TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети: Знамето и јазикот најголема придобивка за албанците

А1 - 14.08.2005

Во Струга, каде минатото лето се кршеа копјата околу новиот закон за територијалната организација, во општината што со новите граници доби доминантно албанско население, ДУИ ја прослави 4 годишнината од потпишувањето на охридскиот Рамковен договор.

„Рамковниот“ договор го слават само албанците

А1 - 13.08.2005

Одбележувањето на 4 годишнината од потпишувањето на охридскиот Рамковен договор, ќе започне некаде околу 19:30 часот и ќе се случува не во Струга, туку во околината на градот, на 6 километри далечина на западното охридско крајбрежје, во хотелот „Макпетрол“.

Кој доби, а кој загуби со Рамковниот договор

А1 - 13.08.2005

Кој доби а кој загуби со Рамковниот договор. За повеќето македонци тој претставува капитулација, за албанците принудно примирје, само едно скалило до нивните барања. Во сенка на Карпалак и Љуботен, се потпиша договорот. Што се смени во Македонија по 13-ти август 2001. Уставот доби нов лик.

Рамковниот договор е остварен, две решенија ја надминаа рамката

Време - 13.08.2005

ВЛАДО ПОПОВСКИ, ПРОФЕСОР НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ Александра М. Митевска Рамковниот договор ја извлече земјата од конфликтите во 2001 година и од драматичната диспозиција на силите во Македонија, поради различните сфаќања на македонските и на албанските партии за правата на малцинствата.

ДУИ ќе слави, кризниот штаб ќе протестира

Време - 13.08.2005

НА ЧЕТИРИГОДИШНИНАТА ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Кризниот штаб за опстанок на Струга вечерва ќе протестира на пет километри од хотелот „Макпетрол“ каде што ДУИ ќе ја одбележи четиригодишнината од рамковниот договор што беше потпишан на 13 август 2001 година.

Рамковниот не доближи до ЕУ

Време - 13.08.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ОЦЕНУВА На истекот од четиригодишнината се гледаат придобивките од потпишувањето на рамковниот договор. Дефинитивно неговото спроведување ја приближи Република Македонија до ЕУ. Пораката на пријателите од ЕУ дека патот на Македонија до Брисел води преку Охрид се покажа ...

Договор што ја спречи меѓуетничката војна или - изнуден компромис

Утрински - 13.08.2005

Охридскиот документ различно се доживува и четири години од парафирањето во Скопје Документот за почнување на уставните промени беше првиот сигнал за добрата волја и доверба да се санираат штетите од воената криза Оливера Војновска Рамковниот документ и денеска, четири години по неговото ...

Според Црвенковски, Рамковниот договор е вистинскиот избор

Утрински - 13.08.2005

Четири години по потпишувањето на Договорот постигнат во Охрид Рамковниот договор во најголема мера е веќе завршена работа, вели претседателот Црвенковски оливера војновска "И денес, четири години по потпишувањето на Рамковниот договор, исто така сум убеден, како и тогаш, дека определувајќи се за ...

Обидите за ревидирање на договорот се опасни

Утрински - 13.08.2005

ВМРО-Народна Скопје - ВМРО-Народна партија смета дека обидите да се ревидира Рамковниот договор или да се прошири се опасни и не водат кон остварување на неговата цел и на неговата идеја. >„Договорот е јасен и прецизен и имплементиран во Уставот, но не е завршен.

Рамковниот договор ја приближи Македонија до Брисел

Утрински - 13.08.2005

Премиерот Владо Бучковски за тоа колку ја оствари целта Охридскиот документ за која беше потпишан Бучковски очекува да се одржи донаторска конференција за имплементација на Рамковниот договор Гордана Дувњак >†Рамковниот договор дефинитивно ги оствари своите цели.

Едни го фалат, други го кудат

Дневник - 13.08.2005

ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР Македонските партии бараат да биде исполнета обврската за враќање на внатрешнораселените лица, а албанскиот блок бара закон за употреба на јазиците и потпретседател на државата Рамковниот договор беше значаен чекор за надминување на конфликтот од 2001 година, но ...

Фрчковски и Поповски за ефектите од Рамковниот договор

Канал5 - 13.08.2005

Четири години потоа, Љубомир Фрчковски и Владо Поповски се сеќаваат на охридските преговори од кои произлезе Рамковниот договор. И двајцата беа учесници во дијалогот како членови на експертскиот тим на тогашниот претседател Борис Трајковски.

Власта и опозицијата за Рамковсниот договор

Канал5 - 13.08.2005

Четири години од потпишување на Рамковниот договор. Пред две седмици, со донесувањето на законот за употребата на знамињата на заедниците, заврши неговата легислативна имплементација. Четири години од потпишување на Рамковниот договор.

4 години од потпишувањето на Рамковниот договор

А1 - 12.08.2005

Главните актери на реализацијата на Рамковниот договор од различни позиции го оценуваат неговиот дострел. Екс-лидерот на СДСМ и актуелен претседател Бранко Црвенковски, за државната агенција МИА оценува - „Рамковниот договор во најголема мера е завршена работа“.

Рамковниот не е цел, туку реалност

Време - 12.08.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Е ОПТИМИСТ Со рамковниот договор го направивме вистинскиот избор и тој веќе не е наша цел, туку наша реалност, оценува претседателот Бранко Црвенковски на четиригодишнината од потпишувањето на документот со кој формално му беше ставен крај на конфликтот.

Опасно е да се ревидира рамковниот договор

Време - 12.08.2005

ВМРО-НП Обидите да се ревидира или да се прошири рамковниот договор се опасни и не водат кон остварување на неговата цел и идеја, оцени вчера ВМРО-НП. - Договорот е јасен и прецизен и вклопен во Уставот, но не е целосно остварен.

Рамковниот договор не е завршен

Вест - 12.08.2005

ВМРО-НАРОДНА Весна Јаневска, в.д. претседател на ВМРО-Народна, на вчерашната годишнина од Рамковниот договор рече дека обидите за ревидирање или проширување на Договорот се опасни и не водат кон остварување на неговите цел и идеја. "Договорот е јасен, прецизен и имплементиран во Уставот.

Рамковниот договор не ја постигна целта

Дневник - 12.08.2005

ВМРО-НАРОДНА Рамковниот договор беше потпишан за да се стави крај на војната во 2001 година и државата да воспостави суверенитет и владеење на целата територија, но тоа до денес не се постигна, изјави Весна Јаневска, претседателка на ВМРО-Народна.

Рамковниот не е еднонасочна улица на албанските права

Вечер Прес - 12.08.2005

Четиригодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, кој беше наметнат како услов за прекин на огнот за време на конфликтот во Македонија во 2001 година, повторно ги разбранува политичките страсти во македонскиот, но и албанскиот кампус.

ВМРО НП потсетува дека Рамковниот не е завршен

А1 - 11.08.2005

Изминаа 4 години од потпишувањето на Рамковниот договор. На 2 дена пред датумот на рамковната спогодба се огласи партијата на Георгиевски, еден од потписниците на овој договор, но за да го потсетат лидерот на ДУИ дека Рамковниот не е дозавршен.

Рамковниот во потрага по славеници

Време - 11.08.2005

НЕМА КОЈ ДА ГИ СЛАВИ ОХРИДСКИТЕ ПРИДОБИВКИ Александра М. Митевска Одбележувањето на годишнината од рамковниот договор и годинава веројатно ќе се сведе на коктелот што го организира ДУИ, која директно не учествуваше во мировните преговори.

ВМРО НП: Рамковниот договор е имплементиран во Уставот, но не и на терен

Канал5 - 11.08.2005

Два дена, пред четири годишнината од потпишување на рамковниот договор, од љубчовата ВМРО Народна со став, Рамковниот договор е имплементиран во Уставот, но не е завршен на теренот. Два дена, пред четири годишнината од потпишување на рамковниот договор, од љубчовата ВМРО Народна со став, Рамковниот ...

ДУИ ќе го слави рамковниот во Струга

Време - 10.08.2005

НА ЧЕТИРИГОДИШНИНАТА ОД ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР Со коктел во хотелот „Макпетрол“ во Струга, ДУИ в сабота вечер ќе ја одбележи годишнината од рамковниот договор, кој беше потпишан на 13 август 2001 година. На четиригодишнината од потпишувањето на документот со кој формално беше затворен конфликтот во ...