се излеаја реките Којнарка и Липковка.

Кумановка го поплави имотот на неколку стотини семејства

Утрински - 09.01.2003

Од надојдените води на двете реки настрадаа повеќе објекти СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - Завчеравечер, во вторникот спрема средата, надојдените води на Кумановка и Којнарка се излеаја од своите корита и ги поплавија населбите покрај течението на реките во должина од околу десет километри, почнувајќи ...

Поплавени две населби во Куманово

Вест - 09.01.2003

Реките Којнарка и Липковка вчера се излеаја и поплавија 100 куќи и неколку станбени згради во кумановските населби "Средорек" и "Водовод", поради што 1.500 луѓе ги напуштија домовите Завчера вечер кумановските населби "Средорек" и "Водовод 1" беа поплавени со вода од излевањето на реките Којнарка и ...

Поплавени две кумановски населби

А1 - 08.01.2003

Две кумановски населби, од кои едната населена со сиромашни ромски семејства, синоќа беа поплавени по обилните дождови што предизвикаа излевање на реките Којнарка и Липковка. Жителите на кумановската населба Водовод денеска ги чистеа остатоците по вчерашната поплава предизвикана од надојдената река ...