TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обама: Македонија да престане да ја прекршува Времената спогодба

А1 - 14.06.2008

БЈРМ да престане да ја прекршува Времената спогодба склучена со Грција, да ги сопре непријателските активности или пропаганда и да соработува со Грција за да се постигне заедничката цел на САД и ОН, изнаоѓање на заемно прифатливо име.

Крај на ерата на Клинтонови

Дневник - 14.06.2008

Клинтонови и нивните сојузници ја водеа партијата 16 години, но со Обама во прв план доаѓа нова генерација на политички лидери По 16 години, ерата на Клинтонови би можела да дојде до својот крај, па демократите ќе се соочат со историски, потенцијално болен преоден период, а сенаторот Барак Обама со ...

Барак Обама отворено смета на гласовите на бројната и влијателна грчката заедница во Америка

Канал5 - 14.06.2008

Барак Обама ја почна кампањата на собирање гласови од грчката дијаспора овде во Соединетите американски држави. Откако стана јасно дека тој ќе биде кандидатот на демократската партија на претстојните претседателски избори, Обама, се повеќе се фокусира на бројната грчка заедница, која е ...

Анкета: Обама со предност пред МекКејн

А1 - 12.06.2008

Кандидатот за претседател на Демократската партија во САД Барак Обама ја почнува предизборната кампања за изборите во ноември со предност од 6% пред републиканскиот кандидат Џон МекКејн, се вели во анкета на Ен-Би-Си и весникот „Волстрит џурнал“.

Кои се кандидатките за американска прва дама

Утрински - 11.06.2008

Адвокатката Мишел Обама против синооката некогашна „кралица на родеото“ Синди Мекејн ВАШИНГТОН - Мишел Обама и Синди Мекејн делат иста ненаклонетост кон жестоката американска политика. Секоја од нив се обидува да го наговори сопругот да се откаже од трката за Белата куќа.

Обама призна дека татко му бил алкохоличар

Дневник - 11.06.2008

Барак Обама, првиот Афроамериканец кандидат за претседател на САД, во автобиогафијата открива дека неговиот татко бил алкохоличар, од што и починал, објави британскиот весник „Дејли мејл“.Татко му го напуштил семејството кога Обама имал само две години, а вторпат го сретнал на десетгодишна возраст.

Најдоброто од Америка

Капитал - 11.06.2008

Претседателски избори во САД Најдоброто од Америка Примарните избори во САД завршија со пристоен избор за гласачите. Сега е време за вистински дебати за политиките кои планираат да ги спроведуваат двајцата супер кандидати Барак Обама и Џон Мекејн Тешко е да се поверува дека после сите возбуди и ...

Wall Strett застана зад Обама

Капитал - 11.06.2008

Wall Strett застана зад Обама Wall Strett одлучи да го поддржи демократот Барак Обама и покрај стравувањата дека неговата администрација ќе ги зголеми даноците и ќе постави построги трговски и регулативни бариери. Пораките кои што ги испраќа Wall Strett сигнализираат доминција на демократите на ...

Обама-манија ја зафати Африка

Утрински - 10.06.2008

Обама може да ги промени пигментацијата и расата на американскиот претседател, но дали значи нешто тоа НАЈРОБИ - Во Кенија се крштаваат бебиња со името Обама и направено е пиво наречено „сенатор“ во негова чест. Глобалните ТВ-мрежи имаат мобилни екипи поставени пред домот на неговата баба.

Обама и Меккејн рамо до рамо во трката за Белата куќа

Дневник - 10.06.2008

Со победата на првичните избори, сенаторот од Илиноис даде до знаење дека негова цел е да стане првиот црнец претседател на САД Кандидатите на Демократската и Републиканската партија за претседателските избори во САД, сенаторите Барак Обама и Џон Меккејн, уживаат речиси подеднаква поддршка, со ...

Пионер и ветеран се борат за Белата куќа

Вечер Прес - 10.06.2008

Приказната на Обама (46) го прикажува како пионер кој ја персонифицира надежта и американскиот сон. Мекејн (71) е седокос ветеран кој преживеал пет години тортура во Виетнам Барак Обама и Џон Мекејн вчера ја почнаа првата недела од нивната директна битка за ноемвриските претседателски избори, во ...

Изборите во САД од голема важност за Балканот

А1 - 09.06.2008

Исходот од претседателските избори во САД ќе бидат од пресудна важност за американската политика кон Балканот, истакнува Грегори Копли, главен уредник на списанието „Одбрана и надворешни работи - стратешка политика“. Тој предвидува дека доколку победи Обама, ќе има реприза на политиката на ...

Обама и Мекејн ја почнаа директната борба за Белата куќа

Канал5 - 09.06.2008

Барак Обама и Џон Мекејн денеска ја почнаа првата недела од нивната директна битка за ноемвриските претседателски избори, во немерата да ја редефинираат американската политичка сцена, пренесува АФП. Вашингтон, 9 јуни (МИА) - Барак Обама и Џон Мекејн денеска ја почнаа првата недела од нивната ...

Хилари се откажа од трката и го поддржа Обама за преродбата на Америка

Дневник - 09.06.2008

Поранешната прва дама сега сите свои гласови, врски, соработници и финансиери ќе се обиде да ги обедини во поддршка за Барак Обама Се бореше во историска предизборна кампања, како прва жена која можеше да стане претседател на САД. Но, сега е готово.

Хилари Клинтон го поддржа Барак Обама

Вест - 09.06.2008

ВАШИНГТОН. - Сенаторката демократ од Њујорк Хилари Клинтон му ја даде својата целосна поддршка на досегашниот ривал - сенаторот од Илиноис Барак Обама и го прекина учеството во натпреварот за номинацијата на Демократската партија за кандидат на претседателските избори во САД. "Денеска (сабота н.з.

Хилари побара нејзините гласачи да го поддржат Барак Обама

Утрински - 09.06.2008

Дали 46-годишниот Обама ќе и' понуди потпретседателско место на некогашната прва дама во Белата куќа ВАШИНГТОН - Хилари Родам Клинтон во саботата ја суспендираше нејзината кампања за претседател и ги повика симпатизерите да ја искористат „нашата енергија, нашата страст, нашата сила“ да го внесат ...

Обама ја доби поддршката на најголемиот синдикат во САД

Макфакс - 09.06.2008

Вашингтон Најголемиот синдикат во САД, AFL-CIO официјално ќе го поддржи Барак Обама на американските претседателски избори закажани за 4 ноември, соопштија претставници на синдикатот по средбата со кандидатот на Демократската партија.