TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Огромни падови на берзанскиот индекс

А1 - 22.11.2008

Мал промет проследен со огромни падови на берзанскиот индекс - вака изминаа четирите трговски дена. Четвртокот беше црн за македонската берза. Индексот падна за 7,8 проценти што е трет по ред најголем пад годинава. Во обид да се смири континуираниот пад на цените на акциите берзата воведе нови правила на тргување.

Берзата тоне забавено

Време - 22.11.2008

Индексот на десетте најликвидни компании вчера падна за 1,93 процент. Вредноста на акциите на „Алкалоид“ се намали за 4,98 проценти, на „Макстил“ за 4,52, на „Бетон“ за 4,83, а на Стопанска банка - Битола за 3,51 проценти. Благ пораст на вредноста на акциите од 0,23 проценти имаше Комерцијална банка.

Воведени нови лимити на Берзата

А1 - 21.11.2008

Нови правила при тргувањето на Македонска берза со кои дневните лимити на движењето на акциите се ограничува на пет отсто стартуваат денеска. Одлуката е донесена вчера од страна на Одборот на директори на Берзата, во консултација со Комисијата за хартии од вредност, како последица на големиот пад на акциите, што кулминираше во четвртокот.

Нов потрес на Вол Стрит

А1 - 21.11.2008

Акциите на њујоршката берза Вол Стрит на вчерашното тргување продолжија да тонат, при што индексот Стандард и Пурс падна на најниско ниво за последните 11 години. Најновиот пад на акциите на Вол Стрит уследи откако последните економски показатели потврдија дека рецесијата се продлабочува, а застапниците во конгресот го одложија усвојувањето на планот за спас на автоиндустријата.

Берзата потона - тргувањето повторно ограничено

Утрински - 21.11.2008

Од денеска сите акции ќе се тргуваат со дозволени промени од плус - минус 5 проценти во однос на базната цена. Соња Маџовска. Драматичното потонување на светските берзи веднаш се преслика и на Македонскиот пазар за хартии од вредност. Експресно реагираше и менаџментот на Берзата со мерки за ограничување на ценовните осцилации.

Стравувањата од рецесија ги погоди светските берзи

Утрински - 21.11.2008

Стравувањата од рецесија ги погоди светските берзи. Европските и азиските берзи значително опаднаа поради стравувањата дека светската економија ќе влезе во развлечена криза. Падот следуваше откако индексот на акциите „Дау Џонс“ во Њујорк падна на најниско ниво за пет години.

Нов потрес на Вол Стрит

Алсат-М - 21.11.2008

Акциите на њујоршката берза Вол Стрит на вчерашното тргување продолжија да тонат, при што индексот Стандард и Пурс падна на најниско ниво за последните 11 години. Најновиот пад на акциите на Вол Стрит уследи откако последните економски показатели потврдија дека рецесијата се продлабочува, а застапниците во конгресот го одложија усвојувањето на планот за спас на автоиндустријата.

Воведени нови лимити на Берзата

Алсат-М - 21.11.2008

Нови правила при тргувањето на Македонска берза со кои дневните лимити на движењето на акциите се ограничува на пет отсто стартуваат денеска. Одлуката е донесена вчера од страна на Одборот на директори на Берзата, во консултација со Комисијата за хартии од вредност, како последица на големиот пад на акциите, што кулминираше во четвртокот.

Четврто замрачување на македонската берза

Време - 21.11.2008

Индексот на десетте најликвидни компании вчера падна за 7,88 проценти во однос на претходниот ден остварувајќи нов историски минимум од 2.327 поени. На вчерашното тргување акциите на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ паднаа за речиси 16 проценти, на „Алкалоид“ и на Комерцијална банка за 10 проценти, на „Гранит“ за 9,94 проценти и на „Макстил“ за 9,59 проценти.

МБИ 10 за еден месец падна 35%

Вест - 21.11.2008

Македонската берза тоне. Вчерашното тргување заврши со голем пад и со нов годишен минимум на индексот МБИ 10 од 2.327 или минус од 7,88 проценти. Најголеми губитници вчера беа "Металец" од Прилеп, чии акции паднаа за 20 отсто, Битолската квасарница со минус од 19,99 отсто и "Арчелор Митал" со 18,88 отсто.

На волстрит најголеми падови во последните 11 години

Телма - 21.11.2008

Акциите на њујоршката берза Вол Стрит на вчерашното тргување продолжија да тонат, при што индексот Стандард и Пурс падна на најниско ниво за последните 11 години. Најновиот пад на акциите на Вол Стрит уследи откако последните економски показатели потврдија дека рецесијата се продлабочува, а застапниците во конгресот го одложија усвојувањето на планот за спас на автоиндустријата.

Американските индекси на акции повторно во опаѓање

Канал5 - 21.11.2008

Трите водечки американски индекси на акции на Волстрит синоќа забележаа пад, а индикаторот Стандард пурс моментално е на најниско ниво во изминатите 11 години. Стандард пурс се намали 6,71 отсто, додека најважниот индикатор на движењето на цената на акциите на американската берза, Дау Џонс, изгуби повеќе од 5,5 проценти од претходната вредност.

Воведени нови лимити на Берзата

Макфакс - 21.11.2008

Нови правила при тргувањето на Македонска берза со кои дневните лимити на движењето на акциите се ограничува на пет отсто стартуваат денеска. Одлуката е донесена вчера од страна на Одборот на директори на Берзата, во консултација со Комисијата за хартии од вредност, како последица на големиот пад на акциите, што кулминираше во четвртокот.

Релативно стабилизирање на Берзата

Макфакс - 21.11.2008

Новите правила на Македонската берза кои почнаа да се применуваат од петокот придонесоа за релативно стабилизирање на пазарот на хартии од вредност . Берзанскиот индекс повторно во црвената зона но не до оној степен како што беше случај во четвртокот. МБИ изгуби 2,04 проценти од својата вредност, додека пак останатите индекси забележаа одреден пораст.

Прометот намален, индексите шарени

Форум - 21.11.2008

Прометот на македонската берза во денеска беше драстично намален, но сепак релативно голем за овие времиња. Македонските берзански индекси имаа различни движења. Така со промет од 24,5 милиони денари МБИ-10 падна за -2,04%, МБИД порасна 2,80% како и ОМБ кој порасна 0,54%. Од вкупниот промет 7,3 милиони денари беа реализирани во тргување со обврзници.

Нов потрес на Вол Стрит

Макфакс - 21.11.2008

Акциите на њујоршката берза Вол Стрит на вчерашното тргување продолжија да тонат, при што индексот Стандард и Пурс падна на најниско ниво за последните 11 години. Најновиот пад на акциите на Вол Стрит уследи откако последните економски показатели потврдија дека рецесијата се продлабочува, а застапниците во конгресот го одложија усвојувањето на планот за спас на автоиндустријата.

Американските индекси на акции повторно во опаѓање

Кирилица - 21.11.2008

Аналитичарите укажуваат дека најновото остро намалување на цената на акциите во САД се случило по вистинската паника која ги зафати инвеститорите откако се објавени лошите економски показатели за движењата во американската економија. Драматичниот пад на вредноста на акциите на Волстрит следеше и поради одбивањето на американскиот Конгрес веднаш да ја одобри итната помош за домашната автомобилска ...

Катастрофален пад на берзата, повторно се воведуваат ограничувања

Н.Македонија - 21.11.2008

Огромниот пад на вредноста на речиси сите акции ја принуди „Македонската берза“ вчера повторно да интервенира во однос на ограничувањата на дозволените дневни промени на цените на хартиите од вредност. „Одборот на директори во консултација со Комисијата за хартии од вредност, на вчерашната седница одлучи моментално дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од ...

Стрмоглави падови на глобалните берзи

А1 - 20.11.2008

Европските индекси изутрината го започнаа тргувањето со минуси, откако негативниот тренд започнат вчера на американските берзи, продолжи на азиските пазари на хартии од вредност, јавија западните агенции. Причините за новиот бран катастрофални резултати на берзите ширум светот, според аналитичарите се рекордно високата дефлација во САД, како и најголемиот пад на јапонскиот извоз во последните ...

Берзата од утре ќе тргува со нови дневни лимити

А1 - 20.11.2008

Македонската берза воведе нови правила на тргување во обид да ја смири паниката и континуиранот огромен пад на вредноста на акциите. Од утре ќе се тргува со нови дневни лимити. Цените на акциите најмногу ќе можат да пораснат или да се намалат за само 5 проценти. Досега дел од акциите можеа да одат во плус или минус 10 проценти, а некои и 20 проценти.

Пад на индексите на водечките светски берзи

Алсат-М - 20.11.2008

Синоќешниот драстичен пад на индексите на Берзата во Њујорк, денеска се прелеа и на берзите во Европа и Азија. ДАКС индексот денеска на стартот на тргувањето на Франкфуртската берза падна за 1,82 проценти на 43274,98 индексни поени. Овој индекс вчера се намали за 4,92 отсто. Индексот на Лондонската берза, ФТСЕ 100 се намали за 2,25 проценти и падна под 4.000 индексни поени.

Стрмен пад на берзата, МБИ 10 во негатива за 7,88%

Канал5 - 20.11.2008

Стрмен пад на македонската берза. Индексот МБИ 10 во негатива за близу 8 проценти само половина час од отворањето на берзата. Тренд на опаѓање на вредноста на акциите е забележан кај речиси сите компании иако е регистриран промет од милион и пол евра, повисок споредено со минатите денови. Ова тонење се поврзува со случувањата на пазарите на капитал во светот и во регионот.

Њујоршкиот берзански индекс Дау Џонс падна на најниска вредност во последните пет години

Канал5 - 20.11.2008

Берзата во Њујорк ги заврши вчерашните трансакции со драстичен пад на индексите, како резултат на песимистичките прогнози на Управата на федералните резерви дека економската криза ќе продолжи во САД и во текот на целата 2009 година. Индустрискиот индекс на Берзата на Волстрит, Дау Џонс се намали за 5,07 проценти или 427,47 индексни поени на 7.997,28, што е нагова најниска вредност од март 2003 ...

Падови на европските берзи

Телма - 20.11.2008

Европските индекси изутрината го започнаа тргувањето со минуси, откако негативниот тренд започнат вчера на американските берзи, продолжи на азиските пазари на хартии од вредност, јавија западните агенции. Причините за новиот бран катастрофални резултати на берзите ширум светот, според аналитичарите се рекордно високата дефлација во САД, како и најголемиот пад на јапонскиот извоз во последните ...

Драстичен пад на Волстрит

Алсат-М - 20.11.2008

Берзата во Њујорк ги заврши вчерашните трансакции со драстичен пад на индексите. Ова е резултат на песимистичките прогнози на Управата на федералните резерви дека економската криза ќе продолжи во САД и во текот на целата 2009 година. Индустрискиот индекс на Берзата на Волстрит, Дау Џонс се намали за 5,07 проценти или 427,47 индексни поени на 7.997,28, што е нагова најниска вредност од март 2003 ...

Македонија не е изолирана

Форум - 20.11.2008

Македонската економија не е изолирана. Напротив, интегрирана е и вклучена во светските пазари и движења, што е особено видливо на берзата преку денешните случувања. Однесувањето на инвеститорите на нашата берза на денешното тргување во чекор го следеше однесувањето на регионалните и светските берзи.

Црн четврток на Берзата

Макфакс - 20.11.2008

Во четвртокот беше црн ден на Македонската берза, повторно бевме сведоци на огромен пад на цените на хартиите од вредност . Иако необјасниво, сепак берзанскиот индекс достигна 7,88 проценти во негативата, а нејзините креатори паднаа и до 15,00 проценти во црвената зона.

Црн четврток и на Македонска берза

Макфакс - 20.11.2008

Огромен пад на цените на хартиите од вредност се случи денеска на Македонската берза, при што индексот МБИ 10 падна достигна неверојатни 7,88 проценти во негатива. Притоа карактеристично е тоа што за неполн половна час од отворањето на берзата, МБИ 10 загуби над седум отсто од својата вредност, а нејзините креатори паднаа и до 15,00 проценти во црвената зона. .

Пад на светските берзи

Форум - 20.11.2008

Берзите во Азија го продолжија негативниот тренд во тргувањето, како последица на синоќешниот пад на индексот во Њујорк за 5%. Јапонскиот индекс Никеи падна за 7%. Минус од 1,8% беше регистриран и на стартот на тргувањето на берзата во Франкфурт. Вчерашниот пад на Дау Џонс е најниско ниво на вредноста на индексот од март 2003 година.

Спуст на берзата

Форум - 20.11.2008

Однесувањето на инвеститорите на нашата берза на денешното тргување можеме да го споредиме со однесувањето на скијачите во дисциплината спуст. Сите брзаа да стигнат до целта (да продадат) и за нив не постоеја препреки. Малкуте наши блу чипови доживеаа пад од 10% уште во првите минути од тргувањето, што предизвика пад на МБИ10 индексот за околу 6% уште на почетокот на денот.

Црн четврток на берзите

Алфа - 20.11.2008

Потоп на берзите. Тргувањето веќе оквалфикувано како ЦРН цетврток. Тонеше вредноста на акциите низ сите берзи, од македонскаста, преку соседните Загреб, Белгард па до Америка и Азија. Рекордниот пад на речиси сите акции на македонската берза го урнаа индексот за 7,88 проценти во црвено.

Волт Стрит: После најавите на кризата во автомобилската индустрија голем пад на акциите

Нетпрес - 20.11.2008

Цените на акциите на Волт Стрит паднале во средата за 5 отсто, и се наоѓаат на најниско ниво во последниве пет и пол години. Падот на акциите доаѓа по низата лоши вести кои укажуваат на влошување на ситуацијата во стопанството и поради несигурноста во врска со финансиската помош во автомобилската индустрија.

Денеска - најниски светските берзански индекси

Форум - 20.11.2008

Берзанските индекси на Лондонската и Њујоршката берза денеска забележаа драстичен пад за неколку проценти. Индексот на Лондонската берза, ФТСЕ 100 се намали за 2,25 проценти и падна под 4000 индексни поени. По првите денешни трансакции во Лондон, ФТСЕ-индексот изнесуваше 3 915,73 поени, додека пак индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс синоќа се намали за 5,07 проценти изнесуваше 7 ...

Дау Џонс падна на најниска вредност во последните пет години

Алфа - 20.11.2008

Берзата во Њујорк ги заврши вчерашните трансакции со драстичен пад на индексите, како резултат на песимистичките прогнози на Управата на федералните резерви дека економската криза ќе продолжи во САД и во текот на целата 2009 година. Индустрискиот индекс на Берзата на Волстрит, Дау Џонс се намали за 5,07 проценти или 427,47 индексни поени на 7.997,28, што е нагова најниска вредност од март 2003 ...

Нов рекорден пад на македонска берза

Сител - 20.11.2008

Повторно историски пад на македонската берза. За само три минути тргување индексот на десетте најтргувани МБИ-10 достигна пад од 7,3 отсто, за да на крајот од тргувањето заврши со пад од 7,88 отсто. Експертите ова го препишуваат на синоќешниот пад на њујоршката берза, која се прелеа на берзите во Европа и Азија.

Стрмоглави падови на глобалните берзи

Макфакс - 20.11.2008

Европските индекси изутрината го започнаа тргувањето со минуси, откако негативниот тренд започнат вчера на американските берзи, продолжи на азиските пазари на хартии од вредност, јавија западните агенции. Причините за новиот бран катастрофални резултати на берзите ширум светот, според аналитичарите се рекордно високата дефлација во САД, како и најголемиот пад на јапонскиот извоз во последните ...

Берзата пак вртоглаво паѓа

Утрински - 19.11.2008

Аналитичарите го поврзуваат вчерашниот пад, пред се', со лошите вести што доаѓаат однадвор. Соња Маџовска. Повторно нагло паѓаат акциите на Македонската берза, при што вчера сите три индекси беа во црвено. Индексот МБИ 10 се стопи за 6,08 проценти и достигна ниво од 2.526,43 поени, индексот на јавно поседувани друштва забележа пад од 2,19 проценти, а индексот ОМБ забележа благ пад од 0,05 ...

Црн вторник за светските и регионалните берзи

Сител - 18.11.2008

За разлика од нив, берзите од Вардар до Триглав го допреа дното за годинава. Најголем е падот во земјава со над 6%. Сега главниот берзански индекс изнеусва 2.500 поени или исто како пред две години. Голем пад имаше и во Словенија и Хрватска со над 5% загуба. Хрватската берза сега е на нивото од пред 3 години. Најмала загуба денеска имаше кај главниот белградкси индекс Белекс од само еден процент.

Голем пад на индексите

Макфакс - 18.11.2008

Повторно продолжи трендот на нагло паѓање на акциите на Македонската берза АД Скопје и при тоа сите три индекси беа во црвено. Индексот МБИ10 достигна ниво од 2.526,43 поени или тоа претставуваше пад од цели 6,08 проценти, индексот на Јавно поседувани друштва забележа поголем пад од 2,19 проценти, а ОМБ индексот забележа благ пад за разлика од 0,05 проценти.

Акциите во Европа во минус

Време - 17.11.2008

Индексот на десетте најликвидни компании на македонската берза изминатава недела се намали за 10,5 проценти, како резултат на рецесијата во Европа. Акциите на „Гранит“ се тргуваа по цена од 642 денари, на ТТК-банка по 1.250 денари, на Комерцијална банка за 3.050 денари, на „Алкалоид“ по 4.250 денари, а акциите на Топлификација паднаа на 3.792.

Стабилизирање на главниот индекс

Форум - 17.11.2008

Однесувањето на инвеститорите на нашата берза на денешното тргување го следеше однесувањето на регионалните и европските берзи. Имено, до моментот на пишувањето на овој извештај сите европски берзи беа силно во црвена територија следејќи ги повеќето азиски индекси кои завршија со значителен пад.

Скопје: Берзата без промени – просечен промет, цените паѓаат

Макфакс - 17.11.2008

Почетокот на новата недела на Македонската берза не донесе некои позначајни измени. Вкупниот промет заврши на 14.887.374,70 денари, од нив на Официјалниот Пазар се оствари промет од 9.625.238,71 денари, а на Редовниот Пазар прометот беше 5.262.136,00 денари. Цените на хартиите од вредност и понатаму продолжуваат да паѓаат и покрај тоа што на почетокот од тргувањето МБИ 10 забележа одреден раст.