TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Игра на нерви околу Струшките вечери на поезијата

А1 - 15.08.2004

Кога политичарите ќе преземат одговорност за случување во културата, тогаш се случува неодговорност и игра на нерви, што не се знае кому му служи. Кризниот штаб на граѓаните на Струга, кој до минатиот четврток категорично одбиваше овој град да биде домаќин на Струшките вечери на поезијата, ...

В понеделник ќе се знае дали ќе има Струшки вечери во Струга

А1 - 14.08.2004

Управниот одбор и дирекцијата на Струшките вечери на поезијата, министерот за култура, Благој Стефановски и неговиот совет и претставник на градот Струга задутре на состанок во Охрид треба да ја донесат конечната одлука за тоа каде ќе се одржи големата меѓународна поетска манифестација.

Борбата за Струга да се води преку културата, порачаа писателите

А1 - 14.08.2004

Манифестациите од културата како што се Струшките вечери на поезијата и Македонските духовни конаци што со децении и години се синоним за Струга треба да се одржуваат во овој град и Стружани треба токму преку културата и пишаниот збор да се борат за Струга.

Струга промовираше регистарска табличка

Дневник - 14.08.2004

ПРВ ЧЕКОР КОН ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО За осамостојување на општината, Кризниот штаб консултира експерти по меѓународно право Струшката општина планира да воведе сопствени регистарски таблички за возилата како прв чекор во изразувањето самостојност и независност од централната власт.

Тито во Струга ќе лобира за СВП

Време - 14.08.2004

ПРАТЕНИЧКА МИСИЈА Тито Петковски, пратеник од СДСМ, вчера попладне требаше да отпатува во Струга за да лобира да се одржат „Струшките вечери на поезијата“. Тој, како што најави, веднаш по гласањето за законите за општините и за Скопје, отиде да се види со општинарите, борците и со поетите од ...

Нови регистарски таблички и возачка дозвола за стружани

Време - 14.08.2004

ОТПОР ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА На усвојување на Законот за територијална организација, стружани одговорија со првиот прототип на нови регистарски таблички и возачка дозвола на евентуалната самостојна Струга. СТ 001 АА, промовирана на Струшките вечери на отпорот, предизвика бурни овации ...

Стружани ја активираа Повелбата за самостојност

Утрински - 13.08.2004

ОДЛУКА Стружани за своите одлуки ги известиле сите амбасади СТРУГА - Граѓаните на Општина Струга, почнувајќи од вчера ќе ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми на протест предвидени со Повелбата за осамостојување на Струга.

Струга ја активираше Повелбата за непослушност кон државата

Вест - 13.08.2004

Кризниот штаб за опстанок на Струга вчера одлучи веднаш да ја активира Повелбата донесена на 8 август, која предвидува стружани да ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми на протест. Активирањето го предизивика изгласувањето на Законот за територијална организација на ...

Ако не во Струга, поетската манифестација најверијатно ќе се одржи во Скопје

Утрински - 13.08.2004

Изјава на министерот за култура, Благоја Стефановски, за одржувањето на СВП Во понеделник ќе се состане Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата и ќе се донесе конечна одлука. Како што најавивме и како што беше додговорено со градските структури во Струга и со градоначалникот, Ромео ...

Блокади, масовни протести и бојкот ќе ја тресат Струга

Време - 13.08.2004

ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Ивана Серафимова <> Стружани се разочарани, но не се откажуваат од можноста Владата да се премисли за задржување на старото територијално решение за општината. Тие ја активираа струшката повелба од 8 август, со бојкот на сите манифестации и ...

Неизвесно одржувањето на Струшките вечери на поезијата во Струга

А1 - 12.08.2004

Иако повелбата на граѓаните на Струга предвидува целосно бојкотирање и на културните манифестации во градот, Кризниот штаб е со став дека може да се создаде атмосфера за одржување на Струшките вечери на поезијата и утре на седница формално ќе реши дали Струга може да биде домаќин на големиот ...

Кризниот штаб на Струга ја активира Повелбата

А1 - 12.08.2004

Ден по донесувањето на законот за новата територијална организација Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните граници објави дека стапува на сила Повелбата на граѓаните на општина Струга согласно која тие велат дека од денеска ќе ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми ...

Пожарот во просториите на политичките партии во Струга, подметнат

Вест - 12.08.2004

Полицијата во Струга утврдила дека пожарот во зградата каде што се сместени политичките партии во Струга е подметнат. Огнот се разгорел на две места од катот на зградата. Едното жариште било кај вратата од прирачниот магацин на СДСМ , а другото во санитарните простории на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Струшките социјалдемократи го откачија СДСМ

Време - 12.08.2004

НА ИТНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ПОЖАРОТ Струшките социјалдемократи од завчера целосно ги прекинаа контактите со партиската централа во Скопје. Одлука за тоа донело претседателството на општинската организација во Струга, на итна седница по пожарот во партиските простории.

КРИЗНИОТ ШТАБ ЈА АКТИВИРА ПОВЕЛБАТА НА ГРАЃАНИТЕ НА СТРУГА

Канал5 - 12.08.2004

Поради изгласувањето на Законот за територијална организација на Македонија, Кризниот штаб за опстанок на Струга денеска одлучи веднаш да стапи во сила Повелбата на граѓаните од Струга, донесена на 8 август, која предвидува стружани да ги употребат сит Поради изгласувањето на Законот за ...

Запалена партиската зграда

Дневник - 11.08.2004

ПОДМЕТНАТ ПОЖАР во Струга Кризниот штаб за опстанок на Струга го оквалификува пожарот како "смислена диверзија", со цел струшките настани да добијат поинаква димензија Непознати сторители ја полеале со бензин и ја запалите внатрешноста на зградата на политичките партии во центарот на Струга, ...

Самостојна Струга ќе биде подобра од Македонија

Време - 11.08.2004

ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ЈА ОБНАРОДИЈА СТРУШКАТА ПОВЕЛБА Мери Јордановска „Предавници, Струга не ја даваме. Разберете, таа е наш свет град! Од предавници Македонија страда, но Бог ја чува!“ Под ова мото завчеравечер илјадници стружани се собраа пред „местото на злосторството“ за да ја обнародат струшката ...

Петковски ја поддржа територијалната поделба во органите на СДСМ

Утрински - 11.08.2004

Борис Кондарко "Не знам како ќе гласа Тито Петковски за законот за терирторијална организација на државата, дали ќе биде против, како што тој изјавил, или ќе гласа "за". Ќе видиме. Знам дека Петковски како член на највисокото партиско тело, и на седницата на Централниот одбор и на Претседателството ...

Струга со свој пасош ќе оди во ЕУ

Вест - 11.08.2004

НЕЗАВИСНОСТ "Струга ќе има свој пасош, ќе биде попросперитетна од Македонија, побрзо и полесно ќе влезе во НАТО и ЕУ, а со струшки пасош полесно ќе се патува во странство", рече градоначалникот Ромео Деребан на завчерашното Стружани завчера ја објавија повелбата со која бараат нивната општина да ...

Петковски во свое име ќе го крши мразот во Струга

Време - 11.08.2004

ЗБУНЕТОСТ ВО СДСМ Александра М. Митевска Во СДСМ се збунети од најавите на пратеникот Тито Петковски дека ќе оди во Струга да лобира за одржување на „Струшките вечери на поезијата“ и дека нема да го поддржи законот за територијална поделба.

Струга усвои Повелба за самостојност на градот

Утрински - 11.08.2004

Порака од протестниот собир на политичките партии и невладини организации ДЕРЕБАН: Разговарав со повеќе експерти по меѓународно право. Јас сум оптимист и им верувам на оние што велат дека Струга може да прогласи самостојност СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - ?Никој не може да ни го одземе правото да го ...

Подметнат пожар во зградата на политичките партии

Утрински - 11.08.2004

По завршувањето на протестниот митинг СТРУГА - Вчераутро во 3,40 часот беше опожарена зградата на политичките партии на Струга, при што се изгорени три врати, една санитарна просторија и дел од холот. Првичните официјални процени говорат дека е направена штета од над 50.000 денари.

Одборот на СВП ќе бара алтернатива за Струга

Време - 11.08.2004

АКО ДО ПОНЕДЕЛНИК НЕ ДОБИЕ ОДГОВОР Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ до понеделник ќе почека локалната власт да ги извести дали Струга може да создаде атмосфера за непречено одржување на 43. издание на големиот поетски фестивал.

Култура без ароганција

Дневник - 11.08.2004

нешто поинаку - Данило Коцевски Ако творците се единствени и ако тие силно застанат во одбрана на поетска Струга или која било друга манифестација, таа сигурно ќе биде и одбранета Струга, односно Струшките вечери на поезијата духовно не обликувале како интелектуалци.

СДСМ се изненади од Тито

Дневник - 11.08.2004

ВНАТРЕПАРТИСКИ РАЗИДУВАЊА Решенијата за Струга, Скопје и за Облешево треба да претрпат измени, оценува Петковски Изненадени сме од однесувањето на Тито Петковски, кој изјави дека нема да гласа за законот за новата територијална организација, бидејќи на седницата на партиското претседателство како ...

Пожар во просториите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга

А1 - 10.08.2004

6 часа по потпишувањето на повелбата за самостојност на Струга, пожар во просториите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Причинета е материјална штета. Во МВР знаат само дека пожарот е подметнат. Осомничени има, но не е и приведени. Општинските организации на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да дадат изјави.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го осудуваат подметнувањето на пожарот

А1 - 10.08.2004

И врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како и Деребан, сметаат дека со подметнувањето на пожарот некој се обидува да внесе раздор меѓу обединетите Стружани. Владеачката СДСМ инсистира полицијата што е можно побргу да ги најде сторителите. „Згрозени сме од таквите чинови на насилство, најостро го осудуваме, ...

Тито денеска во Струга

Вест - 10.08.2004

Пратеникот на СДСМ Тито Петковски денеска ќе оди во Струга за да ги замоли градоначалникот и кризниот штаб да се одржат Струшките вечери на поезијата. "Јас како човек не можам да дозволам да не се одржат Струшките вечери на поезијата, бидејќи тие се влезна карта за Евопа, изјави Петковски и доддае ...

Несериозни политичари си играат државници

Време - 10.08.2004

ВЛАСТА КОНТРА ИДЕЈАТА ЗА САМОСТОЈНА СТРУГА Несериозна и неуставна е идејата за Струга со статус како Сан Марино, оценија вчера владејачките СДСМ и ДУИ, неколку часа пред стружани да ја објават повелбата за самостојност на нивната општината, доколку не се дозволи таа да остане во сегашните граници.

Фестивалите - заложници на актуелните проблеми во државата

Утрински - 10.08.2004

Културата во служба на политиката Благоја Стефановски: Струшките вечери на поезијата, па и фестивалот "Браќа Манаки", имаат глобално културно значење кое е посилно од регионалното и кое ниту јас како министер за култура не можам да го спречам Сунчица Уневска "Одржувањето на културните манифестации ...

За власта идејата на стружани е несериозна и противуставна

Дневник - 10.08.2004

РЕАКЦИИ Идејата за независност на Струга е несериозна и потекнува од политичари чија желба е да бидат претседатели или министри, велат во СДСМ за платформата оваа општина да стане град-држава. Завчера поголемиот дел од политичките партии ја потпиша Повелбата за конституирање на општината Струга со ...

Масовен митинг пред „местото на злосторството“

Време - 10.08.2004

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТРУШКАТА ПОВЕЛБА Повеќе од 45 политички партии, невладини организации и спортски екипи ја потпишале струшката повелба, во која се вели дека стружани ќе ги бојкотираат локалните избори, нема да пријават кандидати за градоначалници и советници и нема да се организираат културни и ...

Независна Струга е можна само низ филтерот на Парламентот

Време - 10.08.2004

СТРУГА ЌЕ ПРОГЛАСУВА ГРАД-ДРЖАВА Иван Блажевски Намерата на стружани да формираат самостојна држава во рамките на Македонија не може да се оствари само со одлука на граѓаните, а без промена на Уставот и без зелено светло од законодавниот дом, односно од Собранието.

Струга самостојна!

Дневник - 10.08.2004

потпишана повелба за ОПСТАНОК НА ОПШТИНАТА Струга прогласи самостојност. Објавувајќи го тој чин, градоначалникот Ромео Деребан се повика на јасно изразената референдумска волја на граѓаните за тоа во каква општина сакаат да живеат и на повелбата што ја потпишаа сите политички партии на Македонците ...

Пратеникот Петковски лобист во Струга

Време - 10.08.2004

СО ЦЕЛ ДА СЕ ОДРЖАТ ВЕЧЕРИТЕ НА ПОЕЗИЈАТА Пратеникот од СДСМ Тито Петковски синоќа требаше да ја посети Струга, со цел да лобира меѓу стружани да овозможат одржување на „Струшките вечери на поезијата“. - СВП се наша традиција, која не легитимира и афирмира пред светот како цивилизиран народ со ...

Македонска автономна област во Западна Македонија?

Вест - 10.08.2004

И СДСМ ЈА ПОТПИША ПОВЕЛБАТА ЗА НЕЗАВИСНА СТРУГА ”Повеќе од една деценија Македонија пропаѓа на национален, економски и културен план, па затоа ја најавуваме и можноста за отцепување од една ваква држава која оди во амбис”, рече вчера струшкиот градоначал "Повелбата на граѓаните на Општина Струга со ...

Целосна блокада на односите меѓу Струга и државата

Утрински - 10.08.2004

Промовирана повелбата за самостојност на Струга СТРУГА - Повелбата за осамостојување на Струга како посебен дел на Република Македонија веќе два дена е топ-тема меѓу стружани. Најавите за бојкот на спортските клубови, неодржувањето на културните манифестации и неучеството на претстојните локални ...

Кондарко: „Потписите на струшкиот СДСМ се ставени под закани“

А1 - 09.08.2004

Потписите на струшкиот огранок на СДСМ на Повелбата за прогласување на самостоен статус на Струга се ставени под закани за личната безбедност и домовите на раководството на СДСМ и нивниот пратеник, тврди портпаролот на Социјалдемократите.

Објавена Повелбата за самостоен статус на Струга

А1 - 09.08.2004

Потпишано од 50-тина потписници меѓу кои и сите политички партии од македонскиот блок на локално ниво, вклучувајќи го и СДСМ, граѓански сојузи, НВО организации, месни заедници, форуми и спортски клубови денеска е обелоденета Повелбата на граѓаните на општина Струга со која се бара таа да остане во ...

Интелектуалците Албанци од Струга против Повелбата

А1 - 09.08.2004

Форумот на интелектуалците-Албанци од Струга вчера го одржа состанокот посветен на проблемите околу одржувањето на Струшките вечери на поезијата и повелбата за независност на Струга, што ја потпишаа политичките и граѓанските претставници од македонскиот блок.

Партиите потпишаа повелба за независност на Струга

Дневник - 09.08.2004

сите освен сдсм Најголемиот дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпиша Повелбата за конституирање на општината Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора ако не биде почитувана волјата на граѓаните за неменување на постојните ...

Струга како Македонија и... обратно

Време - 09.08.2004

ПОЕНТА Диана Младеновска <> Граѓаните на Струга подготвуваат повелба за прогласување независност на нивната општина по теркот на Сан Марино, Лихтенштајн или на Андора, но и според примерот на нивните соседи вевчанци, кои пред неполни две децении на сличен начин му се спротивставија на тогаш многу ...

Блокирана сметката на Струга

Вест - 09.08.2004

УШТЕ ЕДЕН ПРИТИСОК ВРЗ ОПШТИНАТА Буџетските сметки на Струга се блокирани за долгови стари шест години, кога градоначалникот бил од СДСМ Од петокот се блокирани двете општински сметки на Струга. Додека во Собранието на Република Македонија течеше расправата за амандманите за останување на Струга во ...

Објавена Повелбата за самостоен статус на Струга

Канал5 - 09.08.2004

Повелбата на граѓаните на општина Струга, што ја потпишаа сите политички партии од македонскиот блок на локално ниво, како и 50-тина Здруженија на граѓани, невладини организации и спортски клубови, денеска беше објавена во Струга.

Партиите потпишуваат повелба за независност на Струга

Утрински - 09.08.2004

Нова форма на негодување на стружани Струга - Најголемиот дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпишаа Повелбата за конституирање на Општина Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора доколку не биде почитувана волјата на ...

Се објавува повелбата за самостојна Струга

Време - 09.08.2004

ДЕНЕСКА НА МАСОВЕН МИТИНГ Најголем дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпишаа повелбата за конституирање на општината Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора, ако не биде почитувана волјата на граѓаните општината да остане ...