TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се влошува здравствената состојба на матејчани кои штрајкуваат со глад

Канал5 - 23.10.2005

Ова е куќата на Саше Ѓелевиќ во кумановско Матејче, што ја напуштил за време на воениот конфликт во 2001-та. Тврди дека се уште е во негова сопственост, но оти чека пари од државата за да ја обнови. Неговото семејство е едно од 18-те кои добија писма од Министерството за труд и социјална политика ...

Раселените од Липковско бараат помош од државата

А1 - 22.10.2005

Продолжува штрајкот со глад на раселените од Липковскиот регион. Велат дека овој пат ќе одат до крај, се додека државата не им помогне на вистинскиот начин. Револтирани се, затоа што 18 семејства добиле писма да ги напуштат колективните центри, иако тие луѓе ниту ги реконструирале куќите, ниту пак ...

Дел од раселените го прекинаа штрајкот со глад

Утрински - 22.10.2005

Владата заглавена Владата сў уште не одлучила како ќе го решава проблемот со раселените Македонци од Арачиново, кои веќе подолг период одбиваат да ги потпишат трипартитните договори за реконструкција на куќите и не сакаат да се вратат во селото, а од вчера повторно и се отвори проблем со раселените ...

Сто семејства од Матејче штрајкуваат со глад

Дневник - 22.10.2005

ВО КУМАНОВСКИОТ ХОТЕЛ "КРИСТАЛ" Стотина семејства на раселените Македонци и Срби од Матејче, сместени во четирите колективни центри и во приватни куќи во Куманово, вчера се собраа во хотелот "Кристал" и почнаа штрајк со глад.

Арачиновци и матејчани ќе штрајкуваат со глад

Вест - 22.10.2005

Околу 400 раселени матејчани од вчера започнаа штрајк со глад. Осумнаесет семејства добиле решенија дека им се укинуваат сите бенифиции и треба да се иселат од колективните центри. Сите раселени се солидаризираат со своите комшии и вчера ги вратија оброците за доручек и ручек и бараат ...

Раселените матејчани почнаа штрајк со глад

Утрински - 22.10.2005

Незадоволни од одлуката на Министерството за труд и социјална политика Со раселените се солидаризираа и пратениците Иван Стоиљковиќ и Иван Атанасовски, кои сметаат дека тие со право се револтирани КУМАНОВО - Откако вчера изутрина беа симнати од списокот за појадок, 17 лица од привремено раселените ...

Исти права за сите раселени или нов штрајк

Дневник - 22.10.2005

АРАЧИНОВЦИ БАРААТ Раселените Македонци од Арачиново што ги потпишале трипартитните договори за обнова на куќите се заканија дека ќе штрајкуваат со глад ако Владата до понеделник не им го обнови статусот на внатрешно раселени лица.

Во Арачиново остана само Невзат, Трпета го избркаа!

Вечер Прес - 22.10.2005

Стариот пат Скопје-Куманово што води преку селото Арачиново, повторно, е преплавен од автомобили. Ако по воениот етнички конфликт во 2001 година постоеше страв кај возачите да се минува низ едно од главните жаришта, скапите патарини на автопатот и немаштијата изгледа го победиле стравот.

Раселените од Арачиново и Липково штрајкуваат со глад

А1 - 21.10.2005

Отворен судир и спротиставени мислења меѓу власта и раселените. Раселените од Липковско почнаа штрајк со глад. Револтирани се затоа што министерот Јакимовски не стоел на договореното. Ветил, оние што индивидуално купиле станови нема веднаш да ги отпише од списокот на раселени, но токму тоа го ...

Арачиновци- Владата има двоен аршин за раселените

Канал5 - 21.10.2005

Владата им двоен аршин за раселените Македонци од Арачиново, обвинуваат 20-те раселени семејства кои ги реконструираа и не ги продадоа куќите. Таман мислевме да се вратиме во селото, кога Владата им вети отштета за домовите на арачиновците од здружението „Зора“ и со тоа не предомисли, велат тие.

Укинат оброкот за 12 семејства од Матејче

Дневник - 21.10.2005

КУМАНОВО За 12 семејства од раселените Македонци и Срби од Матејче, сместени во хотелот "Кристал" во Куманово, од денеска нема храна бидејќи тие се избришани од списокот за добивање оброци. Оваа одлука ја донесло Министерството за труд и социјална политика, а во неа се посочува дека овие семејства ...

Раселените матејчани штрајкуваат со глад

Канал5 - 21.10.2005

Разочарани и гневни, бидејќи државата скоро пет години не им го решила нивниот статус, раселените од Кумановско Матејче денеска почнаа штрајк со глад. Деца, стари и болни- гладуваат сите. Ги вратија појадок и ручекот, ја откажаа вечерата.

Арачиновци го прекинаа штрајкот со глад

Дневник - 20.10.2005

ПО СРЕДБАТА СО ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Раселените Македонци од Арачиново решија да го стават во мирување штрајкот со глад, откако вчера премиерот Владо Бучковски прифатил Владата да ја разгледа можноста на Арачиновци да им исплати пари за тие да ги напуштат колективните домови и потоа сами да решат ...

Арачиновци ќе добијат пари за нов почеток

Вест - 20.10.2005

УЛТИМАТУМОТ ОД ВЛАДАТА НЕ ВАЖИ, РАСЕЛЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ Премиерот Владо Бучковски прифатил на раселените Македонци од Арачиново кои ни под разно не сакаат да се вратат да живеат таму, да им се даде финансиска поддршка, со која тие би почнале нов живот каде сакаат, а која ќе им се ...

Раселените арачиновци го прекинаа штрајкот со глад

Време - 20.10.2005

ПО СРЕДБАТА СО БУЧКОВСКИ Раселените арачиновци вчера го прекинаа дводневниот штрајк со глад откако се сретнаа со премиерот Владо Бучковски, кој им ветил трајно решение за нивниот проблем. На средбата присуствувале и Владо Поповски, министерот без ресор, и Стојан Андов, претседател на анкетната ...

Раселените арачиновци добиле ветувања за парична помош

Утрински - 20.10.2005

Македонците од Арачиново излегоа задоволни од средбата со премиерот Бучковски Раселените Македонци од Арачиново вчера го прекинаа тридневниот штрајк со глад откако премиерот Владо Бучковски ги прифатил нивните барања за исплата на парични средства со кои ќе им биде овозможено да си изградат или да ...

Штрајкот со глад ставен во мирување

Вечер Прес - 20.10.2005

Раселените Арачиновци го ставија штрајкот со глад во мирување, откако вчера премиерот Владо Бучковски им вети дека најдоцна за една недела ќе биде решен проблемот со бесплатниот јавен превоз и здравствените услуги, што законски им следуваат.

Раселените арачиновци се сретнаа со Бучковски

А1 - 19.10.2005

Штрајкот со глад арачиновци го ставија во мирување. Одлука доаѓа по денешната средба во Владата со премиерот Бучковски, министерот Владо Поповски и со претседателот на анкетната комисија за човекови права Стојан Андов. Им било ветено дека за 7 дена ќе бидат готови евиденционите картони, со кои сите ...

Силата не ги враќа раселените

Дневник - 19.10.2005

Бранко ЃорЃевски Нема човек што може да остане рамнодушен пред сликата во која раселените лица се оставаат без храна, се бркаат од тесните сопчиња на ученичките домови. Во таква ситуација штрајкот со глад на беспомошните им останува како единствено оружје, ако и тој може да смени нешто што со ...

Судот немал слободни судии

Време - 19.10.2005

ЗОШТО Е ЗАПРЕН СПОРОТ НА АРАЧИНОВЦИ Емил Зафировски На раселените арачиновци не им се назначува нов судија затоа што во моментов нема слободен судија, тврдат во Основниот суд Скопје1, по обвинувањата дека Владата намерно го опструира спорот во кој тие бараат отштета за претрпена материјална и ...

Гладни ќе му ги кажат маките на Бучковски

Дневник - 19.10.2005

РАСЕЛЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД АРАЧИНОВО Раселените Македонци очекуваат денеска да разговараат со премиерот Владо Бучковски и велат дека од прифаќањето на нивните барања зависи дали ќе го продолжат штрајкот со глад. Тие и вчера штрајкуваа одбивајќи ја храната во колективните домови.

Кај Бучко ќе одат гладни

Вест - 19.10.2005

АРАЧИНОВЦИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД И ЧЕКААТ ДА ГИ ПРИМИ ПРЕМИЕРОТ На штрајкувачите во колективниот центар им е најавено дека премиерот ќе ги прими денеска Раселените Македонци од Арачиново денеска треба да се сретнат со премиерот Владо Бучковски и да поразговараат за методите со кои Владата одлучи да ...

Арачиновци го прекинаа штрајкот со глад

Канал5 - 19.10.2005

Арачиновци престанаа да штрајкуваат со глад, по барање на премиерот Бучковски. Тој им ветил дека наредните седум дена Владата ќе ја разгледа состојбата во колективните центри, а за нивното обесштетување ќе решел судот. Внатрешно раселените лица од Арачиново рекоа дека се задоволни од тоа што им го ...

Нова пререгистрација на раселените

Вечер Прес - 19.10.2005

Претставници на штрајкувачкиот одбор на раселените арачиновци, вчера извршија увид во листите за пререгистрација во Министерството за труд и социјална политика. "Имаше пријавено лица кои не живеат во колективните центри, а се пријавиле на списоците, поради што мораше да се прецизира кој се се води ...

Втор ден од штрајкот со глад на раселените од Арачиново

А1 - 18.10.2005

„Тешко е на 65 години штрајк. По која вина?“, изјави Милена Стојановска, раселено лице од Арачиново. И покрај ваквото признание, арачиновци се решени да истраат во штрајкот со глад, се додека власта не им помогне. На старците им е потешко.

Со синџири да не влечат, не се враќаме во Арачиново!

Време - 18.10.2005

РАСЕЛЕНИТЕ АРАЧИНОВЦИ ПОЧНАА ШТРАЈК СО ГЛАД Емил Зафировски Околу 200 раселени арачиновци вчера почнаа штрајк со глад поради владината одлука да се избркаат од прифатилиштата оние што нема да ги потпишат договорите за обнова на куќите, со обврска потоа да се вратат во селото.

Кажете им во Брисел дека постоиме

Вест - 18.10.2005

ШУТНАТИ ОД ВЛАСТА, АРАЧИНОВЦИ БАРААТ ПОМОШ ОД ЕВРОПА Раселените Македонци од Арачиново вчера во 11 часот почнаа штрајк со глад, а во попладневните часови застанаа пред зградата на ЕУ во Скопје Неколку десетици раселени Македонци од Арачиново, собрани од повеќе колективни центри, вчера дојдоа пред ...

Втор ден од штрајкот со глад на арачиновци

Канал5 - 18.10.2005

Веќе втор ден, арачиновци штрајкуваат со глад во колективниот центар Сенич во Автокоманда. Околу 150 луѓе учествуваат во протестот, од него се исклучени само децата и болните. Бараат подобри услови за живот и конечно решавање на нивниот статус.

Раселените од Арачиново штрајкуваат со глад

Дневник - 18.10.2005

ВО ПОТРАГА ЗА НОРМАЛЕН ЖИВОТ Раселените Македонци од Арачиново вчера почнаа штрајк со глад за да издејствуваат Владата да им даде нови картони за евидентирање на статусот на внатрешнораселени лица. Тие бараат да продолжи и судскиот процес во скопскиот Основен суд 1, во кој тие ја тужат државата за ...

Чекаат да изумреме, па да нема раселени!

Вечер Прес - 18.10.2005

Неколку стотици раселените Арачиновци по "неуспешната" средба со министрите за финансии и труд и социјална политика, Никола Поповски и Стефчо Јакимовски, вчера почнаа штрајк со глад во колективниот центар "Томе Стефановски - Сениќ". Тие својот револт го изразија и пред седиштето на ЕУ во Скопје.

Семинар за состојбата на раселените и бегалците

А1 - 17.10.2005

Проблемите на реинтегрирањето на внатрешно раселените лица и бегалците, опасноста од експлозивни направи и судбината на исчезнатите лица во регионот се темите на кои расправаат парламентарците од Советот на Европа и ОБСЕ, како и членовите на Европскиот Парламент на дводневниот семинар што почна ...

Раселените арачиновци штрајкуваат со глад

А1 - 17.10.2005

Претставникот на Министерството за труд и социјала не ги посети раселените арачиновци иако тие го започнаа најавениот штрајк со глад, а тој беше во колективниот центар Томе Стефановски Сениќ. Околу 300 раселени одбиваат да земаат храна се додека не се реши во целост нивниот статус.

Раселените Арачиновциќе штрајкуваат со глад

Дневник - 17.10.2005

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ВЛАДАТА Над 300 раселени Македонци од Арачиново денеска ќе почнат штрајк со глад во интернатот "Сениќ" во Скопје, каде што се сместени веќе четири години. Тие ќе штрајкуваат без разлика на исходот од закажаната средба за синоќа со министрите Стевче Јакимовски и Владо Поповски, најави ...

Раселените арачиновци денеска почнуваат штрајк со глад

Време - 17.10.2005

ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ ОД СПИСОЦИТЕ Околу 150 раселени арачиновци од денеска ќе почнат штрајк со глад во знак на револт од одлуката на Владата да ги избрише од списоците и да им ги одземе бенефициите, најавија вчера во нивното здружение „Зора“.

Владата сака да ги прикрие проблемите со раселените лица

Канал5 - 17.10.2005

Владата сака да не сокрие пред Европската Унија, за да ги подобри оценките од Европската комисија, велат внатрешно раселените лица од Арачиново, кои мирно протестираа пред претставништвото на Унијата во Скопје и пред Основниот суд еден.