TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија се прости од единаесетте загинати синови

Време - 16.01.2008

СО ВИСОКИ ВОЕНИ ПОЧЕСТИ Емил Зафировски Тажно, мачно, мајчински лелек, плач и солзи на најблиските - Македонија вчера се прости од единаесетте војници што загинаа во саботата кај Катланово, кога враќајќи се од мировна мисија во БиХ им се урна хеликоптерот, само две минути пред да слетаат на ...

Погребани македонските мировници

Вест - 16.01.2008

Со највисоки воени почести вчера беа погребани 11-те македонски војници кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. Во траорна атмосфера и во неизмерна тага на најблиските, пријателите и колегите, вчера напладне на гробиштата Бутел во Скопје беа погребани потполковник Тони ...

Македонија се прости од своите синови

Утрински - 16.01.2008

Вчера како животот да запре за момент за Македонија да се збогува од единаесеттемина загинати мировници Во неми колони, натежнати од преголема болка, со скршени погледи, болни липања и грч на лицата, семејствата на загинатите војници ги испратија своите најмили до нивните вечни почивалишта.

Македонија се прости од загинатите мировници

Дневник - 16.01.2008

Летавте на земјата како ангели на мирот, затоа го молиме Господ да ја продолжите мисијата, но овој пат како ангели на небото, рече меѓу другото на последното простување нивниот командант, потполковник Владимир Лазаров Македонија вчера се прости од единаесеттемина припадници на АРМ, кои во саботата ...

Земја завиена во црно!

Вечер Прес - 16.01.2008

Плач, лелек, пискотници, солзи во очите и тага на сите лица кои вчера дојда на Градските гробишта "Бутел" да оддадат последна почит на трагично загинатите припадници на Армијата на Македонија. Траорна атмосфера. Молк и сочувство ги следеше семејствата на прерано згаснатите животи на водникот ...

Спасовски и Ивановски погребани во Куманово

А1 - 15.01.2008

Куманово во црно. Стотици граѓани, пријатели, колеги, роднини денеска се простија од капетанот Бране Спасовски и постариот водник Мики Ивановски. Со највисоки воени и државни почести на градските гробишта во Куманово прво го погребаа капетанот Бране Спасовски. Имаше само 35 години.

Погребани петмината загинати војници во Скопје

А1 - 15.01.2008

Немо, кога зборовите не значат ништо. Заминаа во вечноста, оставајќи празнина во душите на нивните родители, сопруги, деца. 28-годишниот водник Александар Тасковски, исто толку стариот водник Александар Васиќ, 39-годишниот заставник Тони Давитковски, 41-годишниот потполковник Тони Спасовски и ...

Македонија во тага, се простува од војниците

А1 - 15.01.2008

Со највисоки воени почести денеска ќе бидат погребани посмртните останки на 11-те припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Погребите на водник Александар Тасковски, водник Александар Васиќ, на ...

Во Бутел ќе бидат погребани петмина војници

А1 - 15.01.2008

Во алејата на заслужните граѓани ќе бидат погребани пет од 11-мината загинати македонски мировници, последното почивалиште на Александар Тасковски, Александар Васиќ, Тони Давитковски, Тони Спасовски и Јанко Шириќ. Од рано утрината течат подготовките за последното испраќање на македонските војници.

Погребите во Скопје, Куманово, Струмица и Гевгелија

Утрински - 15.01.2008

Македонија е во тага и болка поради трагично загинатите војници во хеликоптерската несреќа. Семејствата на македонските мировници денеска за последен пат ќе се простат од своите синови, сопрузи, татковци. Денеска е Ден на национална жалост, знамињата се на половина копје, а се откажани и сите ...

На барање на семејствата шестмина војници се погребани во своите градови

Канал5 - 15.01.2008

Со највисоки почести беа погребани мајор Горан Ристовски во Камник, десетарот Златко Вељановски во Драчево,заставник Славчо Василев во Струмица,постар водник Мики Ивановски,и капетан Бране Спасовски во Куманово и капетан Игор Ѓоревски на гробиштата во Гевгелија.

Дел од загинатите беа погребани во Бутел

Канал5 - 15.01.2008

Со највисоки воени и државни почести, семејствата, државниот и армиски врв, построените пилоти од воздухопловниот Винг, колегите од мисијата Алтеа и целата држава денеска се прости од 11те загинати војници на македонската армија.

Македонија во тага, се простува од 11-те припадници на АРМ

Канал5 - 15.01.2008

Со највисоки воени почести денеска ќе бидат погребани посмртните останки на 11 припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Скопје, 15 јануари (МИА) - Со највисоки воени почести денеска ќе бидат ...

Денес погребот на загинатите војници

Вечер Прес - 15.01.2008

Посмртните останки на загинатите припадници на АРМ ќе бидат погребани денеска со највисоки воени почести. Петмина од загинатите ќе бидат погребани на гробишта Бутел во Скопје, еден во скопско Драчево, тројца на гробиштата во Куманово, еден од загинатите на гробиштата во Гевгелија и еден во Струмица.

Утре е ден на жалост

Канал5 - 14.01.2008

Македонија ќе се прости од 11-мината припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа. Во алејата на великаните на скопските гробишта Бутел ќе бидат погребани петмина војници Александар Тасковски, Александар Васиќ, Тони Давитковски, Тони Спасовски и Јанко Шириќ.