TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Највредниот имот на „Фершпед“ под хипотека

А1 - 14.09.2007

Највредниот имот на „Фершпед“, хотелот „Александар Палас“ е под хипотека. Заложен е во „Комерцијална банка“ за кредит од 11 милиони и 400.000 евра. А1 од Катастарот го побара имотниот лист на „Александар Палас“. Во него пишува дека „Фершпед“ договорот за кредитот го склучил на 3 април 2006 година.

Судот не го замрзна имотот на „Фершпед“

Утрински - 13.09.2007

Судијката Маринела Јакасановска цени дека предметот не е зрел за одлучување Основниот суд Скопје 2 вчера не донесе одлука со која се замрзнува имотот на „Фершпед“ А.Д., но е можно веќе кон крајот на идната работна недела судијката Маринела Јакасановска да се произнесе по предлогот на Државното ...

Одлука за „Фершпед“ идната недела

Дневник - 13.09.2007

Основниот суд Скопе 2 вчера го одложи одлучувањето по тужбата на Државното правобранителство за поништување на приватизацијата на „Фершпед“ и за привремено замрзнување на имотот на претпријатието. Рочиштето е закажано за 21 септември.

Имотот на „Фершпед“ остана одмрзнат

Време - 13.09.2007

СЕ СООЧИЈА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА „ФЕРШПЕД“ И ПРАВОБРАНИТЕЛСТВОТО Судот вчера не донесе одлука за тоа дали ќе се замрзне имотот на „Фершпед“. Судијката Маринела Јокасановска најде голем број недостатоци во барањето за привремената мерка, побара да се допрецизира предлогот, по што процесот се одложи за ...

Одложено рочиштето за „Фершпед“

А1 - 12.09.2007

По низата презентирани документи судот од „Фершпед“ побара дополнителна документација за да има целосен увид во имотната состојба на фирмата. Ова е причината за одложувањето на денешното рочиште на кое се бараше замрзнување на имотот.

Обвинителството нема да гони криминал во „Фершпед“

Дневник - 12.09.2007

Во времето кога обвинителството ги разгледуваше кривичните пријави за „Фершпед“, за злоупотреба можеа да се гонат само службени лица, а не и одговорни какви што беа Наков и Трајковска, објаснува обвинителот Јавното обвинителство нема да покрене обвинение за случајот „Фершпед“, изјави вчера ...

Одложена одлуката за барањето судот привремено да го замрзне имотот на Фершпед

Канал5 - 12.09.2007

Судот денеска ја одложи одлуката да го прифати или отфрли барањето на правобранителството времено да му се забрани на Штерјо Наков и раководството на Фершпед да располага со имотот. Денешното рочиште на кое судијката Јакасановска ги соочи правобранителот и бранителот на Фершпед заврши без одлука.

Утре првиот судски тест за „Фершпед“

А1 - 11.09.2007

Случајот спорна приватизација на „Фершпед“ утре ќе го има првиот судски тест. Судот ќе одлучува дали ќе се замрзне имотот на шпедитерската компанија, како што бара Државното правобранителство, или фирмата ќе функционира нормално и во евентуалната судска постапка.

Врховниот суд никогаш не одлучувал за приватизацијата на „Фершпед

Дневник - 11.09.2007

Врховниот суд никогаш не ја разгледувал, ниту одлучувал за исправноста на приватизацијата на „Фершпед“, туку само ја поништил одлуката на Владата во врска со оваа фирма, вели Дане Илиев, претседателот на Врховниот суд. - Врховниот суд во управна постапка разгледуваше одлука на Владата со која таа ...

Утре во судот ќе соочат првите луѓе на Фершпед и на Јавното правобранителство

Канал5 - 11.09.2007

Дали ќе биде замрзнат имотот на Фершпед, што ќе отвори простор за поништување на приватизацијата на Фершпед судот ќе одлучува утре. ова за Канал 5 го потврди претседателот на граѓанскиот суд, Бекир Шаини. Дали ќе биде замрзнат имотот на Фершпед, што ќе отвори простор за поништување на ...

Не ги штитиме менаџерите, туку бизнисот

Дневник - 10.09.2007

Во изминатата година Владата „возеше слалом“, кој беше тешко да се следи, но таа доза на ризик ја прифаќаме, бидејќи преку глава ни е од зачмаеноста во овие 16 години Компаниите здружени во Стопанската комора бараат до крај да се отвори и расчисти криминалното досие на Македонија од ...