TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пенов со градска конвенција во МНТ

А1 - 27.02.2005

Се што сум ветил сум исполнил, рече Пенов држејќи ја в рака брошурата од ветувањата дадени на локалните избори пред четири години. На вечерашнава градска конвенција Пенов барајќи го гласот на скопјани за уште еден мандат, трет по ред рече дека има неколку мотиви за тоа.

Ветено – сторено на јавна промоција вечерва во МНТ во Скопје

Канал5 - 27.02.2005

Актуелниот градоначалник Ристо Пенов, кој се кандидира и за трет мандат, поддржан од владејачката коалиција ,, За Македонија Заедно,, рече - причината поради која повторно се кандидирам за оваа позиција е едноставна - се што сум рекол се сум исполнил..

Уште 14 дена граѓаните на Македонија ќе слушаат лажни ветувања и патетични приказни.

Канал5 - 27.02.2005

Ова го порача ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Оттаму упатија порака до Пенов дека она што се обидува да го направи последниве денови е предоцна. Тој имаше 8, 5 години да направи нешто за главниот град, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Трифун Костовски во посета на чаирчани

Канал5 - 27.02.2005

Фуникцијата градоначалник ја прифаќам како предизвик, бидејќи финасиски сум независен и мене фиансиите за разлика од мојот протвкандидат Пенов, не ме интерсираат, посочи денеска пред граѓаните на Чаир, независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Три Фуникцијата градоначалник ја прифаќам како ...

Трифун Костовски во дресот на Љубчо Георгиевски

Дневник - 26.02.2005

ШТАБОТ НА ПЕНОВ ОБВИНУВА Евентуалната победа на Трифун Костовски на локалните избори ќе биде всушност победа на Љубчо Георгиевски, кој во него гледа последна шанса да се врати на политичката сцена, изјави вчера Андреј Жерновски, шеф на Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов.

Пенов веќе нема да одговара на нападите на Костовски

Утрински - 26.02.2005

Коалицијата "За" в недела ќе одржи конвенција Изборниот штаб на Ристо Пенов, преку Андреј Жерновски, вчера најави дека веќе нема да се занимава со обвинувањата и нападите од противкандидатот Трифун Костовски. "Градоначалникот Пенов веќе нема да се занимава со нападите што доаѓаат од Костовски, кој ...

КОСТОВСКИ Е ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ГЕОРГИЕВСКИ

Вечер Прес - 26.02.2005

"Со присуството на конвенцијата на Љубчо Георгиевски и ВМРО-Народна приказната за независната кандидатура на Трифун Костовски е заврши. По овој настан малкумина од скопјани веруваат во неговата вистинска независност", изјави Андреј Жерновски, шеф на изборниот штаб на Ристо Пенов.

Пенов во недела ќе одржи изборна конвенција

А1 - 25.02.2005

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „За Македонија заедно“ и актуелен градоначалник Ристо Пенов в недела ќе одржи Изборна конвенција на која граѓаните ќе можат да се запознаат со неговата програма. Пред граѓаните ќе биде претставена програмата „ветено сторено“ во која се гледа ...

Плоштад наместо Бит-пазар

Дневник - 25.02.2005

РИСТО ПЕНОВ ветува Треба да се премести Бит-пазар и на негово место да се изгради плоштад за Чаршијата да биде уште поубава, вели Ристо Пенов, одговарајќи на обвинувањата од Трифун Костовски дека нема чувство за историското богатство и традиција на Скопје.

Пенов и Костовски се препукуваат за Бит-пазар

Утрински - 25.02.2005

Спротивни гледишта за Старата чаршија Кандидатите за скопски градоначалник Трифун Костовски и Ристо Пенов, вчера ги вкрстија копјата околу тоа дали и колку е инвестирано од левата страна на градот и дали Бит-пазар треба да се дислоцира или не.

Пенов и Костовски си реплицираа на тема дислокација на Бит Пазар

Канал5 - 24.02.2005

Пенов нема чувство за традицијата.. Костовски е во позиција да критикува.. Вака денеска си реплицираа кандидатите за градоначалник на Скопје за темата – дислокација на Бит Пазар.. Трифун Костовски ја осудува идејата на Пенов за преместување на пазарот.. Пенов нема чувство за традицијата..

Трифун Костовски прифати дуел со Пенов

Утрински - 24.02.2005

Независниот кандидат се сретна со архитекти и превозници "Камениот мост и Калето, што се истакнати на моето изборно пано, не треба да му пречат на Ристо Пенов, бидејќи тие се историско наследство на Скопје, а не на Пеновви. Ова е одговорот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун ...

Пенов ги злоупотребува децата во политички цели

Време - 24.02.2005

ДЕТСКА АМБАСАДА „МЕЃАШИ“ Детската амбасада „Меѓаши“ ќе реагира кај народниот правобранител поради злоупотреба на децата во политички цели од страна на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов, кој на еден од своите билборди е фотографиран со дете.

Трифун го покани Пенов на ТВ-дуел

Време - 24.02.2005

ПРОДОЛЖУВА ВЕРБАЛНАТА ВОЈНА ЗА СКОПЈЕ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера го предизвика својот ривал Ристо Пенов на ТВ-дуел во време и на медиум што тој самиот ќе ги одбере. Костовски сака да расчисти чии се Калето и Камени мост што Пенов ги третира како свои ...

Пенов: Треба да се дебатира за проблемите во градот

Утрински - 24.02.2005

Актуелниот градоначалник на средба со кандидатите од коалицијата Кандидатот за градоначалник на Скопје на коалицијата “Зааи, Ристо Пенов, вчера имаше работна средба со другите девет кандидати за градоначалници на коалицијата во скопските општини.

Пенов во тим со скопските градоначалници

Дневник - 24.02.2005

КООРДИНАЦИЈА Настапуваме како тим и со заедничка програма ќе ги решаваме проблемите на граѓаните во Скопје, порача актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Ристо Пенов, по вчерашната работна средба со коалициските кандидати за градоначалници на скопските општини.

Мостот и Калето не се на Пенов

Дневник - 24.02.2005

КОСТОВСКИ ОДГОВАРА Камениот мост и Калето се историско наследство што го одбележуваат Скопје. Тие не се сопственост на Ристо Пенов, туку на градот и затоа не треба да му пречи што тие се истакнати на моите паноа, изјави Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје.

Нешто не му штима во ЈСП, но не кажа што

Вечер Прес - 24.02.2005

-Обезбедувањето еднакви услови за сите стопански услуги е првиот чекор што планирам да ги направам, ако бидам избран за градоначалник, изјави независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, на вчерашната средба со Здружението на приватните автопревозници.

Нека каже кога и каде сака?

Вечер Прес - 24.02.2005

На писмената покана што завчера во медиумите беше упатена од страна на изборниот штаб на Трифун Костовски до изборниот штаб на Ристо Пенов, а се однесуваше на заеднички ручек, на кој, меѓу другото, би се разговарало за имиџот и понатамошниот тек на кампањата, актуелниот градоначалник излезе со свој ...

Пенов вели подготвен сум за дуел

Канал5 - 23.02.2005

Ристо Пенов уште еднаш потврди дека е подготвен за јавно соочување со својот главен конкурент за градоначалничката функција во Скопје.. Кандидатот на коалицијата ,,За Македонија Заедно,, му порача на Трифун Костовски дека го чека на медиумски дуел..

Пенов: Трифун дење независен, ноќе зависен

Вест - 23.02.2005

КОНВЕНЦИЈА НА КОАЛИЦИЈАТА "ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО" Лидерот на СДСМ Владо Бучковски и вети на опозицијата фер и демократски избори. "Бидејќи сме власт, треба да докажеме дека сме демократи и ќе и дадеме шанса на опозицијата. Тоа е наша задача", рече лидерот на СДСМ во своето обраќање на завчерашната ...

Средба на Трифун Костовски со архитекти, занаетчии и превозници

Канал5 - 23.02.2005

,, Пенов нека си ја чува приватноста за себе.. Камениот мост и Калето се на градот,,..Ова е реакцијата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје по изјавата на Пенов дека Костовски за неговиот рекламен материјал се сликал пред Калето и пред Камен ,, Пенов нека си ја чува приватноста за ...

Прво ракување на Пенов и Костовски во кампањата

Утрински - 23.02.2005

На донаторската презентација за скопската Стара чаршија Ристо Пенов и Трифун Костовски ја имаа првата случајна средба која помина студено и со само едно куртоазно ракување На вчерашната презентација на 25 -те проекти за ревитализација на Старата чаршија пред потенцијалните донатори во Домот на ...

Ќе го понудам она што е најдобро за градот

Време - 23.02.2005

КАМПАЊА НА КОСТОВСКИ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски на вчерашната презентација на проектите за обнова на Старата скопска чаршија рече дека ќе се залага за културна кампања и дека на граѓаните ќе им го понуди она што е најдобро за градот.

Во Скопје има калинки, ама нема палми

Дневник - 23.02.2005

КОСТОВСКИ ОДГОВАРА Генералниот секретар на СДСМ Никола Ќурчиев можам го однесам најмалку на десет места во Скопје и да му покажам дека растат калинки и во главниот град, а не само во Гевгелија, изјави Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје.

Пенов и Костовски се ракуваа на вториот ден од кампањата

А1 - 22.02.2005

Втор ден кампања, двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Трифун Костовски и Ристо Пенов, се ракуваа. Ги зближи Старата скопска чаршија и проектот за нејзино оживување. Пенов, како актуелен градоначалник, Костовски како донатор.

Пенов ја започна кампањата во Аеродром

А1 - 22.02.2005

Пенов вечерва ја почна кампањата во Аеродром. „Вечерва го започнуваме официјално теренскиот дел од кампањата, најнапред со посета на штабовите на коалицијата „За Македонија заедно“. Не има многу, доста добро сме организирани, очекуваме дека во овие 19 дена ќе се одработи кампањата од куќа на куќа ...

Костовски се сретна со еснафчиите во Старата чаршија

Утрински - 22.02.2005

Независниот кандидат за градоначалник ја почна обиколката на Скопје со посета на старото скопско јадро Сашко Димевски Со прошетката низ Старата скопска чаршија и неврзаните разговори со дуќанџиите, независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера ја почна изборната кампања за ...

Патиштата на Трифун Костовски и Ристо Пенов се споија пред домот на занаетчиите во старата скопска чаршија..

Канал5 - 22.02.2005

Двајцата ривали, во исто време, на исто место.. Патиштата на Трифун Костовски и Ристо Пенов се споија пред домот на занаетчиите во старата скопска чаршија.. Се ракуваа.. Заедно ја следеа презентацијата на проектите за ревитализација на старата скопска Двајцата ривали, во исто време, на исто место..

Изминува времето на политичките профитери

Дневник - 22.02.2005

ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ ПОРАЧА Со влегувањето на Трифун Костовски во политиката изминува времето на партиските офицери и војници, кои политичките функции ги користат за лично богатење, рече Дарко Марковиќ, шеф на Изборниот штаб на Костовски.

Нема митинзи на скопскиот плоштад

Дневник - 22.02.2005

одлука на градонаЧалникот пенов Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Ристо Пенов, нема да дозволи на плоштадот Македонија во Скопје да се одржи ниту еден политички митинг за да не се наруши имиџот на плоштадот. Опозициските партии не се согласуваат и го обвинуваат Пенов дека се ...

Заканата за бомба е притисок и криминал

Време - 22.02.2005

ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Перфиден притисок е заканата за подметната бомба во зградата каде што е седиштето на штабот на Трифун Костовски, иако не можеме да тврдиме кои се мотивот и целта на заканата. Ова вчера го оцени Маја Мухиќ од изборниот штаб на Костовски, откако полицијата ја испразни ...

Трифун на симит

Вест - 22.02.2005

Кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски изборната кампања за претстојните локални избори ја почна со прошетка пред стоковната куќа "Мост" во Старата скопска чаршија, по што се сртена со претставници на Здружението на еснафите.

Пенов не дава на плоштадот да се држат политички митинзи

Време - 22.02.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТАВА ВЕТО Ќе нема митинзи на плоштадот Македонија во кампањата за локалните избори, бидејќи скопскиот градоначалник Ристо Пенов забранил реконструираниот плоштад да се користи за политички собири. За таа одлука Пенов не го консултирал Градскиот совет.

Костовски прошета низ Чаршијата

Време - 22.02.2005

ОПОЗИЦИЈАТА ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ Со прошетка по Старата скопска чаршија Трифун Костовски вчера, на првиот ден од почетокот на кампањата за локалните избори, тргна во освојување на функцијата градоначалник на Скопје.

Нов стил во политиката

Вечер Прес - 22.02.2005

Евакуацијата под закана за подметната бомба на зградата каде што се наоѓа штабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, ги шокира неговите соработници. Иако тие не беа предмет на директна закана изјавија дека чувствуваат своевиден притисок.

Никој не се одзвал на поканата за ручек од штабот на Костовски

А1 - 21.02.2005

Штабот на кандидатот Трифун Костовски денеска се пожали дека и покрај тоа што пред една недела испратиле покана до својот ривал Пенов, но и политичките штабови за заеднички ручек, никој не му се одзвал на поканата. „Не би било во ред ако и на овие локални избори на нашата и на меѓународната јавност ...

Костовски кампањата ја почна во Старата скопска чаршија

А1 - 21.02.2005

Со прошетка по старата скопска чаршија, кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски ја започна изборната кампања. Тој се сретна со занаетчии, разговараше со претставници на здружението на еснафите.Пиеше чај во старата скопска чајџилница.

Костовски ја промашил програмата

Време - 21.02.2005

ОД ШТАБОТ НА ПЕНОВ ОБВИНУВААТ Трифун Костовски нема конкретни решенија за проблемите на Скопје, ниту проекти за иднината, рече Андреј Жерновски, шеф на штабот на Ристо Пенов, на вчерашната прес-конференција. Пенов и Костовски се противкандидати за градоначалничката функција во Скопје.

Жерновски: Трифун е превртлив

Вест - 21.02.2005

Андреј Жерновски, шеф на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов, го обвини противкандидатот Трифун Костовски дека е превртлив и непостојан во политиката. Жерновски, иако констатираше дека граѓаните се заморени од обвинувања, цела прес-конференција ја искористи задржувајќи се и ...

Костовски ја почна камапањата од старата скопска чаршија

Канал5 - 21.02.2005

Вака денеска од старата скопска чаршија Трифун Костовски ја почна трката за градоначалник на Скопје.. Тој се сретна со угостители, занаетчии, трговци, златари, за како што кажа да ги чуе нивните маки и предлози како да и се врати сјајот на чаршијата..

Пенов води со пет проценти пред Костовски

Време - 21.02.2005

СПОРЕД АНКЕТА НА ШТАБОТ НА РИСТО ПЕНОВ Ако локалните избори се одржат утре, 31,71 отсто анкетирани граѓани би гласале за Ристо Пенов, актуелен и кандидат за нов градоначалник на Скопје. За независниот кандидат Трифун Костовски би гласале 26,84 отсто од анкетираните, покажала анкета што ја нарачал ...

На Скопје му треба нов, а не вечен градоначалник

Време - 21.02.2005

КОСТОВСКИ СЕ ПРОМОВИРА Диана Младеновска На Скопје му е потребна долгоочекуваната промена. Потребен му е нов, а не вечен градоначалник. Потребна му е нова, а не истрошена идеја за развој. Уште поважно, на Скопје му е потребен нов поттик за здружување на креативноста, стручноста, домаќинскиот однос ...

Костовски ќе ја блокира работата на Скопје ако го изберат, тврди штабот на Пенов

Утрински - 21.02.2005

Критички забелешки на Изборниот штаб на Пенов на програмата на нивниот противкандидат Гордана Дувњак Доколку биде избран Трифун Костовски за градоначалник, ќе се парализира работата на Градот, градската управа и на јавните претпријатија, оцени вчера Изборниот штаб на актуелниот градоначалник Ристо ...

Не е лесно да се убедат граѓаните дека третиот мандат е прв

Утрински - 21.02.2005

Независниот кандидат Трифун Костовски во петокот вечерта ја промовираше својата изборна кампања Гордана Дувњак "Не е лесно да ги убедите луѓето дека третиот мандат, всушност, е прв! Не е лесно да ги убедите дека самопроверката е доволна наместо единствена валидна проверка на граѓанинот на денот на ...

Трифун ќе го парализира Скопје

Дневник - 21.02.2005

ШТАБОТ НА ПЕНОВ НАПАЃА Ако Трифун Костовски биде избран за градоначалник на Скопје ќе се парализира функционирањето на градот бидејќи тој и тимот што стои зад него не ја познаваат проблематиката - обвини вчера шефот на Изборниот штаб на Ристо Пенов, Андреј Жерновски.

На Скопје не му треба вечен градоначалник

Дневник - 21.02.2005

На Скопје не му треба вечен градоначалник Познатите моќници и отуѓени властодршци ги вознемири мојата кандидатура за градоначалник на Скопје. Тие веднаш почнаа да ја злоупотребуваат власта активирајќи ги познатите лаборатории за вршење притисок и уцени за моја дисквалификација, рече независниот ...

На Скопје не му треба вечен градоначалник

Вест - 21.02.2005

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПРОГРАМАТА Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски викендов ги промовираше програмата и кампањата за настапот на претстојните локални избори. Костовски потенцираше дека не е избран за кандидат од партиски орган ниту, пак, е производ на ...

Незнаењето на Костовски ќе го парализира Скопје

Вечер Прес - 21.02.2005

Кандидатот на опозицијата Трифун Костовски е уплашен и нервозен и со своето непознавање за локалната самоуправа ќе предизвика парализа на Градот и градската управа и тој не може да биде градоначалник на Скопје, предупредуваат од Изборниот штаб на Ристо Пенов.

Трифун ќе го дозрее Скопје

Вечер Прес - 21.02.2005

"Ако за добра калинка треба добар градинар, за дозревање на Скопје е неопходен човек. Таков човек е Трифун Костовски". Вака во петокот вечерта во скопскиот хотел "Холидеј ин" беше промовиран независниот кандидат за градоначалник на Скопје.