Повеке стотини британски војници треба да стигнат во Македонија до крајот на наредната недела, со што би ја помогнале акцијата за разоружување на албанските терористи на северот од земјата, пишува во најновиот број на лондонски „Observer“.
Доколку македонските политичките партии постигнат договор, 3000 војници на Алијансата во рок од еден месец ќе треба да бидат распоредени во Македонија за да ги разоружаат албанските терористи, изјави за Дојче Веле анонимен претставник на НАТО.