Во секоја од шесте изборни единици ќе се избираат по дваесет пратеници за новиот 120-член состав на Собранието. Распределбата на пратеничките места во секој регион одделно ќе се врши според Донтовата формула, наречена така според презимето на Белгијанецот Д'онт, којшто ја воспоставил.
СПОРЕД ДОНТОВАТА ФОРМУЛА Идниот состав на Парламентот ќе се избира според пропорционален модел во шест истомандатни изборни единици. Со оглед на тоа што речиси е ист бројот на гласачите во единиците, со очекуван одѕив од 75 отсто во сите региони и според начинот на распределба на добиените гласови ...